Босилово: село во Општина

Босилово — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Селото е седиште на општината.

Босилово
Босилово: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Зградата на седиштето на Општина Босилово

Босилово во рамките на Македонија
Босилово: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Босилово
Местоположба на Босилово во Македонија
Босилово на карта
Координати 41°26′26″N 22°43′40″E / 41.44056° СГШ; 22.72778° ИГД / 41.44056; 22.72778
Општина Босилово
Население 1.273 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 2431
Шифра на КО 27009, 27509
Надм. вис. 214 м
Мреж. место Босилово
Босилово на општинската карта
Босилово: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Босилово во рамките на општината
Босилово: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Босилово на Ризницата

Географија и местоположба

Босилово: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Споменик во селото
Босилово: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Дом на културата
Босилово: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Улица во Босилово
Босилово: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Пошта
Босилово: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Училиште „Гоце Делчев“
Босилово: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Црквата „Св. Атанасиј“

Босилово се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во средишниот дел на Струмичка Котлина. Низ селото поминува патот Струмица-Ново Село. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 15 километри. Од десната страна на селото поминува реката Струмица додека над селото поминува реката Турија, која се влева во река Струмица кај селото Турново.

Надморската височина во селото е 214 метри.

Историја

Ран период

Денеска не е познато кога точно била основана населбата, но се претпоставува дека тоа се случило пред почетокот на турското владеење на овие простори. За настанокот на селото постојат повеќе легенди.

Според едно предание, селото порано имало друга местоположба. Се наоѓало на околу половина километар северно од денешната локација и се викало Нејчино, а негово соседно село било Драгомирово, во кое тогаш живееле дваесетина ромски семејства, но ова село било изгорено во почетокот на XX век, односно 1913 година.

Отоманско Царство

За време на османлиското владеење на овие простори, територијата каде денеска се наоѓа Босилово било чифлик на неколку турски бегови. Инаку, во атарот на селата Босилово и Драгомирово во тоа време чифлици имале: Мехмед–бег, Зејни–бег, Риза–бег, Ариф–бег и други. Некои од беговите им дозволувале на чифлигарите на местото каде што е денешно село да изградат примитивни куќи. Така еден чифлигар од Нејчино, според народното предание, по името Босилјан (Босилко, Босил), прв изградил куќа на ова место. Подоцна, кога селото Нејчино било запалено и разрушено, беговите им помогнале да изградат куќи и на другите најчани околу новоградбата на Босилко.

Така, на тоа место била основана нова маала селска населба, која според името на првонаселениот Босилко била наречена Босилово. Со текот на времето Босилово започнало да расте па во него и беговите изградиле свои домови.

Во 1842 година македонското население ја изградило црквата „Свети Атанасиј“. Во црквата отпрвин се служело на грчки јазик, но откако учителот А. Костенцев со група ученици, на Спасовден во 1869 година учествувал во службата на словенски јазик, мнозинството од селаните веќе не сакале да чујат за грчки јазик во црквата. По овој случај овде доаѓале селани и од околните села за да слушнат зборови што ги разбирале.

Во селото имало и џамија чии остатоци биле забележливи до 1895 година.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 465 жители од кои 430 Македонци и 35 Турци. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 320 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија. Освен тоа, во селото работело и едно егзархиско училиште.

На 25 март 1907 година селото Босилово и соседните села биле зафатени од голема поплава од реките Стара Река и Турија. Во еден запис стои дека целото село било поплавено и дека поплавите нанеле големи штети на месното население.

По започнувањето на Балканските војни, од селото едно лице бил доброволец во Македонско-одринските доброволни чети. Според Карнегиевата балканска комисија, во текот на војната, муслиманското население во струмичкиот крај најпрвин било соберено во џамијата во градот по наредба на четите на ВМРО, а подоцна 18 од најбогатите од нив биле врзани и однесени во Босилово, каде што биле убиени. По крајот на војната, кога се дознало за одлуката дека селото и Струмичкиот крај ќе и припаднат на Бугарија, грчките војски пред да се повлечат од овие простори извршиле голем број на ѕверства. Жителите на Босилово им се пожалиле на бугарската редовна војска за мачењата кои ги направиле грчките војници врз месното население.

