Мал Александар

Мал александар (науч. Psittacula krameri) — друштвена тропска птица од родот на прстенестите папагали (Psittacula) со многу голем ареал во Африка и Азија.

Мал александар
Мал Александар
Женка (лево) и мажјак (десно)
од подвидот индиски мал александар
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Папагаловидни
Натсемејство: Вистински папагали
Семејство: Папагали
Потсемејство: Прстенести папагали
Род: Прстенести папагали
Вид: Мал александар
Научен назив
Psittacula krameri
(Скополи, 1769)
Мал Александар
Изворна распространетост во дивина

Го носи името на кралот Александар III Македонски, за кој се смета дека ги довел птиците од овој род во Средоземјето од Пенџаб како подароци за аристократијата и дипломатите. Оваа птица може да се види во Зоолошката градина во Скопје.

Птицата се одликува со полов диморфизам. Возрасниот мажјак има црвен или црн прстен на вратот, додека пак женките и младенците од двата пола немаат прстн или пак имаат сенчест светлосив до темносив прстен. Индискиот подвид е просечно долг 40 см, заклучно со опашните пердуви, кои се мошне долги во однос на телото. Секое крило е долго 15–17,5 см. Во природната средина, по поведение се мошне гласни, со карактеристично крекаво огласување и зелена боја. По исхрана се растителнојадни, а по местото на живеење се непреселни.

Ова е еден од малкуте видови папагали кои се имаат успешно прилагодено на живот во пореметени живеалишта, одолевајќи им на урбанизацијата и обесшумувањето. Бидејќи видот уште многу одамна ужива популарност како миленик, денес постојат во разни градови во светот постојат колонии зачнати од избегани единки. Бројноста на малиот александар сè повеќе се зголемува, и затоа го носи статусот „најмала загриженост“ (LC) според МСЗП, доделен во 2012 г. Од друга страна, во некои делови од матичниот ареал, овие птици имаат намалена бројност поради заловувањето за чување како миленици и судирот со земјоделците, кои ги сметаат за штетници.

Научниот назив на птицата е даден во чест на австрискиот природонаучник Вилхелм Хајнрих Крамер (†1765).

Филогенија и распределеност

Денес се признаваат четири подвидови, иако меѓу нив постојат само мали разлики:

  • африкански подвидови:
  • азиски подвидови:

Филогенетската анализа на ДНК покажува дека маврицискиот прстенест папагал (Psittacula echo) е во блиско сродство со овој вид, и дека веројатно треба да се смести меѓу африканскиот и азискиот подвид. Оттука може да се заклучи дека видот е парафилетски.

Опис

Мал Александар 
Мал александар во Зоо Скопје.

Малиот александар е полово диморфен. Возрасниот мажјак носи црвено-црн прстен на вратот, а женката и незрелите птици од двата пола или не покажуваат прстени на вратот, или прикажуваат прстени на вратот од бледо до темносива боја, како во сенка. Двата пола имаат карактеристична зелена боја во дивината, а одвоените вратни врати имаат повеќе мутации во боја кои се тиркизни, маслинови, бели, сини, виолетови, сиви и жолти. Малите александри имаат должина во просек 40 см, вклучувајќи ги и пердувите на опашката, голем дел од нивната вкупна должина. Нивната просечна должина на едното крило е околу 15 до 17,5 см. Во дивината, ова е бучен вид со непогрешлив повик за макарење. Заробените единки може да бидат научени да зборуваат. Тие се тревојади и непреселнички видови.

Распространетост

Од 19-тиот век, малиот александар успешно колонизирал многу други земји. Се размножува северно од кој било друг вид папагал. Се етаблира во голем обем во Германија, Франција, Белгија, Холандија, Италија и особено Обединетото Кралство.

Екологија и поведение

Исхрана

Мал Александар 
Мал александар како јаде млади разлистоци на гранка

Во дивина, малиот папагал обично се храни со пупки, плодови, зеленчук, оревести плодови, бобинки и семки. Кога немаат храна при рака, патуваат во јата по неколку километри и навалуваат на насади и овоштарници, предизвикувајќи големи штети.

