Мишел Де Монтењ

Мишел Екем де Монтењ (француски: Michel Eyquem de Montaigne; 28 февруари 1533 – 13 септември 1592) — француски благородник и еден од највлијателните писатели на француската ренесанса.

Познат е како воведувач на есејот како посебен книжевен род. Нашироко се смета за татко на современиот скептицизам. Покрај есеите, негова главна одлика се обидите да користи „секојдневни“ анегдоти и автобиографијата во интелектуални расправи.— томовите „Есеи“ (Essais = „Обиди“) содржат едни од највлијателните есеи некогаш напишани. Монтењ имал огромно влијание на мноштво светски автори, вклучувајќи ги Рене Декарт, Блез Паскал, Жан Жак Русо, Вилијам Хазлит, Ралф Валдо Емерсон, Фридрих Ниче, Штефан Цвајг, Ерик Хофер, Исак Асимов, но и на подоцнежните дела на Вилијам Шекспир.

Мишел Де Монтењ
Портет на Монтењ од 1570-тите
Мишел Де Монтењ
Кулата во која пишувал Монтењ

Животопис

Монтењ зборувал пофално за својот татко и за брат му, кој бил протестант, но никаде не ја споменувал мајка му, која била покрстена Еврејка.

Мисли и влијание

Во своето време, Монтењ бил повеќе гледан како политичар отколку автор. Тенденцијата во своите есеии да вклучува анегдоти и лични размислувања се сметала за одлика на неговиот стил, а помалку како иновација, додека неговата мисла, „Јас сум предметот на мојата книга“, се сметала за самооградување од страна на неговите современици. Како што изминувало времето, Монтењ станувал сè попрепознатлив како отелотворување на духот на слободоумието, кој своите никулци ги има токму во тоа време. Веројатно е најпознат по својата скептичка забелешка Que sçay-je? („Што знам јас?“). Неверојатно современ дури и за читателите денес, обидот на Монтењ да гледа на светот низ призмата на единственото нешто на кое може суштински да се потпре — своето лично мислење — го прави подостапен за современите читатели од кој било друг ренесансен автор. Бројни писатели одо ден-денес црпат инспирација од неговата способност мајсторски да воспостави рамнотежа помеѓу интелктуалното знаење и личните впечатоци.

Монтењ го става пријателството над крвното сродство за кое смета дека сè уште не значи пријателство. Така, членовите на семејството можат многу да се разликуваат меѓу себе: едни се чесни, други лоши; едни умни, а други глупави. Затоа, само пријателството е навистина највисокото човечко чувство при што вистинското пријателство е над разумот и подлабоко од разумот.

Поврзано

Наводи

Tags:

Мишел Де Монтењ ЖивотописМишел Де Монтењ Мисли и влијаниеМишел Де Монтењ ПоврзаноМишел Де Монтењ НаводиМишел Де Монтењ13 септември1533159228 февруариАвтобиографијаАристократијаБлез ПаскалВилијам ШекспирЕсеи (Монтењ)ЕсејЖан Жак РусоИсак АсимовПисателРалф Валдо ЕмерсонРене ДекартРенесансаФранцијаФранцуски јазикФридрих НичеШтефан Цвајг

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Список на држави и територии во ЕвропаСкриеносеменициЧетврта влада на Никола ГруевскиГраѓанска опција за МакедонијаМали сипанициНастинкаОпштина Гази БабаВелесОхридСтобиРелигијаОксидационо-редукциона реакцијаОпштина ЧаирПатен сообраќајБорис ПисториусИнфективна мононуклеозаОпштина ОхридБујар ОсманиМултипла склерозаМакедонски народни инструментиАнтонијо МилошоскиХристијанствоДуховденБитолаШпанијаБлаже КонескиНадбубрежна жлездаМакедонски претседателски избори (1999)Охридско ЕзероМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаИзборна единица 1Општина ДолнениГариТуризам во РусијаАфионОпштини во МакедонијаХристо ТатарчевШармери од осмоБалкански рисКожлеСтево ПендаровскиМинистер за здравство на МакедонијаСебороичен дерматитОпштина КумановоБорислав КрмовБелгијаЛешокЗагрозен видСкопски аквадуктВенециско биенале за архитектура‘Рбетен столбКипарСоцијалистичка партија на МакедонијаАнтибиотик со широк спектар на дејствоОпштина ЖелиноИгор КостескиКире КостадиновскиБели мугриАјфелова кулаМинато определено свршено време во македонскиот јазикДемократска унија за интеграцијаuf2lnСузан АкбелгеМасакрот кај ВејцеРоманијаМеѓународен ден на трудотФлуконазолРамиз МеркоМакпетролМакедонски парламентарни избори, 2006ДекамеронИзборна единица 3Пеколот (Божествена комедија)Масакр во СребреницаПере ТошевПиреј (роман)Македонски парламентарни избори (2020)🡆 More