Ликовна Уметност

Ликовната уметност е класа на уметности во која спаѓаат сликарството, скулптурата, фотографијата, гравурата и други, кои се главно од визуелен карактер.

Ликовна уметност: (портал)  

Ликовните уметности со три димензии како скулптурата и архитектурата спаѓаат во т.н. пластични уметности.

Ликовна Уметност
Мона Лиза, најпрепознатливата уметничка слика во светот

Ликовната уметност која се практикува денес се нарекува современа уметност.

Цртање

Цртањето е начин на создавање на слики, со помош на разни алатки и техники. Ова се прави со бележење на една површина со примена на притисок од некоја алатка, или пак влечење на таа алатка по површината. Примери за овие алатки се графитни моливи, туш, замастилени четкички, восочни боици, креони, јаглени, пастели и фломастери. Се користат и сигитални алатки кои ги симулитраат ефектите претходно споменатите алатки. Главните цртачки техники се: цртање линии, шрафирање, накрсно шрафирање, случајно шрафирање, чкртање, сенчање и прелевање. Уметникот кој се занимва со оваа дисциплина се нарекува цртач.

Сликарство

Сликарството, буквално речено, е примената на пигмент врзана со носач (медиум) и врзивен материјал (лепило) врз површина како хартија, платно или ѕид. Во уметничка смисла во рамките оваа активност се подразвира и цртањето, композиција и други естетски елементи со цел на манифестација на изразната или концептуална намера на уметникот. Сликарството се користи и за изразување на духовни мотиви или идеи; ова може да биде од митолошки суштества на грнци, преку Систинската капела, па сѐ до самото човечко тело.

Гравура

Гравурата е создавање на слика врз матрица за уметничка цел, која потоа се пренесува на рамна површина со помош на мастило (или друг пигмент). Освен во случај на монотип, една иста матрица се користи за печатење на многу примероци. Историски, главните техники (нарелени и медиуми) се дрворез, линорез, клиширање, литографија, и ситопечат, но постојати многу други како современите дигитални техники. Обично површината врз која се печати е хартија, но постојат исклучоци, како текстил, велен и современи материјали. Графиките од Западната традиција направени пред 1830 можат да се наречат стари мајсторски графики. ПОстојат и други поважни традиции на гравура, како да речеме јапонската (укијо-е).

Фотографија

Ликовна Уметност 
Фотопортрет на Гистав Курбе од Надар

Фотографијата е процес на создавање слики по пат на дејство на светлината. Светлината со себе носи облици и шари се одразуваат или емитуваат од предмети и потоа се зачувуваат на чувствителен медиум или чип по пат на експозиција. Ова се прави со помош на механички, хемиски или дигитални направи наречени фотографски апарати (фотоапарати).

Терминот доаѓа од старогрчките зборови φως фос (светлина) и γραφις графис (перце, четка) или γραφη графе (пишување), со задничко значење „светлопис“. Традиционано производот на фотографирањето се нарекува фотографија. За ова име и кратенка фото; во народниот говор фотографиите се нарекуваат и слики.

Компјутерска уметност

Ликовните уметници повеќе не се ограничени на традиционални уметнички медиуми. Компјутерите манипулираат со ликовниот израз со олеснување на самото правење на делото, негово доуредување, монтажа, правење на повеќекратни композиции, па сѐ до печатење (заедно со 3-Д печатење.)

Со употребата на компјутерите, веќе непостојат јасни граници помеѓу илустратор, фотограф, фотомонтажер, 3-D моделар и ракотворен уметник. Фотографот може да биде дигитален уметник. Илустраторот може да виде и аниматор. Ракотворбите можат да бидат потпомогнати од компјутер или да користат компјутерски создадени слики како шаблон.

Термини од ликовната уметност

Наводи

    Carey, John (1992). The Intellectuals and the Masses. Faber & Faber. ISBN 0-571-16926-0.

Поврзано

Tags:

Ликовна Уметност ЦртањеЛиковна Уметност СликарствоЛиковна Уметност ГравураЛиковна Уметност ФотографијаЛиковна Уметност Компјутерска уметностЛиковна Уметност Термини од ликовната уметностЛиковна Уметност НаводиЛиковна Уметност ПоврзаноЛиковна УметностАрхитектураПластични уметностиСкулптураСликарствоУметностФотографија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Список на македонски филмовиСписок со македонски музичариДоксициклинВојдан ЧернодринскиСписок на македонски народни поговоркиЖелезнецАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. СтефанТапанМакедонски парламентарни избори (2006)КанадаМочуриштеШпанијаСписок на македонски зборови од турско потеклоОпштина ТетовоОвчи сипанициСузан АкбелгеStaphylococcus aureusАлберт АјнштајнДУИМозочен ударБубамариМакедонска револуционерна организацијаПитагорова теоремаМакедонски претседателски избори, 1999Предмет (граматика)Пеколот (Божествена комедија)Демократска обнова на МакедонијаТоше ПроескиПоткастПрва влада на Зоран ЗаевЃорге ИвановСашо МијалковДаниела ТемелковскаПетар Поп АрсовСоединети Американски ДржавиИзборни единици во МакедонијаЉубиша ГеоргиевскиЛокални избори во Македонија (2017) — Град СкопјеРамазанЉубчо ГеоргиевскиАнална фисураСвети Кирил и МетодијЛокални избори во Македонија (2013)Мојот звукМинистер за здравство на МакедонијаКронова болестРадишаниК-15Општина БрвеницаСписок на градови во ГерманијаБубрежна инфекцијаАцо ШоповКожлеГоран МинчевЛокални избори во Македонија (2000)Патен сообраќајДемократска унија за интеграцијаКрешник БектешиМакедонски претседателски избори, 2009ИнтернетХамлетСтевчо ЈакимовскиВејцеБакарКрвна групаЃорѓија СајкоскиЧовечко телоРисто КрлеОпштина Шуто ОризариСрбијаОпштина КумановоРеферендум во Македонија (2018)Масакрот кај ВејцеНепроштеноЗајакТодор СкаловскиХари Костов🡆 More