Литографија

Литографија — графичка техника на рамен печат подготвена на камени плочи.

Самиот термин е кованица од зборовите на грчки јазик, lithos што означува „камен“ и graphein што означува „пишување“.

Литографијата се разликува од останатите графички техники затоа што се реализира со хемиски реакции, а не преку физичката раздвоеност на набоените и ненабоените делови на матрицата. Оваа техника е популарна заради нејзините можности да ги регистрира: свежината на потезите со четка или креон и да ја зачува директноста на работата на уметникот.

Историја

Пронаоѓањето на оваа, најмлада, графичка техника му се припишува на Германецот Алојз Зенефелдер (1771-1834) во 1796 година. Во почетокот, Зенефелдер ја нарекувал „хемиско“ печатење.

Во Франција, литографијата наишла на позитивен одѕив кај уметниците како што се Ежен Делакроа и Теодор Жерико.

Со Франсиско Гоја и Оноре Домје, техниката дефинитивно станала еден од поценетите уметнички медиуми. До 1820 godina, само во Париз биле отворени околу 280 литографски ателјеа.

Метод

Таа е графичка техника на рамен печат, која како подлога користи литографски камен со рамна површина.

На исполираната, мазна и обработена површина на каменот (бимштајн - посебен варовнички камен), се нанесува цртеж со мрсна литографска креда, литографски туш или некои други мрсни средства (маслен пастел, моливи за цртање на стакло, сапун...). Површината на каменот за литографија е порозна, а зрнестата структура лесно ја прима литографската креда, тушот или некои од наведените средства.

По хемиската обработка на површината од каменот со раствор од азотна и фосфорна киселина, цртежот на каменот изведен со мрсни бои ја прима печатарската боја додека незаштитената површина од мрсните бои е под дејство на киселината со што се одбива бојата. Кога се нанесува бојата, каменот постојано треба да биде навлажнуван со вода.

На набоениот дел од каменот се става хартија, а потоа се започнува со печатење со помош на посебна литографска преса низ која каменот се движи хоризонтално и низ константен вертикален притисок.

Литографијата била основа од која подоцна ќе се развие индустриската техника на офсет печатење која што денес е една од најзначајните и најупотребувани печатарски техники.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Литографија ИсторијаЛитографија МетодЛитографија ГалеријаЛитографија НаводиЛитографија Надворешни врскиЛитографија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Претседател на МакедонијаЕкосистемДаут ХарадинајВаршавски договорРепублика МакедонијаАДХДЈаболковинаПравен факултет „Јустинијан I“ - СкопјеЕпилепсијаСписок на политички партии во МакедонијаИшијасЗијадин СелаПовикот на дивинатаТодор СкаловскиДемократска алтернативаАнемијаБиљал КасамиБиблијаЦрнила (драма)АфионМРСААтентат врз Киро ГлигоровКантарионМендух ТачиLa Liga 2Обединето КралствоСреден клеточен волуменОксидационо-редукциона реакцијаГоран МинчевМарокоОфталмологијаРак на дојкаМесечинаTrackBackМакедонски претседателски избори, 1994АмерикаГраѓанска опција за МакедонијаОпштина ОхридЛокални избори во Македонија (2009)ВардарНародна Република МакедонијаПрва светска војнаХепатит ЦРоднински односиВилијам ШекспирОливер СпасовскиПоткастТимчо МуцунскиБорис ТрајковскиМакедонски парламентарни избори (2006)Имер СелманиПопис на населението во Македонија (2021)Народна Република КинаСтобиЧинови на полицијата во МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2020)Небо од ванила (филм)Бигорски манастирЅвезда од КутлешКронова болестВтора влада на Бранко ЦрвенковскиМакедонски парламентарни избори (2002)Нова социјалдемократска партијаЛарингитисЗборник на МиладиновциОпштина СопиштеМакедонски парламентарни избори (2011)ИсламМијациПневмонијаОпштина КичевоХепатитИнфрацрвена спектроскопијаЛевица (политика)Македонски парламентарни избори (1994)Македонски претседателски избори, 2014ТуберкулозаОпштина Куманово🡆 More