Плаќе: село во Општина Охрид

Плаќе — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.

Плаќе
Плаќе: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед на селото

Плаќе во рамките на Македонија
Плаќе: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Плаќе
Местоположба на Плаќе во Македонија
Плаќе на карта
Координати 41°13′6″N 20°58′23″E / 41.21833° СГШ; 20.97306° ИГД / 41.21833; 20.97306
Регион Плаќе: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Југозападен
Општина Плаќе: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Охрид
Област Охридско
Население 0 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 6306
Повик. бр. 046
Шифра на КО 19037
Надм. вис. 1.417 м
Слава Илинден
Плаќе на општинската карта
Плаќе: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Плаќе во рамките на општината
Плаќе: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Плаќе на Ризницата

Географија и местоположба

Плаќе: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Сретселото во Плаќе, каде се наоѓа ознака дека е плоштад „Илинден“

Ова село се наоѓа во најсевероисточниот дел на територијата на Општина Охрид, на југозападната падина на Плаќенска Планина, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Демир Хисар. Селото е планинско, на надморска височина од 1.370 метри. Од градот Охрид селото е оддалечено 25 километри.

Плаќе влегува во особено планинските села. Се наоѓа во крајниот североисточен дел на Охридско на висорамнина над 1.000 метри. Таму се наоѓа изворишниот дел на Коселска Река. Од југозападна страна се наоѓаат соседните села Речица и Свиништа. Мештаните со вода за пиење се снабдувале од извори.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Широка Рудина, Стари Куќи, Горни и Долни Злидол, Врабца, Голи Врв и други.

Селото во основа има збиен тип. Одредени делови од селото се нарекуваат по родови.

Најблиско село е селото Речица, со кое село Плаќе граничи од запад, од југ граничи со селата Лева Река и Свиништа, од север со селото Брежани, и од исток со селата Вирово и Церово.

До селото се стигнува преку пат од соседното село Речица, кој не е целосно асфалтиран.

Историја

Плаќе: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Споменик за паднатите за Македонија во селото Плаќе

Плаќе е старо село, со длабоко минато. На местото Стари Куќи, кое лежи северно од Плаќе, се наведува дека живееле луѓе уште од старо време, се зборува дека постоеле куќи и црква и на местото Старци.

Сепак, според денешното население Плаќе не е многу старо село, него го основале доселеници од блиските околни села. После тоа, селото настрадало од чума и мештаните се иселиле во шумата во планината.

Во XIX век, Плаќе било село во Охридската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 19,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.116 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 669 хектари, а на пасиштата 282 хектари.

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.

До Втората светска војна, мештаните се занимавале со земјоделство и со сточарство. Главно се одгледувало жито (’рж и јачмен).

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948381—    
1953404+6.0%
1961391−3.2%
1971163−58.3%
198154−66.9%
ГодинаНас.±%
199138−29.6%
199434−10.5%
20024−88.2%
20210−100.0%

Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се дава податок за 1873 г. каде селото Плаќе е посочено двапати — еднаш со 30 домаќинства и 86 жители, а вторпат со 30 домаќинства и 92 жители.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Плаќе живееле 160 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Плаќе имало 120 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.

Од Плаќе се иселил голем дел од населението и селото преминало од средно во мало село, населено со македонско население. Во 1961 година селото имало 391 жител, а во 1994 година бројот се намалил само на 34 жители.

Според последниот попис од 2002 година, во селото Плаќе живееле 4 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 160 120 381 404 391 163 54 38 34 4 0

Родови

Плаќе е македонско православно село. Во селото има 3 рода и сите потекнуваат од доселеници.

Родови во Плаќе се: Сметеновци или Јовановци, Трајановци и Милошевци. Сите заедно имаат 18 куќи, како што е спомнато сите родови се доселенички, кои дошле од околните села.

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:

  • Староседелци: Камнаровци (8 к.); Чичковци или Цветковци (8 к.); Иловци со Николевци (13 к.) и Тумчевци со Трајковци и Ставревци (9 к.).
  • Доселеници: Миленковци со Ивановци (15 к.), доселени се на почетокот од XIX век од мијачкото село Лазарополе. Во Лазарополе биле браќата Ристе, Иван, Миленко и Ѓоре. Таму останал само Ѓоре, другите се иселиле во Плаќе. Од каде во 1936 година, потомците на Ристе се иселиле во селото Ливоишта (Ристевци).

