Мустафа-Пашина Џамија: џамија во Скопје, Македонија

Мустафа-пашината џамија — џамија во Скопје, којашто се наоѓа на потегот меѓу Куршумли ан, црквата „Св.

Спас“ - Скопје">црквата „Св. Спас“ и Калето. Џамијата била изградена во 1492 година, како завештание на везирот Мустафа-паша, во чијашто чест и го добила своето име. Историски, во склоп на градбата влегувале турбе, шадрван, имарет и медреса, од коишто денес се зачувани Турбето на Мустафа-паша, саркофагот на неговата ќерка Уми и шадрванот во дворот на џамијата, како и остатоци од надгробни нишани и имаретот и медресата.

Мустафа-пашина џамија
Мустафа-Пашина Џамија: Историја, Архитектура, Галерија на слики
Мустафа-пашина џамија
Основни податоци
МестоСкопје, Македонија
Координати42°0′7″N 21°26′7.5″E / 42.00194° СГШ; 21.435417° ИГД / 42.00194; 21.435417
Припадностсунитски ислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Завршен1492
Особености
Куполи1
Минариња1
Висина на минарето47 м

Историја

Џамијата била изградена во 1492 година, како завештание на Мустафа-паша, кој бил везир на султаните Бајазит II и Селим I и извршувал високи функции во Отоманското Царство. Тој поседувал голем имот во Румелија и четири села во околината на Скопје: Булачани, Батинци, Раштак и Црешево. Бил син на Абдулах (Абдулкерим), имал две жени, и двете по име Хуршид, и четири ќерки Хани, Уми, Шах Земан и Хума. Во Скопје, од сопствени средства, изградил џамија и месџид, а во џамијата имарет и станбени објекти во кои живееле духовните лица. Евлија Челебија, во своите патеписни белешки, забележал постоење на медреса на Мустафа-паша во Скопје.

Од мермерната плоча над влезната врата, на која е запишан текст со арапско писмо, се дознава дека објектот бил изграден на темелите на некоја средновековна црква. За разлика од останатите градби во и околу чаршијата, Мустафа-пашината џамија не претрпела големи оштетувања со земјотресот од 1963 г., но сепак по него се извршени некои реконструкциски зафати. Последното обновување заврши во 2011 година, а на свеченото отворање на џамијата присуствуваше делегација од Турција, предводена од вицепремиерот Бекир Боздаг.

Архитектура

Градбата на џамијата е карактеристичен претставник на раната цариградска архитектура. Нејзината основа е квадратна и е покриена со купола, чиј пречник изнесува 16,3 m. Куполата била изградена на тромпи коишто се украсени со арабески и од чијашто лева страна се наоѓаат мотиви насликани од времето на изградбата на џамијата, додека од десната страна понови и без некоја посебна уметничка вредност. Објектот е ѕидан со клепан камен и два реда тули. Влзот во џамијата е преку тремот, којшто е изработен од бел мермер, а пред него се наоѓаат четири мермерни столбови кои се поврзани со полукружни лакови. Целиот овој дел е покриен со три мали куполи. Минарето високо 47 m е издигнато на северниот дел од џамијата и е изградено од клепан бигор. Во внатрешноста на џамијата се наоѓа молитвениот простор, на чијшто југоисточниот дел е сместен михработ, од кој оџата го чита Куранот, а десно од михработ се наоѓа говорница (мимбер), од која се читаат молитвите. Во кружниот простор со арабеси, на исток и запад се запишани имињата на Мухамед и Алах, додека на југ и север оние на халифите: Евубекир, Омер, Осман и Али. Веднаш над влезната врата се наоѓа галерија (мехвил).

Во рамките на џамијата влегуваат и турбето, каде што во 1519 година бил погребан Мустафа-паша; саркофагот на неговата ќерка Уми; шадрван, пред самиот влез на џамијата; надгробни нишани и остатоци од некогашните имарет и медреса.

Галерија на слики

Наводи

Поврзано

Tags:

Мустафа-Пашина Џамија ИсторијаМустафа-Пашина Џамија АрхитектураМустафа-Пашина Џамија Галерија на сликиМустафа-Пашина Џамија НаводиМустафа-Пашина Џамија ПоврзаноМустафа-Пашина ЏамијаЏамијаИмаретКуршумли анМедресаСкопско калеСкопјеТурбеТурбе на Мустафа-пашаЦрква „Св. Спас“ - СкопјеШадрван

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Старословенска азбукаАли АхметиМакедонски претседателски избори, 1994Болести и аномалии на очитеОпштина КрушевоКетонуријаГрб на МакедонијаИлче СтојановскиЉуботен (полициска акција)Општина КривогаштаниНорвешкаПетар ГошевСкратеници во македонскиот јазикЛешокДржавна изборна комисијаНаумче МојсоскиАлександар МикиќГариСписок на градови во Македонија по населениеРашела МизрахиМасакр кај ВејцеНационален парк Шар ПланинаТалат ЏафериМакедонски парламентарни избори (1990)Тони КросИсламБраќа МиладиновциЛокални избори во Македонија (2017)Акутен трансверзален миелитисДарко КаевскиПасхаБојан ЈовановскиАнтибиотикМатка (кањон)Радмила ШекеринскаНазим БушиМавровско ЕзероТестостеронХипотироидизамРуса треваЈанко БачевМајски манифестПравопис и правоговор на македонскиот јазикМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаБедија БеговскаКалин КаменБиљал КасамиЦистична фиброзаЦветнициСлаткаристикаТајна вечераЉупчо ГеоргиевскиЛила СтојановскаАвстралијаСписок на реки во МакедонијаСписок на градови во РусијаЗаседа Лисец (2001)ДефетизамХепатитРак на белите дробовиЕмил ДимитриевЛионел МесиКочаниГрегоријански календарМоника ЗајковаИшијасЕл НињоИстанбулКрвТомас ЏеферсонГ’зим ОстрениВалпургиска ноќТуберкулозаТувански јазикМарихуанаВтора влада на Зоран Заев🡆 More