Мајка

Мајка е жена која била во блажена состојба, се породила и израснала дете.

Поради комплексноста и разликите во социјалните, културните и религиозни дефиниции на мајките, тешко е да се даде една општа универзална дефиниција која би била лесно прифатлива.

Мајка
Мигрантска мајка од Дороти Ланг.

Биолошка мајка

Кај цицачите, жената има можност да остане во блажена состојба каде во матката се развива фетус или ембрион. Кај луѓето, фетусот се развива девет месеци и потоа жената се пораѓа. Карактеристично за биолошката мајка е тоа што по пораѓањето се активираат млечните жлезди кои лачат млеко со кое се храни новороденчето првите една до две години.

Сурогат мајка

Сурогат мајка е жена која е во блажена состојба и раѓа дете кое не е нејзино, туку за парови кои не можат да имаат дете.

Улогата на мајката во психолошкиот развој на детето

Според Ерих Фром, мајчинството може да биде и деструктивно и да предизвика патолошки последици во психичкиот развој на нејзиното дете. Оваа фиксација на детето за мајката вообичаено се случува кога мајката е претерано приврзана за детето при што, во името на љубовта, сака да го задржи во себе. Тогаш, таа очекува дека, дури и кога ќе порасне, детето не треба да биде независно и слободно, туку сака да го задржи во своето заштитничко крило и, уште повеќе, да го врати во својата „сепримачка“ и „серазурнувачка“ утроба.

Мајката како тема во уметноста и во популарната култура

Мајка 
Влахо Буковац (1855–1922), Мајка и дете (1894), Национална галерија на Македонија

Мајката како тема во книжевноста

  • „Свети Петар и мајка му“ — македонска народна песна.
  • „Мицевата мајка Мици си го плака“ - македонска народна песна.
  • „Мајката го проколнала Соломон“ (српски: Соломуна проклела мати) - српска народна приказна.
  • „Туѓа мајка“ (српски: Туђа мајка) - српска народна песна.
  • „Мајчиното срце“ (српски: Материно срце) - српска народна песна.
  • Мајка Маргарита“ - бугарштица.
  • „Мама“ — расказ на српскиот писател Давид Албахари.
  • „Мајка“ — песна на Никола Јонков Вапцаров.
  • „Желба за мама“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.
  • „На мајчиниот ден“ — песна за деца на Григор Витез.
  • „Мајка“ — роман на рускиот писател Максим Горки од 1906 година.
  • „Писмо до мајката“ — песна на рускиот поет Сергеј Есенин од 1924 година.
  • „Тегли“ — кус расказ на македонскиот писател Ѓоко Здравески од 2019 година.
  • „Подарок за мајката“ — расказ за деца на македонскиот писател Неџати Зекерија.
  • „Мамо, врати се дома“ — расказ за деца на Неџати Зекерија.
  • „Рацете на мајка ми се најтопли“ — расказ за деца на Неџати Зекерија.
  • „Завист“ — расказ за деца на Неџати Зекерија.
  • „Мајчино галениче“ (српски: Материна маза) — песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.
  • „Бдеење“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.
  • „Мамино момиче“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.
  • „Дај ми ја, мамо“ — песна на Васил Куноски.
  • „Букетче“ — песна на Васил Куноски.
  • „Денот на мама“ — песна на Васил Куноски.
  • „Каква мајка“ — песна на Васил Куноски.
  • „Неколку збора за мојата мама“ (руски: Несколько слов о моей маме) — песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1913 година.
  • „Мама и вечерта што ја убија Германците“ (руски: Мама и убитый немцами вечер) — песна на Владимир Мајаковски од 1914 година.
  • „На мајките“ (српски: Majkama) — песна на српската поетеса Десанка Максимовиќ.
  • Мајката Дивјачка“ (француски: La Mère Sauvage) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан, првпат објавен на 3 март 1884 година.
  • „Мајка“ — песна на македонскиот поет Коле Неделковски.
  • „Мајка и син“ — песна на Коле Неделковски.
  • „За љубов на мајките“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.
  • „Песна за мама“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.
  • „Воспоставување ред со цвеќе“ — краток расказ на македонската писателка Будимка Поповска.
  • „На гости при мајка“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.
  • „Запис за мајките од егејско“ - песна на Анте Поповски.
  • „Илевата мајка“ — расказ на македонскиот писател Глигор Поповски.
  • „Молитва за мојата мајка“ - песна на италијанскиот писател и режисер Пјер Паоло Пазолини од 1962 година.
  • „Мајка“ - расказ на македонскиот писател Горан Петревски од 2014 година.
  • „Мајката заминува“ - песна во проза од истоимената збирка на полскиот поет Тадеуш Ружевич.
  • „Лошиот син“ - песна на Тадеуш Ружевич од 1941 година.
  • „Мајка“ - збирка поезија на чешкиот поет Јарослав Сајферт од 1954 година.
  • „Очите мамини“ — песна на македонскиот писател Бошко Смаќоски.
  • „Тага“ — песна на Бошко Смаќоски.
  • „Мајка“ - песна на полскиот поет Леополд Стаф.
  • „Споменот на мајка ми“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.
  • „Најубавиот разговор“ — расказ на македонската писателка Цветанка Трпкова.
  • „Мајка и син“ - краток расказ на рускиот писател Данил Хармс.
  • „Господинот Когито ја среќава во Лувр статуата на Големата мајка“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.
  • „Пиета“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.
  • „Фетишот на плодноста од палеолитот“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.

