Мерсија

Мерсија (англиски:Mercia староанглиски: Miercna rīċe  ; латински: Merciorum regnum) била една од седумте кралства на таканаречената англосаксонска хептархија.

Се наоѓала по долината на реката Трент и нејзините притоки, во англискиот регион денес познат како Мидлендс.

Во периодот од 600 до 900 г., познат како Мерсијанска надмоќ или „Златното доба на Мерсија“, ги анектирала или покорила пет од преостанатите шест кралства од Хептархијата (Источна Англија, Есекс, Кент, Сасекс и Весекс). Мерсија доминирала во Англија јужно од реката Хамбер.

Кон крајот на 9-тиот век, по инвазијата на Викинзите и нивната Голема незнабожечка армија, Данелав присвоил голем дел од поранешната мерсиска територија.

Последниот мерсиски крал, Кеолвулф II, умрел во 879 г, а кралството ја изгубило својата политичка независност. Прво, со неа управувал лорд под власта на Алфред Велики, кој себеси се нарекол „Крал на Англосаксонците“. Кралството за кратко било независно во средината на 10 век и во 1016 година, но тогаш се сметало за провинција со привремена независност. Весекс ги освоил и ги обединил сите кралства во Кралството Англија. Кралството било грофовија до 1071 година.

Историја

Рана историја

Мерсија 
Стафордширската ризница, откриена во близина на Личфилд во јули 2009 година, е можеби најважната колекција на англосаксонски предмети пронајдени во Англија .

За историјата на Мерсија на почетокот од англосаксонската ера се знае помалку отколку за Нортамбрија, Кент или Весекс. Мерсија подоцна од другите кралства воспоставиле делотворна политичка структура и го усвоила христијанството. Археолошките наоди покажуваат дека Англите веќе во 6 век ги населиле местата северно од реката Темза. Името „Мерсија“ латинизирана верзија од староанглискиот збор за „граничен народ“, а било така наречено затоа што кралството се наоѓала долж границата помеѓу Велшаните и англосаксонските напаѓачи. Има и алтернативна верзија: дека тие биле долж границата на Нортамбрија и жителите по долината на реката Трент.

Во сите историски записи како прв крал на Мерсија се наведува Креода, за кој се наведува дека бил правнук на Икел. Откако дошол на власт околу 584 г., изградил тврдина во Тамворт, кој станал седиште на кралевите на Мерсија. Неговиот син Пиба го наследил во 593 година.

Мерсиските кралеви биле единствена династија од англосаксонската хептархија за која се знае дека биле во директна семејна врска со континенталната германска монархија пред миграцијата.

Пенда и Мерсиската хегемонија

Мерсија 
Мерсија и поголемите англосаксонски кралства околу 600 г

Мерсискиот крал Пенда, владеел од околу 626 или 633 до 655 година. Пенда слободно им дозволил на христијанските мисионери од Линдисфарн слободно да проповедаат во Мерсија. Во 633 година, Пенда го убил Едвин кој владеел со новообединетата Нортамбрија и со јужните кралства. Пенда во 642 година го убил и другиот Нортамбриски крал, Освалд, кој повторно презел превласт на југот. Во 655 година, по период на превирања во Нортамбрија, Пенда со други 30 поткралеви се борел против новиот Нортумбриски крал Освиу во битката кај Винваед, во која Пенда ја загубил битката и животот.

Смртта на Пенда привремено ја заслабнала моќта на Мерсија. Синот на Пенда, Пеада, кој го прифатил христијанството во 653 година, станал крал на Мерсија; Пеада ја признал врховната власт на Освиу. Пролетта 656 година, Пеада бил убиен и Освиу ја презел контролата врз цела Мерсија. Со Бунтот во Мерсија во 658 година била отфрлена нортамбриската доминација и Вулфер друг син на Пенда, управувал со Мерсија како независно кралство (но сепак продолжил да ѝ плаќа придонеси на Нортумбрија уште некое време) до неговата смрт во 675 година. Вулфер успеал да ја врати моќта на Мерсија, но на крајот од неговото владеење бил тешко поразен од Нортамбрија. Следниот крал Етелред ја поразил Нортамбрија во битката кај Трент во 679 г., и воспоставил контрола врз спорната територија на поранешното Кралство Линдзи. Етелред бил наследен од Кенред, синот на Вулфер. Овие два крала биле познати по нивните религиозни активности, но за кралот кој ги наследил Сеолред, кој станал крал во 709 година, во писмото од свети Бонифациј се вели дека бил развратен кој умрел луд. Со него завршило владеењето на директните потомци на Пенда.

