Палче

Nannus troglodytes

Палче
Палче
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Палчиња
Род: Troglodytes
Вид: Палче
Научен назив
Troglodytes troglodytes
(Linnaeus, 1758)
Синоними

Палче или оревче (науч. Troglodytes troglodytes) — многу мала птица, и е единствен член од семејството на палчињата во Евроазија, а ја има и во Македонија. Таа е полигинична, што е многу невообичаено парење за врапчевидните птици.

Палчето е распространето низ Европа и зафаќа еден појас од Азија, од западен Иран и Авганистан до Јапонија. Птица преселница е само од северните делови на распространетоста.

Опис

Палче 
Палчето има многу варијанти на перјето што се разликуваат во одделни популации.

Долго е 9-10.5 см, одозгора е ’рѓакафеаво, одоздола сивкаво, избраздени со потемнокафеаво и сиво, дури и на опашката и крилјата. Клунот му е темнокафеав, а нозете бледо кафеави. Младенчињата не се толку впечатливо избраздени.

Перјето може да има многу варијанти, и има околу 27 подвида.

Поведение

Оваа мала птица, со цврста опашка, во Европа е речиси исто позната како црвеногушката. Ја има секаде, од највисоките места со мочуришта до морските брегови. Во северна Европа и Азија таа гнезди претежно во зимзелените шуми и се препознава по својата долга и темпераментна песна. Таа е глувчевидна птичка која лесно ќе ја изгубиме од вид кога е во потрага по храна. Се храни со инсекти, но може да остане во умерени, па и студени, снежни предели каде ќе ги бара инсектите копкајќи под корите и лисјата.

Неговите движења од место на место се повеќе непрестајни отколку брзи, кратките летови се брзи и директни, но не постојани, а со малите округли крилца шуми додека прелетува од грмушка на грмушка.

Палчето живее во повисоките планини дури и зиме, а често се среќава во градините и фармите, како и во густите шуми и трските.

Кога е вознемирена или возбудена, птицата пее решително. Песната му е изблик на слатка музика, гласна и решителна. Гласот му е пресилен за големината. Понекогаш може да го измешаме со обичното попче, чие цвркотење е пократко и послабо. Исто така, палчето има повторливи вибрации, а попчето не.

Поединците се разликуваат во квалитетот и обемот на песните. Песната започнува со неколку почетни ноти, а потоа возбудливо забрзува, малку во нагорен тон, а завршува во цела јасна нота или во друга вибрација. Песната може да се слушне секогаш, иако најмногу се забележува во текот на пролетта. Иако многу се крие, понекогаш мажјакот може да се види како пее излезен од седалото и како целото тело му се тресе од напор.

Навечер, обично зимно време, седи во седала со други птици за да се затоплуваат.

Размножување

Палче 
Возрасен со четири пилиња
Палче 
Troglodytes troglodytes
Палче 
Cuculus canorus canorus + Troglodytes troglodytes

Мажјакот гради неколку гнезда, над 6 или 7. Тие се нарекуваат „петлови гнезда“ и никогаш не се постилаат додека женката не одбере едно од нив.

Гнездото е топчесто, изградено од трева, мов, лишаи и лисја и пикнато во дупка од ѕид, дрво, пукнатина на карпа или агол од зграда, но исто така, го градат во грмушки, надвиснати гранки или кај насобрано ѓубре кое запрело на гранките по поплава.

Несат 5-8 бели и малку испрскани јајца во април, а потоа имаат и второ легло.

Палчињата се полигинични и имаат во исто време повеќе од една женка. Активно гнездо е она каде што има јајца или мали пилиња. Забележан е мажјак кој имал 4 женки на неговата територија.

Во културата

Аристотел и Плиниј се поврзуваат со легендата за натпреварот меѓу птиците, која треба да биде нивниот крал. Ќе победи таа што може да лета највисоко. Првично, изгледало дека орелот ќе победи лесно, но кога тој почнал да се заморува, една мала птица која била скриена под неговата опашка, се појавила и летнала уште повисоко, и така ја освоила титулата. Следејќи ја оваа легенда, во многу европски фолклорни култури палчето е опишано како „крал на птиците“ или како носител на пламенот. Но, исто така, титулата се применува на видовите Regulus (кралчиња - црвеноглавото и жолтоглавото кралче), со нивните огнени круни, што, можеби ги прави пооригинални носители на титулата. Веројатно палчето е земено предвид зашто во легендата пишува „најмалата од сите птици“ станала крал.

Истата легенда е обработена во басните од Езоп, а според Плутарх, кога орелот и палчето се натпреварувале кој ќе лета повисоко. Додека орелот летал, палчето се одмарало на неговиот грб, а кога тој се изморил, палчето летнало високо над него. Така, Плутарх сугерира дека паметот е подобар од силата.

Величината на палчето е опишана и од Браќата Грим во приказната Палчето и мечката.

Аристотел и Плутарх го нарекуваат кралчето (basileus) крал или (basiliskos) мал крал.

Во Јапонија палчето се вика крал на ветровите.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Палче ОписПалче ПоведениеПалче Во културатаПалче НаводиПалче Надворешни врскиПалче

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Новогодишна ноќКонтинентВелесОптички кабелГрчиштеБлаже КонескиЗборник на МиладиновциДеменцијаСписок на македонски народни и староградски песниИменки во македонскиот јазикАутизамПроизвод (математика)АразлиАвстријаЛимфомРимско ЦарствоВолгоградска областПеколот (Божествена комедија)РасејувањеПаркинсонова болестТоше ПроескиПротеомикаВикипедијаРоднински односи1275Список на острови во Средоземното МореЛеброн ЏејмсБегалкаСистем за варењеСталинградска битка21 ЛутецијаНадреден знакДоењеСписок на главни градови во ЕвропаПартија за движење на Турците во МакедонијаПочваСветСпоменка (книга)ДелењеВеројатностГраматички категории на именките во македонскиот јазикЖичени инструментиЕрекцијаОпсада на СараевоБедија БеговскаСолиВејселиНеорганско соединениеКрал МаркоРециклирањеОпштина КичевоКаракалпакстанРепублика БугаријаБалканска приказна (ТВ-серија)Олимписки боговиЈован I ЦимискијПрочкаАпозиција во македонскиот јазикЦрква „Св. Спас“ - СкопјеКлинесто писмоНР КинаМакедонски месециОливера ТрајковскаРамазанДемографија на МакедонијаМјанмарЛила СтојановскаАлександар IМомче во пижами со риги (филм)Македонски ораПретседател на МакедонијаАлександар Сергеевич ПушкинЏулиет ЛуисАбас ЦаноскиМакедонско востаниеЗвучна забна струјна согласкаМаратонКир Велики🡆 More