Мајката како тема во филмот

  • „Мајка“ - советски филм од 1955 година.
  • Мајка“ (Мать) - советски филм од 1926 година, во режија на Всеволд Пудовкин.
  • „Песната на мајка ми“ (Klama dayika min) - турско-француско-германски филм од 2014 година, во режија на Ерол Минтас.
  • „Рона, Азимовата мајка“ - авганистанско-ирански филм од 2018 година, во режија на Џамшид Махмуди.

Мајката како мотив во музиката

Мајката како мотив во популарната музика

  • „Мајки“ (хрватски: Majke) - хрватска рок-група, основана во 1984 година.
  • „Мама мора да умре ноќва“ (англиски: Momma's Gotta Die Tonight) - песна на американската рок-група Бади каунт (Body Count) од 1992 година.
  • „Мајка“ (англиски: Mother) - композиција на англискиот гудачки квартет Баланеску (Balanescu Quartet) од 1994 година.
  • „Збогум мајко“ - фолк песна на Никола Бадев.
  • „Мајка ти треба да знае“ (англиски: Your Mother Should Know) - песна на британската рок-група Битлси (The Beatles) од 1967 година.
  • „Мајка ми и јас“ (англиски: Mother and I) - песна на британската рок-група Вандер стаф (The Wonder Stuff) од 1988.
  • „Мама, ти си ми во мислите“ (англиски: Mama, You Been On My Mind) - песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан.
  • „Мајка“ (англиски: Mother) - песна на англиската хард-кор група Electro Hippies.
  • „Нова мама“ (англиски: New Mama) - песна на американскиот рок-музичар Нил Јанг (Neil Young) од 1975 година.
  • „Испрати слика од мама“ (англиски: Send A Picture Of Mother) - песна на американскиот кантри-музичар Џони Кеш (Johnny Cash).
  • „Мама е мртва“ (англиски: My Mummy's Dead) - песна на John Lennon & The Plastic Ono Band од 1971 година.
  • „Мајко“ (англиски: Mother) - песна на John Lennon & The Plastic Ono Band од 1971 година.
  • „Кога мама беше молец“ (англиски: When Mama Was a Moth) - песна на шкотската рок-група Кокто Твинс (Cocteau Twins) од 1983 година.
  • „Мајчина љубов“ (англиски: Motherly Love) — песна на американската рок-група Мадерс оф инвеншн (The Mothers Of Invention) од 1966 година.
  • „Мајка-плашило“ (англиски: Freak Momma) — песна на Mudhoney и Sir Mix-A-Lot од 1993 година.
  • „Мама“ (англиски: Mama) — музички албум на канадската рок-група Ноуминсноу (Nomeansno) од 1982 година.
  • „Мајчинска врска“ (англиски: Motheship connection) — музички албум на американската фанк-група Парлемент (Parliament) од 1975 година.
  • „Матилда мајко“ (англиски: Matilda Mother) — песна на британската рок-група Пинк Флојд (Pink Floyd) од 1967 година.
  • „Мајка со атомско срце“ (англиски: Atom Heart Mother) — песна од истоимениот музички албум на Пинк флојд од 1970 година.
  • „Мајка“ (англиски: Mother) — песна на американската рок-група Тин вајт роуп (Thin White Rope) од 1987 година.
  • „Мама е тажна“ (англиски: Mamie is blue) — песна на германската рок-група Фауст.
  • „Како мојата мајка“ (српски: Као моја мати) — песна на српскиот поп-пејач Здраво Чолиќ.
  • „За илјада мајки“ (англиски: For A Thousand Mothers) — песна на британската рок-група Џетро тал (Jethro Tull) од 1969 година.