Мерсија 
Серија на мапи кои ја илустрираат зголемената хегемонија на Мерсија во текот на 8 век

Следниот важен крал на Мерсија, Етелбалд, владеел од 716 до 757 година. Во првите неколку години од неговото владеење се соочил со двајца моќми ривалски кралеви, Вихтред од Кент и Ине од Весекс . По смртта на Вихтред во 725 година и абдикацијата на Ине во 726 година за да се замонаши во Рим, Етелбалд можел слободно да ја воспостави хегемонијата на Мерсија врз другите Англосаксонци јужно од Хамбер.

Во јули 2009 година, била откриена стафордширската ризница со англосаксонско злато во близина на Личфилд во Стафордшир. Личфилд бил религиозен центар на Мерсија. Артефактите се проценува дека датираат од околу 600–800 г. Непознато е дали ризницата има злато депонирано од англосаксонски пагани или христијани, а не се знае ни зошто било депонирано.

Владеењето на Офа и подемот на Весекс

По убиството на Етелбалд од страна на еден од неговите телохранители во 757 година, во Мерсија избувнала граѓанска војна која завршила со победата на Офа, потомок на Пиба. Офа (владеел од 757 до 796) одново ја воспоставил хегемонијата врз јужните Англичани. Тој е еден од најголемите кралеви на Мерсија и не само што победувал во битките и имал доминација во Јужна Англија, туку, бил и активен во основањето на пазарни градови и го надгледувал ковањето на првите златници во Британија (од поголем обем); бил покровител на краткотрајната Бискупија во Лихфилд, 787-799, а дури и рамноправно преговарал со Карло Велики. Офа е заслужен за изградбата на Офовиот ров, кој ја означувал границата меѓу Велс и Мерсија.

По смртта на Офа во јули 796 година, власта во кралството ја презел неговиот далечен роднина Коенвулф. Во 821 година, братот на Коенвулф, Кеолвулф, го наследил Мерсиското кралство. Моќта на Западните Саксонци пораснала во овој период и во 825 година ја поразиле Мерсија кај Елендун.

Битката кај Елендун била одлучувачка за Мерсија. Во 830 година, Виглаф ја вратил независноста на Мерсија, но во тоа време Весекс веќе станал доминантна сила во Англија.

Пристигнување на Данците

Мерсија 
Петте околии и англиската Мерсија на почетокот од 10 век

Во 852 година, Бургред станал крал на Мерсија и заедно со Етелвулф од Весекс го потчиниле Северен Велс. Во 868 година данските освојувачи го окупирале Нотингем . Во 874 Данците го избркале Бургред од неговото и на негово место дошол Кеолвулф II. Во 877 година Данците го зазеле источниот дел на Мерсија, кој станал дел од Данелав. Кеолвулф, последниот крал на Мерсија, со западната половина владеел до 879 година. Алфред ја сменил својата титула од „крал на западните саксонци“ во „крал на англосаксонците“ за да стави до знаење дека владее со цела јужна Англија што не е под данска власт.

Наследникот на Алфред како крал на Англосаксонците, Едвард Постариот ( вл. 899–924 ), ги освоил Лондон и Оксфорд, кои Алфред ги оставил под контрола на Етелред. Етелфлед и нејзиниот брат ја продолжиле политиката на Алфред за градење на утврдени бурхови и во 918 година го освоиле јужниот дел од Данелав во Источна Англија и данската Мерсија.

Губење на независноста

По смртта на Етелфред во 918 година, Елвин, нејзината ќерка станала „Втора дама на Мерсијците“, но по шест месеци Едвард ја обезвластил и ја однел во Весекс. Етелстан ( вл. 924–939 ) најстариот син на Едвард станал нов крал. Во 927 година ја освоил Нортамбрија и така станал првиот крал на цела Англија. Мерсија накратко се стекнала со независност од Весекс (955–959), и уште еднаш во 1016 година, кога Кнут и Едмунд Ајронсајд го поделиле англиското кралство меѓу себе, при што на Кнут му припаднала Мерсија. Мерсија го задржала својот посебен идентитет како грофовија до Норманското освојување во 1066 година.

Симболи и хералдика

Мерсија 
Крстот на Свети Албан
Податотека:Arms-st-albans.jpg
Грб на градскиот совет на Сент Олбанс

Формирањето на кралството Мерсија претходело на појавата на хералдиката, затоа нема веродостоен хералдички опис на нејзините симболи.