Општествени установи

Плаќе: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Селската чешма
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било седиште на некогашната рурална Општина Косел.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било седиште на тогашната општина Косел.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Косел, во која селото покрај селото Плаќе, се наоѓале и селата Вапила, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Завој, Косел, Куратица, Ливоишта, Опеница, Орман, Расино, Речица, Свиништа и Сирула. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Речица, во која влегувале селата Плаќе, Речица и Свиништа.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1342 според Државната изборна комисија, сместено во приватен објект во селото Свиништа.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 97 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Плаќе: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поглед на главната селска црква „Св. Илија“
    Археолошки наоѓалишта
    Цркви
    Реки
    Споменици
  • Споменик на паднатите борци од селото

Редовни настани

    Слави
  • Илинден — црковна слава, кога се организира и прослава со културна програма

Личности

  • Глигор Ристов Дукоски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Иван Велјанов Иваноски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Мице Колев Иваноски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Ефтим Стојанов Миленков — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Стеван Ристески — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Мицко Павлов Ставрески — македонски револуционер од ВМОРО.

Иселеништво

Се знае за следните иселени родови од селото: во селото Биџево е иселен родот Плаќенковци (6 к.); во Долно Лакочереј е иселен родот Сметеновци (12 к.); во селото Ливоишта е иселен родот Ристевци (7 к.); а иселеници има и во градот Охрид.

До крајот на првата половина од XIX век во Плаќе живеел големиот род Поповци. Еднаш во селото дошле некои Турци по што избила расправа помеѓу жителите од Поповци и Турците, по што тие морале да се иселат од селото. Жителите од овој род се иселиле во Крушево, а други во Битола, Струга, Журче (некои велат Поповци) и во Прострање. Уште се кажува дека биле еден род со Чичковци и Цветковци.

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Плаќе Географија и местоположбаПлаќе ИсторијаПлаќе СтопанствоПлаќе НаселениеПлаќе Општествени установиПлаќе Самоуправа и политикаПлаќе Културни и природни знаменитостиПлаќе Редовни настаниПлаќе ЛичностиПлаќе ИселеништвоПлаќе ГалеријаПлаќе НаводиПлаќе ПоврзаноПлаќе Надворешни врскиПлаќеОпштина ОхридОхрид

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

РамазанПиреј (роман)Автоимуна болестОбновливи извори на енергијаЖивко МукаетовОпштина ЛипковоГраматички категории на именките во македонскиот јазикПневмонијаПролетСтранствувањето на Чајлд ХаролдЗбунети годиниОпштина ОхридСрбијаКиро ГлигоровСписок на главни градови во светотЦрвен крст на МакедонијаМакедонски јазикПисмоВелигденЈосиф СталинГалијаПМГ колективЏастин БиберДаме ГруевОпштина КончеСловенијаЗевсКарлес ПуџдемонПредмет (граматика)Општина Гази БабаСтарогрчка митологијаОхридско ЕзероЛист (ботаника)Демократска партија на Турците на МакедонијаРогачСојуз на Ромите од МакедонијаДемократијаОпштина ПробиштипФудбалПарите се отепувачкаМоравска мисијаОпштина КавадарциОпштина СарајПоштенски броеви во МакедонијаНаполеон БонапартМакедонска радио-телевизијаБрзина на светлинатаДржавни празници во МакедонијаПере ТошевРевизор (комедија)МозокКомпасСреброФизикаЦрвени крвни зрнцаЖичени инструментиБранко ЦрвенковскиХидроксидАнтон ПановНаум НаумовскиЧленконогиКонстантин МиладиновВојдан ЧернодринскиИзборна единица 7ТетанусВикипедија на македонски јазикОлимписки боговиЦрно семе (роман)Крсте Петков МисирковПавле ТрајановСончев СистемБорис ТрајковскиФК Манчестер СитиИлија НајдоскиИзборна единица 6Рак на белите дробовиАДХД🡆 More