Мајката како мотив во народната музика

  • „Да ми пукниш, стара мајко“ - македонска народна песна.
  • „Аир да не сториш, мајко“ - македонска народна песна.
  • „Сношти си дојдов од гурбет, мајко“ - македонска народна песна.

Поврзано

Користена литература

  • "The Evolutionary Biology of Human Female Sexuality", by Randy Thornhill, Steven W. Gangestad
  • "Motherhood - How should we care for our children?", by Anne Manne
  • "Mother nature: maternal instincts and how they shape the human species", by Sarah Blaffer Hrdy

Наводи

Tags:

Мајка Биолошка мајкаМајка Сурогат мајкаМајка Улогата на мајката во психолошкиот развој на дететоМајка та како тема во уметноста и во популарната култураМајка ПоврзаноМајка Користена литератураМајка НаводиМајкаБременостДете

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Крвна групаЕгипетски календарТангентен четириаголникДимче МешковскиМакедонски претседателски избори (2024)Даме ГруевСвети Климент ОхридскиБосна и ХерцеговинаТуризамХороскопски знациИзбори во МакедонијаКисел дождОпштина СарајСписок на птици во МакедонијаКрушевоСписок на главни градови во ЕвропаЗлосторство и казнаСписок на архаични зборови во македонскиот јазикЗаконодавна властКитовиТеодосиј СинаитскиВртоглавицаЦрн дробПрво заседание на АСНОМБедија БеговскаТартифСрцев ударКожуфКрушевска РепубликаМакедонски парламентарни избори (2014)Град СкопјеРаспад на СФРЈБлаже КонескиАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаСвети Наум (манастир)Поделба на властаБеспокојствоШестаголникСтевчо ЈакимовскиГордана Силјановска-ДавковаГерманска граматикаНикола ТеслаСребреницаДемократска унија за интеграцијаКоцкаЕлектрична енергијаФашизамМаксим ДимитриевскиРеферендум во Македонија (1991)Кочо РацинСолунски атентатиИнсектиВанчо МихајловОтоманска МакедонијаКозјак (езеро)Антибиотик со широк спектар на дејствоИнфективна мононуклеозаМакедонски ораФудбалКапитализамАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаАбортусХронична опструктивна белодробна болестУставен суд на МакедонијаВоен конфликт во Македонија (2001)Изборна единица 6Разловечко востаниеОпштина КарпошКурбан бајрамДождДекамеронКиро ГлигоровСтрумицаШеќерна болестРадовиш🡆 More