Накосениот крст како симбол на Мерсија можеби се употребувал уште за времето на кралот Офа. Во 13 век, на Кралството Мерсија му се припишало дека користело накосен крст. Грбот бил златен (или жолт) андреин крст на сино (азурно) поле. Грбот подоцна го користела опатијата во Сент Олбанс, основана од кралот Офа од Мерсија. Со укинувањето на Опатијата и основањето на округот Сент Олбанс, грбот се користел на печатот од градот и официјално бил запишан како грб на градот при хералдичката посета во 1634 година.

Андреиниот крст се користи и како знаме и како грб. Како знаме, до ден денес се вее на Тамвортскиот замок, престолнината на кралевите од Мерсија.

Сребрен двоглав орел надграден со златна трикрака саксонска круна се користи од неколку единици од британската армија како хералдички уред за Мерсија од 1958 година, меѓу кои и Мерсискиот полк. Потекнува од припишаниот грб на Леофрик, Ерл од Мерсија од 11 век. Сепак, понекогаш на Леофрик му се припишува црн, едноглав орел.

Вивернот, еден вид змеј, почнал да се поврзува со Мерсија во 19 век и често се користи од железничките компании во областа.

Поврзано

Наводи

Извори

  • Bateman, John (1971). The Great Landowners of Great Britain and Ireland. Leicester University Press. ISBN 0-391-00157-4.
  • Cottle, Basil; Sherborne, J.W. (1951). The Life of a University. University of Bristol. OCLC 490908616.
  • Dow, George (1973). Railway Heraldry: and other insignia. Newton Abbot: David and Charles. ISBN 9780715358962.
  • Elmes, Simon (2005). Talking for Britain: A Journey Through the Nation's Dialects. Penguin. ISBN 0-14-051562-3.
  • Evans, Geraint; Fulton, Helen (2019). The Cambridge History of Welsh Literature. Cambridge University Press. ISBN 978-1107106765.
  • Falkus, Malcolm; Gillingham, John (1989). Historical Atlas of Britain. Kingfisher. ISBN 0-86272-295-0.
  • Fox-Davies, Arthur Charles (1909). A Complete Guide to Heraldry. London: T.C. & E.C. Jack. LCCN 09023803 – преку Internet Archive.
  • Hunter Blair, Peter (1948). The Northumbrians and their Southern Frontier. Archaeologia Aeliana, 4th series 26. стр. 98–126.
  • Thacker, Alan (2005). „England in the Seventh Century“. Во Fouracre, Paul (уред.). The New Cambridge Medieval History. c.500 - c.700. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 9780521362917.
  • Zaluckyj, Sarah; Feryok, Marge (2001). Mercia: The Anglo-Saxon Kingdom of Central England. ISBN 1-873827-62-8.

Надворешни врски

Tags:

Мерсија ИсторијаМерсија ПоврзаноМерсија НаводиМерсија ИзвориМерсија Надворешни врскиМерсијаАнглосаксонска АнглијаЛатински јазикМидлендсСтароанглиски јазикХептархија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Општина ТетовоКавадарциМерсиха СмаиловиќВасил ТупурковскиВелигденНалеј, налејЖивеалиште (екологија)Јосип Броз-ТитоНационална демократска преродбаМакедонски парламентарни избори (1994)ПиперГоран СтефановскиСвети КирилПравопис и правоговор на македонскиот јазикОНАБеровоЦрни и жолтиТумор на мозокЅвезда од КутлешДаме ГруевАвантурите на Хаклбери ФинЦрква „Св. Јован Канео“ - ОхридСедум смртни гревовиНаполеон БонапартКирил ПејчиновиќОпштина ИлинденКлеопатраИндијаМајка ТерезаЛазар КолишевскиЛеукемијаБојан ЈовановскиПрва светска војнаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаЕгејска МакедонијаЗемја (планета)Талат ЏафериОпштина Ѓорче ПетровЦрна ГораПовикувачки броеви во МакедонијаПеколот (Божествена комедија)Стале ПоповМакедонски парламентарни избори, 1998ФаунаЧир на желудникотДимитар МиладиновСирма ВојводаСписок на Влади на МакедонијаНикола ГруевскиНационален парк ПелистерГласањеПартија за движење на Турците во МакедонијаГордана Силјановска-ДавковаИталијаАтрибут во македонскиот јазикЈанко БачевМатка (кањон)АлбанијаТом СоерМалтаВесна БендевскаХристо УзуновОливера НиколоваБилјана ВанковскаСтрофаКалиопиАвангардаБугарски возПиринска МакедонијаААЧовекСтефан ГајдовДемократски сојузОпштина ГевгелијаОпштина ДолнениМакедонска радио-телевизијаКомунизам🡆 More