Струмичко Радово: село во Општина Босилово

За други истоимени места, погледајте Радово.

Радово
Радово во рамките на Македонија
Струмичко Радово: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Радово
Местоположба на Радово во Македонија
Радово на карта
Координати 41°27′59″N 22°45′56″E / 41.46639° СГШ; 22.76556° ИГД / 41.46639; 22.76556
Општина Босилово
Население 804 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 27053
Надм. вис. 208 м
Радово на општинската карта
Струмичко Радово: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Радово во рамките на општината
Струмичко Радово: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Радово на Ризницата

Радово — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Географија и местоположба

Струмичко Радово: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Католичка црква „Св. Илија“
Струмичко Радово: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Дом на културата
Струмичко Радово: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Подрачно училиште „Св. Кирил и Методиј“
Струмичко Радово: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Некогашната џамија во селото, денес во рушевини

Радово се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во централниот дел на Општина Босилово, лево од патот кој води од Струмица кон Ново Село, во средишниот дел на Струмичка Котлина. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 14 километри, додека селото граничи со Старо Балдовци, Иловица, Турново и Босилово.

Надморската височина во селото е 208 метри додека селото зафаќа површина од 4,2 км2. Од нив, 339 хектари се обработливо земјиште

Историја

Ран период

Местото каде денеска се наоѓа Радово постоело и пред освојувањето на овие простори од страна на Османлиите. Населбата егзистирала уште во средниот век, чие име е изведено од личното име Рада или Раде (Радослав) и од наставката „ово“.

Отоманско Царство

Во времето кога Османлиите го освоиле регионот, започнала колонизација на селото од страна на муслимански семејства. Тие основале ново маало во селото. Тогаш населбата била поделена на две маала: Големо кое на турски било познато како Бузург Радова (Големо Радово) во кое живееле муслимани и Мало кое на турски било познато како Ќучук Радова (Мало Радово) во кое живееле христијани.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Радово било село со 35 семејства, од кои 93 Македонци и 40 муслимани. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 440 жители Турци.

Царство Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. Еноријатата „Св. Илија“ е продолжение на еноријата Св. Илија во село Алексово, денешна Грција, од каде се доселиле најголемиот број на унијатски верници во Радово, иако имало и од други села од кукушката околина како Мотилово, Рошлово, Морарци, Грамадна итн. Радовската енорија била основана веднаш со пристигнувањето на бегалците од Егејска Македонија. Заедно со нив во селото како бегалци пристигнале и свештениците Ѓорѓи Стојанов и Стојан Пецев. Стојанов со поголемиот дел од верниците заминал во селото Секирник каде ја основал црквата „Св. Никола“, додека во Радово должноста парох ја извршувал до 1916 година Стојан Пецев, кога истата била преземена од свештеникот Неделко Стојчев. Стојчев на таа позиција се задржал до 1918 година кога целиот Струмички крај паднал под српска власт, а самиот свештеник бил протеран.

Југославија

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, Радово било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.

Стопанство

Радово се наоѓа во средишниот дел на Струмичка Котлина. Бидејќи климата е подогна, населението главно се занимава со земјоделство. Во селото се наоѓа седиштето на млекарата „Здравје“, која со работа започнала во почетокот на 2002 година. Денес производството на млекарата е проширено и со нов производствен капацитет во Куманово.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948516—    
1953606+17.4%
1961593−2.1%
1971679+14.5%
1981762+12.2%
ГодинаНас.±%
1991882+15.7%
1994884+0.2%
2002851−3.7%
2021804−5.5%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци и 100 Турци.

Во 1961 година селото Радово имало 593 жители, од кои 567 Македонци и 25 Турци. Во 1994 година во селото живееле 884 луѓе, од кои 865 биле Македонци и 19 Турци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 851 жител, од кои 834 Македонци, 16 Турци, 2 Срби и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 804 жители, од кои 761 Македонец, 1 Албанец, 19 Турци и 23 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 440 516 606 593 679 762 882 884 851 804

Религија

Радово е едно од двете единствени села во Македонија со мнозинство население, кое верски припаѓа на католичката црква. На табелата е прикажана верската определба во селото од 2002 година:

Вера Жители Проценти ( %)
Католици 823 96,70 %
Муслимани 16 1,88 %
Правславни 9 1,05 %
останати 3 0,35 %

Општествени установи

Самоуправа и политика

Во селото постои избирачкото место бр. 1822 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 714 гласачи.

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 700 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Личности

Струмичко Радово: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Киро Стојанов
  • Киро Стојанов (р. 9 април 1959 ) - римокатолички бискуп на Скопската бискупија и Апостолски Администратор и Егзарх за Католиците од византиски обред во Македонија.
  • Иван Ангелов - прв министер за земјоделство во независна Македонија и член на владата на Никола Кљусев
  • Ристо Стојанов (р. 11 декември 1961) - пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ
  • м-р Стојан Манолев (р. 21 септември 1960)- поранешен претседател на Друштвото на физичари на Република Македонија, мандат 2009-2011г, http://dfrm.pmf.ukim.edu.mk/htm/kontakt.htm Архивирано на 6 март 2016 г., соавтор на учебник по физика за 2-ра година од струката лични услуги, техничар за очна оптика, http://www.e-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/85_Optika_II_MAK_PRINT.pdf[мртва врска]. магистрира на Природно-математичкиот факултет во областа на Методика на наствата по физика. http://www.pmf.ukim.edu.mk/files/magistri2016.pdf Архивирано на 20 ноември 2020 г.,

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Струмичко Радово Географија и местоположбаСтрумичко Радово ИсторијаСтрумичко Радово СтопанствоСтрумичко Радово НаселениеСтрумичко Радово Општествени установиСтрумичко Радово Самоуправа и политикаСтрумичко Радово Културни и природни знаменитостиСтрумичко Радово ЛичностиСтрумичко Радово НаводиСтрумичко Радово Надворешни врскиСтрумичко РадовоРадово

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

НепроштеноФатмир БесимиАлтернатива (политичка партија)Општина КичевоСојузници во Првата светска војнаВМРО-ДПМНЕМачкаСвети Кирил и МетодијЕвропаБелградГрузијаСлавко ЈаневскиДржавна изборна комисијаОпштина ТетовоГемиџииХИВСлезинаДиво месо (драма)Бубрежен каменДемократска алтернативаЉупчо ДимовскиЖелезнецГолеми и мали (роман)Бескрајна приказнаКронова болестКрушевоМакедонски претседателски избори (2024)ХамлетДаут ХарадинајИнфективна мононуклеозаМетотрексатВардарТетовоКочо РацинМесечинаРесенРак на панкреасотКафеава мечкаТетанусБојан ЈовановскиСтојанче АнгеловСписок на држави по населениеТромбоцитопенијаЈустинијан IМакедонски парламентарни избори, 2006ПневмонијаНикола ТодоровСписок на политички партии во МакедонијаАнална фисураПолскаМакедонски претседателски избори (2019)Зоран ЗаевМиле ЈаневскиРамазанБогородицаМладост (езеро)ЗемјотресЕндометриозаОпштина ДојранВладимир ПутинБигорски манастирГрб на МакедонијаКозјак (езеро)Петар Поп АрсовМакедонски народни инструментиМакедонски парламентарни избори, 1998Пресметување на датумот на ВелигденОпштина КарпошКанцониеротЦрнила (драма)Вагинален исцедокВооружена престрелка во Куманово (2015)ПросветителствоОпштина Кисела ВодаИлинденско востаниеТестостеронДуховден🡆 More