Кривогаштани: село во Општина , Македонија

Кривогаштани — село и административно седиште на истоимената општина, во околината на градот Прилеп.

Селото се наоѓа на двете страни на регионалниот пат 1306 помеѓу градовите Прилеп и Крушево.

Кривогаштани
Кривогаштани: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед на селото

Кривогаштани во рамките на Македонија
Кривогаштани: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја
Кривогаштани
Местоположба на Кривогаштани во Македонија
Кривогаштани на карта
Координати 41°20′9″N 21°19′59″E / 41.33583° СГШ; 21.33306° ИГД / 41.33583; 21.33306
Регион Кривогаштани: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Пелагониски
Општина Кривогаштани: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Кривогаштани
Област Прилепско Поле
Население 1.533 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 7524
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20053, 20553
Надм. вис. 607 м
Кривогаштани на општинската карта
Кривогаштани: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Кривогаштани во рамките на општината
Кривогаштани: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Кривогаштани на Ризницата

Потекло и значење на името

Народните преданија говорат за две легенди поврзани за името на селото Кривогаштани.

Според првата легенда, селото Кривогаштани, своето име го добило по некогашниот град, кој бил во непосредна близина на денешната населба, а се викал Крив Град. Градот се одликувал со криви, долги и тесни улички низ кои жителите, пред своите куќи, си ги сушеле „гаштите“, односно алиштата што ги носеле.

Втората легенда зборува дека жителите од Кривогаштани ги носеле своите „гашти“ (панталони) накриво, па поради тоа жителите од околните населби им се потсмевале, викајќи ги кривогаштанци. Интересно е да се напомене дека и денес жителите од некои соседни села не велат Кривогаштани и кривогаштанци туку „Кривограждани“ и „Кривогражданци“, што пак се поврзува со средновековниот Крив Град.

Географија и местоположба

Кривогаштани: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Парк пред општинското седиште

Селото е едно од поголемите села во Прилепското Поле, коешто лежи на неговиот краен западен дел, сместено на регионалниот пат 1306 помеѓу градовите Прилеп и Крушево. Неговиот атар се допира со подрачјето на Општина Крушево. Селото претставува административно седиште на истоимената општина. Селото е рамничарско, на надморска височина од 607 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 20 километри, додека од градот Крушево е оддалечено 11 километри, со што селото претставува вистинска раскрсница. Јужно од селото води асфалтен пат и за градот Демир Хисар, кој поминува низ повеќе села, додека на север води асфалтен пат кон селото Ропотово, од каде продолжува кон градот Македонски Брод.

Кривогаштани е големо и познато село во околината на Прилеп. Се наоѓа во западниот дел на Пелагонија. Околни села се Врбоец, Кореница, Свето Митрани, Крушеани и други. Низ селото поминува малата Крушевска Река. На запад од Кривогаштани е Бушева Планина, а на југ, исток и север се простира Пелагонија.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Ливади, Воденичиште, Коритница, Тумба, Крајни Рид, Градиште, Различиште, Млечеј, Шумковец и други.

Селото има збиен тип, составено од следниве делови: Карафиловци, Мојсовци, Кочоперовци, Рујановци и други. Имињата на овие делови се од главните родови.

Клима

Кривогаштани: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Станбена зграда
Кривогаштани: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Парк во Кривогаштани

Климата, како и во целата Пелагониска рамница, па така и во Кривогаштани е изменето средоземна. Врнежите се движат од 700 до 900 милиметри воден талог во текот на годината. Тие се најинтензивни во пролет и есен, а првиот снег обично паѓа кон крајот на ноември или во почетокот на декември. Ветровите дуваат во текот на целата година, но најинтензивно во пролет и есен.

Флора и фауна

Во непосредна близина на Кривогаштани, а особено на источната страна, кај Крајни Рид, Петочна Ричка, Градиште, Манастириште и Лозје доста е богато со животински свет, а најзастапен е ситниот дивеч: зајак, лисица, ласица и повеќе влекачи. А на источната страна, односно во областите кај реката Блато, околу која се наоѓаат областите Солунов Даб, Чаир и Ливаѓе има поголем број видови на птици како што се дивите гуски, дивите гулаби, дивите пајки, еребици и друго. Во самата населба се среќаваат цели јата на диви гулаби, чавки, гугутки, врапци, штркови, ластовици, а посебно внимание привлекуваат сивите чапји кои се населени на стариот даб во црквата „Св. Димитриј“, која се наоѓа во средишниот дел на селото. Сивите чапји доаѓаат во почетокот на март, а си одат во август.

Историја

Траги од старини се наоѓаат на месноста Градиште недалеку од селото. Таму биле наоѓани врчви, стари пари и друго. Такви остатоци биле наоѓани и на месноста Крајни Рид, каде денес има лозја.

Западно од селото се наоѓа месноста Манастириште, каде според народната традиција некогаш имало стар христијански храм. Тој бил срушен пред 150 години од Албанците муслимани. Тој храм се верува дека се викал „Св. Илија“ и бил подигнат во средновековниот период. На патот за соседното село Пресил се гледаат остатоци на стари гробови, каде во близина се наоѓа обновената црква „Воведение на Пресвета Богородица“.

Кривогаштани е старо село, што се гледа од зачуваните македонски родови. Селото е споменато како Кривогаштанех во грамота на царот Стефан Душан за манастирот Трескавец во 1337 година.

Во текот на XIX век со доселување станало прилично големо македонско село. Во овој период во Кривогаштани постоеле четири чифлици, а нивни сопственици биле: Саид-паша, Адем-ага, Устреф-ага и Демчо-ага. Саид-паша бил сопственик и на еден ан во Кривогаштани.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 14,9 км2. На него преовладуваат обработливите површини на површина од 1.215 хектари, на пасиштата отпаѓаат 315 хектари, додека шумско земјиште нема.