Југославија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион.

Пред започнувањето на Втората светска војна, во околните села во Струмичкиот регион сè уште намало ниту една здравствена установа. Така, една од првите кои биле отворени во регионот била во селото Босилово. Во периодот меѓу двете светски војни, селото било под постојани напади и рации од страна на српската полиција, која барала лица поврзани со ВМРО. Честопати жртва на овој терор било мирното месно население на селото.

По започнувањето на Втората светска војна, во 1942-1943 година месното население започнало да се организира против фашистичкиот окупатор. По воспоставените врски меѓу останатите населени места, во народното движење од селото се приклучил попот Ристо Гавровски, преку Боро Џони. По преминувањето на Бугарија на страната на антифашистичките сили, во селото се наоѓал 48-и бугарски полк и во селото бил одржан состанок помеѓу Струмичкиот партизански одред и бурагската страна за заеднички дејства против германските сили. Во текот на војната, од селото своите животи ги загубиле: Гинин Ванчо, Ѓоргиев Ванчо, Дедејски Асен, Дедејски Наке, Карамазов Стојан и Паралидов Борис, додека во списокот на жртви на фашистичкиот терор се вклучени: Гавров Атанас, Гавров Борис, Кацаров Илија и Костадинова Слава.

По крајот на Втората светска војна, Босилово било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово, како административен центар на истоимената општина.

Стопанство

Селото зафаќа површина од 8,1 км2. Од нив, 708,6 хектари се обработливо земјиште, 39,5 хектари се пасишта и 1,4 се шуми

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.069—    
19531.167+9.2%
19611.433+22.8%
19711.575+9.9%
19811.737+10.3%
ГодинаНас.±%
19911.755+1.0%
19941.701−3.1%
20021.698−0.2%
20211.273−25.0%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 800 Македонци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.698 жители, од кои 1.697 Македонци и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.273 жители, од кои 1.217 Македонци, 4 Срби и 52 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 465 320 1.069 1.167 1.433 1.575 1.737 1.755 1.701 1.698 1.273

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 1811 и 1812 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште и Дом на културата.

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.394 гласачи.

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.400 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Личности

  • Иван Василевски (1947-2015) - македонски поет и романописец.
  • Ефтим Ванев Вучков - македонски револуционер.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Босилово Географија и местоположбаБосилово ИсторијаБосилово СтопанствоБосилово НаселениеБосилово Општествени установиБосилово Самоуправа и политикаБосилово Културни и природни знаменитостиБосилово ЛичностиБосилово НаводиБосилово Надворешни врскиБосиловоОпштина БосиловоСтрумица

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Раички манастирБајкаЊутнови закониДренок (Струшко)Македонија во Првата светска војнаДувачки инструментМали сипанициСлавко ЈаневскиОдбојкаОпштина Шуто ОризариЕлектричен автомобилМакедонски народни носииМерилендСписок на политички партии во МакедонијаНикола ТеслаДаунов синдромРак на грло на маткаЗборник на МиладиновциТумор на мозокСписок на електрани во МакедонијаОпштина Кисела ВодаДонтов методВардарНачалник на Генералштабот на АРМСончев СистемПтициМакедонска радио-телевизијаОптичка мамкаТранспирацијаГоце ДелчевГорјан ПетревскиИзвори на енергијаКинетичка енергијаЧовечко телоВикипедија на македонски јазикКралство ЈугославијаИзбори во МакедонијаЕлектрична енергијаПолитички системВоздушен коридорЛеонтијРеал БетисКарлес ПуџдемонМакедонски претседателски избори (2024)Киро ГлигоровБубрежен каменОбединети нацииХеродотСостојба на материјатаГлавна страницаВојскаЏастин БиберДолна БелицаМозокЖивотна срединаФотосинтезаПрирокОпштина Гази БабаТутунТашко ГеоргиевскиСписок на држави по населениеОпштина ШтипЛист (ботаника)ТрстПарите се отепувачкаТитаниДемографија на МакедонијаПланетаЈугославијаЃорѓи СугаревИзраелОвчи сипанициКатерина ТаневаБременостАнтибиотикОмов законАмазонЛимфоцитПченка🡆 More