Крис Пајн: американски глумец

Кристофер Вајтло „Крис“ Пајн (роден на 26 август 1980 г.) — американски глумец.

Крис Пајн
Крис Пајн: Рани години, Кариера, Наводи
Пајн на San Diego Comic-Con во 2016 г.
Роден(а)Кристофер Вајтло Пајн
26 август 1980(1980-08-26)(43 г.)
Лос Анџелес, САД
ЗанимањеГлумец
Активен период2003–сè уште
РодителиРоберт Пајн
Гвин Гилфорд
РодниниАна Гвин (баба)

Тој е познат по улогата на Џејмс Т. Кирк во Ѕвездени патеки (2009), Ѕвездени патеки: Во мрак (2013) и Ѕвездени патеки: Од другата страна (2016). Тој исто така глумел во филмовите Дневниците на принцезата 2: Кралска веридба (2004), Само моја среќа (2006), Ас во ракав (2007), Борба за вино (2008), Незапирлив (2010), Ова значи војна (2012), Пет легенди (2012), Како да се ослободиш од шефот 2 (2014), Џек Рајан: Повик од сенка (2014), Во шумата (2014), З за Закарија (2015), Најдобрите часови (2016) и По секоја цена (2016).

Рани години

Пајн е роден во Лос Анџелес, Калифорнија. Неговиот татко, Роберт (роден 1941 г.), е глумец, а неговата мајка, Гвин Гилфорд (родена 1946 г.), е поранешна глумица која сега е физиотерапевт. Тој има постара сестра, Кејти.

Неговата баба од страна на мајка му, Ана Гвин, била холивудска глумица, а нејзиниот сопруг, Макс М. Гилфорд (роден Макс Голдфарб), бил адвокат кој бил избран за претседател на холивудската адвокатска комора. Неговиот дедо Макс потекнувал од руско еврејско семејство, а Пајн исто така влече англиски, велшки, германски и француски корени.

Пајн дипломирал на Калифорнискиот универзитет, Беркли во 2002 година и добил диплома по англиски јазик. Тој бил студент на размена на Лидскиот универзитет во Англија една година. По дипломирањето, тој студирал на американскиот конзерваторски театар во Сан Франциско.

Кариера

2003–09

Крис Пајн: Рани години, Кариера, Наводи 
Пајн по прикажувањето на Ѕвездени патеки во Кувајт во 2009 година

Првата улога во кариерата Пајн ја добил во 2003 година во епизода од серијата Ургентен центар; истата година тој исто така се појавил во една епизода од сериите Заштитник и Истрага на местото на злосторството: Мајами.

Првата улога во долгометражен филм, Пајн ја добил во 2004 година во филмот Дневниците на принцезата 2: Кралска веридба. Тој го играл Николас Деверо, човек во кој бил заљубен ликот кој го играла Ен Хатавеј. Следата година Пајн се појавил во епзиода од серијата Два метри под земја, и во независниот филм Исповед, кој бил издаден директно во видео формат.

Во 2006 година, тој глумел во романтичната комедија Само моја среќа наспроти Линдзи Лохан. Подоцна во годината, Пајн играл улоги во романтичната комедија Судар на слепо и во акциониот филм Ас во ракав. Во 2007 година, тој глумел наспроти Скот Волф во претставата Дебела свиња во продукција на театар од Лос Анџелес, и за својата изведба добил позитивни критики. Тој го толкувал винарот Бо Барет во филмот од 2008 година, Борба за вино.

Во 2007 година, Пајн одбил улога во филмската адаптација на романот Бел џез, за да ја прифати улогата на Џејмс Т. Кирк во филмот Ѕвездени патеки, кој бил издаден во мај 2009 година. Истиот месец, тој го промовирал филмот во забавното шоу Saturday Night Live, заедно со колегите Закари Куинто и Ленард Нимој. Во текот на летото од 2009 година, тој играл во претставата Фарагут Норт во продукција на театар од Лос Анџелес.

2010–денес

Се шпекулирало дека Пајн ќе го игра главниот лик во филмот Зелениот Фенер, но сепак улогата ја добил Рајан Рејнолдс.

Во есента 2009 година, Пајн започнал да го снима акциониот филм Незапирлив режиран од Тони Скот, кој бил издаден во ноември 2010 година. Во филмот тој играл млад кондуктер кој му помага на железнички инженер (Дензел Вашингтон) да запре долг товарен воз без екипаж, кој носи отровни течности и гасови и се заканува дека ќе го уништи градот. The Hollywood Reporter го именувал Пајн како еден од младите глумци кои „грабат“ кон холивусиот „А-список“. Во 2011 година, Пајн се појавил заедно со првичниот Капетан Кирк, Вилијам Шатнер, во долгометражниот документарен филм Капетани, кој го напишал и режирал Шатнер. Во филмот Шатнер го интервуира Пајн за неговата кариера и како се чувствувал кога ја добил улогата на Кирк во филмот од 2009 година. Во интервјуто има сцена во која двајцата се туркаат со раце; сликите од оваа сцена станале популарни на интернет и довеле до наслови „Кирк против Кирк“ и други.

