Иловица: село во Општина Босилово

Иловица — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

    Ова е статија за селото. За истоименото езеро видете тука, додека за браната видете тука
Иловица
Иловица: Географија и местоположба, Историја, Население

Поглед кон селото

Иловица во рамките на Македонија
Иловица: Географија и местоположба, Историја, Население
Иловица
Местоположба на Иловица во Македонија
Иловица на карта
Координати 41°28′14″N 22°47′54″E / 41.47056° СГШ; 22.79833° ИГД / 41.47056; 22.79833
Општина Босилово
Население 1.551 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 27033, 27533
Надм. вис. 286 м
Иловица на општинската карта
Иловица: Географија и местоположба, Историја, Население

Атарот на Иловица во рамките на општината
Иловица: Географија и местоположба, Историја, Население Иловица на Ризницата

Географија и местоположба

Иловица: Географија и местоположба, Историја, Население 
Училиште „Кирил и Методиј“
Иловица: Географија и местоположба, Историја, Население 
Црква „Св. Димитриј“
Иловица: Географија и местоположба, Историја, Население 
Спортска сала
Иловица: Географија и местоположба, Историја, Население 
Џамија

Иловица се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во источниот дел на Струмичка Котлина, во подножјето на планината Огражден, околу 4 километри лево од патот Струмица-Ново Село. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 17 километри.

Надморската височина во селото е 286 метри додека селото зафаќа површина од 22,22 км2. Од нив, 1.289 хектари се шуми, 685 хектари се обработливо земјиште и 113 хектари се пасишта.

Низ селото поминува реката Јазга, која доаѓа од планината Огражден и го дели селото на два дела.

Историја

Ран период

Станува збор за постара селска населба, која се претпоставува дека постоела и пред доаѓањето на Османлиите на Балканскиот Полуостров. Подоцна многу од турското население се иселило од Иловица и заминало за Турција. На нивно место дошле нови жители во селото, претежно Македонци односно бежанци. За ова сведочат црквата и гробиштата во селото. Според едно предание, на местото на старата христијанска црква еден Турчин сакал да гради куќа. Но, кога дознал дека на тоа место некогаш имало христијанска црква, тој веднаш ја откажал градбата. Подоцна, на истото место во почетокот на XX век била изградена денешната христијанска црква.

За името на населбата постои една легенда. Се раскажува дека во падините на Огражден, живеел некој човек по име Иљо. Тој не можел да ги поднесува насилствата и злоделата на Османлиите, поради што станал ајдутин. Но при еден напад на непријателот, тој бил убиен. Неговата сопруга Иловица, заедно со своите деца, подоцна се преселила во денешната населба. Со тек на времето, тука се населиле и други жители од околните ридско планински села, па така била основана населбата, која според првиот жител била наречена Иловица. Според друго предание, името на селото потекнува од самата локација на селото, од земјиштето на кое е основано, односно по земјата иловица (вид смолеста глина).

Отоманско Царство

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 110 семејства од кои 238 жители Македонци и 108 Турци Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 218 жители Македонци и 750 Турци.

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 224 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.

Југославија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.

Во текот на 2000-те на подрачјето на планината Огражден кај Иловица започнале истражување за пронаоѓање на метали од страна на канадската компанија Еуромакс. Во 2012 година било утврдено дека на овој простор лежат речиси 790.000 тони бакар и 130 тони злато и се претпоставува дека овој рудник би можел да биде најголемиот од таков вид во Македонија. Според најавите рудникот треба да започне со работа најдоцна до 2017 година, а ќе бидат вложени над 500 милиони долари и ќе бидат вработени околу 500 лица.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.267—    
19531.373+8.4%
19611.557+13.4%
19711.724+10.7%
19812.042+18.4%
ГодинаНас.±%
19911.946−4.7%
19941.912−1.7%
20021.907−0.3%
20211.551−18.7%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци и 150 Турци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.907 жители.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1.551 жител, од кои 1.041 Македонец, 2 Албанци, 297 Турци, 9 Роми, 5 останати и 197 лица без податоци.

Според бројот на жители, Иловица е голема населба со доста стабилна демографска положба. Имајќи ги предвид пописните резултати, може да се констатира дека во селото не се забележани миграциски движења во голема мера.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 968 224 1.267 1.373 1.557 1.724 2.042 1.946 1.912 1.907 1.551

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 1820 и 1821 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште и дом на културата.

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.559 гласачи.

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.591 гласач.

Културни и природни знаменитости

Во селото се наоѓаат следните знаменитости:

  • Варница. Претставува населба од доцноантичко време.
  • Гробишта. Претставува населба од доцноантичко време.
  • Крст. Претставува могила од римско време.
  • Крива Топола. Претставува населба и старохристијанска црква од римско време.
  • Куши Тумба. Претставува населба од доцноантичко време.
  • Црквите. Претставува населба од римско време.
  • Црква Свети Димитриј изградена во 1915 година.
  • Каменот од Иловица претставува камен на кој има отпечатоци од потковица за коњ кој според легендата станува збор за коњот на Александар МАкедонски.
  • Ладна чешма
  • Џамија

Личности

  • Ѓорѓи Димчев, Цветан Трендафилов и брат му, дејци на ВМРО
  • Атанас Мучев (1917 - 1962) - сликар

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Иловица Географија и местоположбаИловица ИсторијаИловица НаселениеИловица Самоуправа и политикаИловица Културни и природни знаменитостиИловица ЛичностиИловица НаводиИловица Надворешни врскиИловицаОпштина БосиловоСтрумица

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ЈугославијаОпштина ЗелениковоПопис на населението во Македонија (2021)АлбанијаМали сипанициМојот звукПневмонијаВекторРусијаСтале ПоповАнтичка МакедонијаСедум светски чуда на античкиот светКамено времеСписок на електрани во МакедонијаСписок на планини во МакедонијаБитолаОпштина ДолнениБогородицаИнтернетИнфективна мононуклеозаБилјана ВанковскаНатриум хидроксидКактусиТоме АрсовскиПрометејЧовечко телоКристофер КолумбоКирил ЛазаровКвадратНадреден знакЕнтерококиМакедонски народен театарСписок на македонски народни поговоркиЧорбаџи ТеодосУставен суд на МакедонијаНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаШведскаРамностран триаголникШеќерна приказнаГаличка свадбаДесет Божји заповедиРисто СтефановскиРимска кујнаПрво заседание на АСНОМФолклорПрекршување (физика)ЛимфоцитМоравска мисијаЗагребХераклеја ЛинкестисХромозомКокичеДебело цревоДелењеАквилејаПрисовјаниСврзникРегионален пат 1101Робинзон КрусоОпштина ПрилепБогородичната црква во ПаризСтруен ударАутизамАтинаОбединето КралствоЛидија ДимковскаЛарингитисЦирозаИзборна единица 6Петре М. АндреевскиЏек ЛондонЃорѓи АбаџиевДевојката со бисерна обетка (филм)Општина ПробиштипДонтов методТокиоКлеопатра🡆 More