Англичани

Англичаните (на англиски: English people, од староанглиски: Englisc) се луѓе чие потекло или живеалиште е поврзано со Англија.

Според идентитетот тие се сметани и како националност и како етничка група. Англискиот идентитет води потекло од од раниот среден век кога тие биле познати на староанглиски како Anglecynn. Денеска Англија е земја која е дел од Обединетото Кралство и поголем дел од Англичаните во Англија се британски граѓани.

Англичани
Национално знаме на Англија и на Англичаните.

Историски, англиската популација е добиена од неколку генетички блиски и слични племиња- раните Бритони, Германите кои се населиле на територијата на денешна Англија, вклучувајќи ги Англите, Саксонците, Јутите кои први ги поставиле никулците на денешната англиска држава и подоцна данските викинзи и Норманите. После договорот за унификазија сод 1707 со кој Кралството Англија станало дел од Обединетото Кралство на Велика Британија, англиската традиција и култура блиско се поврзала со британската култура и обичај.

Денес во светот има вкупно околу 90 милиони Англичани, од кои 42.260.000 во Англија. ЦИА наведува дека според британскиот попис од 2001 година, 92.1% од населението во Обединетото Кралство припаѓале на белата етничка група, а 83.6% од нив припаѓале на англиската етничка група. Според британскиот Завод за национална статистика, вкупното население во Обединетото Кралство изнесували 58.789.194, што претставува еквивалент на 45.265.093 луѓе од англиската етничка група; сепак, овој број не претставува црвсто дефинирана етничка група, зашто битанскиот попис од 2001 година не ја нудел опцијата „Англичанец“ кај прашањето за „националност“. Оттука, податоците на ЦИА веројатно се однесуваат на луѓето кои на пописот се изјасниле како „белци“. Понатаму, 27.517.394 Англичани живеат во САД, 6.570.015 во Канада, 6.358.880 во Австралија, од 44.202 до 281.895 во Нов Зеланд. Нивниот национален јазик е англискиот, а нивната религија е христијанството (т.е. англиканството).

Англичаните како тема во уметноста и во популарната култура

Во делото „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ вели дека Англичаните не се љубоморни затоа што ги почитуваат жените, гледајќи во нив и сестра и мајка, а не само љубовница. Од друга страна, за Англичанките вели дека им се даваат на џентлмените кои се дискретни и перверзни и кои многу се смеат. Во романотСликата на Доријан Греј“, Оскар Вајлд вели дека од сите луѓе на светот, Англичаните имаат најмалку смисла за убавината на книжевноста.

Поврзано

Наводи


Tags:

Англиски јазикАнглијаБританциОбединето КралствоСредновековиеСтароанглиски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Устав на МакедонијаБорис ТрајковскиВиртуелна машинаПетар ГошевСписок на архаични зборови во македонскиот јазикМакедонски парламентарни избори (1990)Општина СарајТигарТурцијаМакедонски претседателски избори (1999)РастенијаПенис (човек)Сузана СпасовскаКорозијаВтора влада на Никола ГруевскиНова социјалдемократска партијаКичевоГевгелијаСтојанче АнгеловПоткастШизофренијаБедија БеговскаИзет МеџитиВенко ФилипчеПравоаголникСтефан БогоевЦрнила (драма)Васил ТупурковскиОпштина Шуто ОризариАтентат врз Киро ГлигоровВасил ИљоскиТоме АрсовскиМуса ЏафериМовИмер СелманиОдбојкаМасакр кај ВејцеМакедонија во металното времеВагинален исцедокНеологизамДебарСоединети Американски ДржавиТелевизијаБитолаНаселениеМакедонско востаниеКафеМагнетна резонанцијаМакедонска граматикаСтрумицаЈудаизамИталијаАнтон ПановПридавкаНикола Димитров (дипломат)ЗаушкиСпоменка (книга)Водочки манастирЃокица ЛукаревскиБугаријаКонтинентОливера ТрајковскаЗборник на МиладиновциОпштина БрвеницаЃорѓија СајкоскиПиринска МакедонијаРомео и ЈулијаОпштина Ѓорче ПетровДемократска унија за интеграцијаСашко КедевКалеш АнѓаЛила СтојановскаВиолинаНезависен политичарЛазарова саботаРак на желудник🡆 More