Во Индија птицата се храни со житарки, а зиме и со гулабов грашок. Во Египет, напролет јадат дудинки а во летото јадат урми и се гнездат на палмините дрва. Се хранат и на сончогледови и пченкарни полиња.

Во заробеништво, малите александри ќе земат голема разновидност на храна и може да се хранат со голем број овошја, зеленчук, семиња, па дури и со мали количини варено месо за белковини. Треба да се избегнуваат масла, сол, чоколадо, алкохол и други конзерванси.

Размножување

Мал Александар 
Јајце во Музејот Тулуз.
Мал Александар 
Пилиња во дупка на дрво.

Во северозападна Индија, индискиот мал александар се пари од септември до декември. Немаат доживотни партнери, туку се парат со различни единки секоја сезона. Во студениот дел од годината одбираат места за гнездење и го бранат леглото други птици што сакаат да им го земат. За да произведе јајца, женката ги добива потребните хранливи состојки хранејќи се со зимските посеви на грашок. Грижата за младите трае од април до јуни, а пилињата се оспособуваат за лет пред да дојдат монсуните.

Одгледување

Малиот александар веќе многу векови ужива популарност како домашен миленик. Старите Македонци и Грци го одгледувале индискиот подвид P. krameri manillensis, а Римјаните го чувале африканскиот подвид P. krameri krameri. Во поново време, одгледувачите имаат добиено мошне широк спектар на бои.

Подражавање

Двата пола умеат да подражаваат човечкиот говор, слушајќи ги луѓето околу нив и повторувајќи го она што го кажале. Некои птичари се занимаваат со одгледување и учење птиците на различни зборови уште од пилиња.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Мал Александар Филогенија и распределеностМал Александар ОписМал Александар РаспространетостМал Александар Екологија и поведениеМал Александар РазмножувањеМал Александар ОдгледувањеМал Александар ПоврзаноМал Александар НаводиМал Александар Надворешни врскиМал АлександарАзијаАлександар III МакедонскиАреалАфрикаБиномна номенклатураЗоолошка градина СкопјеПтицаРод (биологија)СредоземјеТропски појас

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ДуховденРеферендум во Македонија (2018)ВаландовоМртво МореМакедонски парламентарни избори (2024)Црн дробСписок на реки во МакедонијаБелградХомеопатијаВтора влада на Бранко ЦрвенковскиСузана СпасовскаКронова болестЧовечко телоОпштина СтуденичаниОпштина КрушевоЦрвени крвни зрнцаШеријатКошаркаБраќа Миладиновци27 априлТоше ПроескиОпштини во МакедонијаЈугославијаПитом пелинДаут ХарадинајЈаболковинаПопис на населението во Македонија (2021)Ѕвезда од КутлешХоландијаМесечинаЗаушкиИшијасЦрна ГораФилип II МакедонскиДемократска унија за интеграцијаЦирозаХИВМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаДржавни празници во БугаријаОпштина ТеарцеМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаФранческо ПетраркаСписок на држави во светотАлијанса за АлбанцитеАлександар КирацовскиЈордан Хаџи Константинов-ЏинотАлберт АјнштајнМакедонски парламентарни избори (1994)Талат ЏафериМочуриштеДенес над МакедонијаКсенофобијаВевчани’РбетнициГрцијаПовикот на дивинатаСвети ГеоргиГаличицаКрушевска РепубликаСписок на Влади на МакедонијаВесна БендевскаОливер СпасовскиЦар СамоилБубрежен каменПрва влада на Никола ГруевскиПридавкаИзборна единица 4КорупцијаАјдучка треваЕтничка групаТумор на мозокБитолаМакедонски претседателски избори (2009)ТетовоЛокални избори во Македонија (2005)Општина ДолнениДропкаМакедонски претседателски избори, 2004Крушевски манифест🡆 More