Пајн играл во романтичната комедија Ова значи војна заедно со Рис Витерспун и Том Харди, која била снимена во есента 2010 година во Ванкувер. Филмот бил издаден во февруари 2012 година. Пајн подоцна го позајмил својот глас во анимираниот филм Пет легенди. Тој глумел заедно со Елизабет Бенкс, Оливија Валјд и Мишел Фајфер во семејната драма Луѓето како нас, која била издадена во јуни 2012 година. Тој ја повторил улогата на Капетан Кирк во филмот Ѕвездени патеки: Во мрак, кој бил издаден во САД на 15 мај 2013 година.

Во 2009 година, Пајн започнал разговори за да го игра ЦИА аналитичарот Џек Рајан во нов филм заснован на раманите на Том Кланси. Тој ја добил улогата и играл во филмот Џек Рајан: Повик од сенка, кој бил издаден во 2014 година. Пајн бил четвртиот глумец кој го играл ликот, по Алек Болдвин, Харисон Форд и Бен Афлек.

Во 2014 година, Пајн започнал разговори за да глуми во трилерот за крајбрежната стража на САД, Најдобрите часови, издаден во јануари 2016 година. Тој бил гостин во пет епизоди од серијата на Нетфликс, Влажно топло американско лето: Прв ден од кампот и го позајмил гласот во анимираната серија Суперменшн во 2015 година. За работата на Суперменшн, тој во 2016 година добил номинација за Еми награда за најдобро позајмен глас.

Во мај 2015 година, било потврдено дека Пајн дека ќе игра еден од браќата Хауард, заедно со Бен Фостер во филмот По секоја цена. Снимањето на филмот започнало на 26 мај 2015 година во Ново Мексико. Филмот премиерно бил прикажан на Канскиот филмски фестивал во мај 2016 година и бил издаден во август истата година. Тој ја повторил улогата на Капетан Кирк во Ѕвездени патеки: Од другата страна. Снимањето на филмот започнало во јуни 2015 година во Канада и тој бил издаден во САД на 22 јули 2016 година.

Пајн бил поканет од Барбара Страјсенд да направи дует со неа за нејзиниот албум Encore: Movie Partners Sing Broadway, заедно со други ѕвезди.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Крис Пајн Рани годиниКрис Пајн КариераКрис Пајн НаводиКрис Пајн Надворешни врскиКрис Пајн198026 август

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

АДХДМакедонски претседателски избори (2019)ПсоријазаНикола КљусевМејозаСузана СпасовскаГласачки системДанте АлигиериЦрква „Успение на Пресвета Богородица“ - ДебарСписок на планини во МакедонијаМакедонски парламентарни избори, 2008Демографија на МакедонијаИсламизацијата во МакедонијаЦрнила (драма)Автомобилски регистарски таблички во МакедонијаОпштина ПласницаЏек ЛондонДудукВикипедијаЉубомир ГајдовИзборна единица 1СинонимЕпилепсијаОхридски рамковен договорЗНАМHAARPСтево ПендаровскиАрмија на МакедонијаЕлизабета ЃоргиевскаМакедонски парламентарни избори, 1994Поделба на гласовите во македонскиот јазикРеферендум во Македонија (2018)Водочки манастирСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаОпштина ДолнениТелефонitqmaБубрежна слабостБРИКСЛокални избори во Македонија (2005)ВеројатностМојот звукЛавПипи Долгиот ЧорапАмди БајрамВелигденски јајцаОзонска обвивкаИзборна единица 9Државни празници во МакедонијаМала РечицаГоран МинчевГолеми и мали (роман)Список на реки во МакедонијаЦрква „Св. Софија“ — ОхридГлас за МакедонијаСпоменка (книга)Антибиотик со широк спектар на дејствоБилјана ВанковскаЧернобилска несреќаЦветнициПавле АрсоскиГолосеменициАдаптација (биологија)Избори во Република МакедонијаВтора влада на Бранко ЦрвенковскиОВКЦрн дробСписок на држави и територии во ЕвропаИмер СелманиДекамеронСложена реченицаStaphylococcus aureusСвети Наум (манастир)МонакоРазловечко востаниеТоше Проески🡆 More