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото имало земјоделска задруга, има фабрички погони, услужни и угостителски објекти.

Во Кривогаштани се наоѓа еден од најголемите сточни пазари во Македонија.

Како култура во минатото во Кривогаштани во голема мера бил застапен и конопот, од кој се произведувале конопни влакна, кои во најголем дел се продавале на пазарот во Прилеп за потребите на ортомџиите, а помал дел ги користеле и самите жители за производство на ортоми, сиџими, огламници, па и постилачи за под, а и покривачи.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.913—    
19532.288+19.6%
19612.366+3.4%
19712.380+0.6%
19812.356−1.0%
ГодинаНас.±%
19912.191−7.0%
19941.950−11.0%
20021.870−4.1%
20211.533−18.0%
Кривогаштани: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Дефилето на манифестацијата „Денови на македонската народна носија“, која секоја година се одржува во Кривогаштани

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов од 1900 година, во селото Кривогаштани живееле околу 860 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кривогаштани имало имало 680 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 240 Македонци патријаршисти.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кривогаштани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 123 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.300 Македонци.

Кривогаштани е големо село, коешто во 1961 година имало 2.366 жители, од кои 2.356 биле Македонци, четворица Срби и двајца жители Хрвати. Во 1994 година селото броело 1.950 жители, од кои 1.947 биле Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Кривогаштани живееле 1.870 жители, од кои 1.860 Македонци, 8 Роми, 1 Србин и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.533 жители, од кои 1.493 Македонци, 2 Албанци, 1 Влав, 7 Срби, 4 останати и 26 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 860 920 1.913 2.288 2.366 2.380 2.356 2.191 1.950 1.870 1.533

Родови

Кривогаштани е чисто македонско село. Селото е многу старо и во него има зачувано староседелски родови.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1952 година родови во селото се:

  • Староседелци: Мојсовци (18 к.), Карафиловци (17 к.), Кочоперовци (17 к.), Папушковци (15 к.), Пологовци (9 к.), Митровци (8 к.), Путевци (6 к.), Џаферовци (5 к.), Чуриновци (5 к.) и Василевци (2 к.).
  • Родови доселени во ХVIII век: Везенковци (8 к.), доселени се од некое село Везенково во околината на Охрид; Рујановци (12 к.), доселени се од некое село во Охридско; Чавковци (10 к.), доселени се од Кичевско, најпрво се населиле во Годивле, а потоа дошле во Кривогаштани; Рикаловци (10 к.), доселени се од селото Единаковци, Железник; Бараковци (8 к.), доселени се од селото Бараково; Киселовци (14 к.), Станчевци (10 к.), Бурмузовци (8 к.), Корковци (8 к.), Лукаревци (7 к.) и Тркалевци (6 к.), се доселеници со непозната старина.
  • Родови доселени во XIX век и подоцна: Поповци (3 к.), доселени се од поречкото село Крапа, основачот на родот бил свештеник; Житошанци (6 к.), доселени се од селото Житоше; Базеровци (6 к.), доселени се од селото Годивле, нивниот доселен предок овде имал околу 100 кози; Џуцуловци (10 к.), Чорбевци (6 к.), Смутковци (6 к.), Коруновци (4 к.), Голевци (4 к.), Здравковци (6 к.), Клекачовци (4 к.), Комицовци (3 к.), Мојановци (3 к.), Пупуновци (3 к.), Рогушковци (2 к.), Амбаровци (2 к.) и Булдиновци (1 к.), се доселеници со непозната старина.

Иселеништво

Се знае за следните постари иселени родови од ова село. Родовите Ангелевци и Нешковци иселени се во селото Врбоец, Китановци и Киселовци иселени се во селото Обршани, Милевци иселени се во селото Бистренци, Патлиџановци и Придаеновци иселени се во селото Крушеани, Кривогавци иселени се во селото Новоселани, Ѕвездаковци иселени се во селото Кореница, Јолбашевци иселени се во градот Прилеп и други.

Општествени установи

  • Општина Кривогаштани
  • Основно училиште „Манчу Матак“, централно деветгодишно основно училиште
  • Градинка „Весело Штркче“
  • Пошта (7524)
  • Јавно комунално претпријатие „Пелагонија“
  • Полициска станица
  • Амбуланта
  • Ветеринарна станица
  • Дом на културата

Самоуправа и политика

Во XIX век, Кривогаштани било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Кривогаштани, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било седиште на тогашната Општина Кривогаштани.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Прилеп.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Кривогаштани, во која покрај селото Кривогаштани, се наоѓале и селата Врбоец, Годивле, Кореница, Крушеани, Локвени, Милошево, Свето Митрани и Подвис. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Кривогаштани, кога во нејзе се наоѓале селата Кривогаштани и Крушеани.

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 1510 и 1511 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект и основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.466 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.464 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта
    Цркви
    Споменици
  • Споменик во чест на НОБ.
  • Биста на народниот херој Манчу Матак во дворот на основното училиште
  • Крале Марков Камен — камен за кој се верува дека го фрлил Крале Марко

Редовни настани

Во Кривогаштани секоја година во март се одржува манифестацијата „Денови на македонската народна носија“. На манифестацијата која е од ревијален и натпреварувачки карактер учествуваат културно-уметнички друштва од цела Македонија.

Личности

    Родени во или по потекло од Кривогаштани
  • Милан Ѓурлуков — македонски револуционер.
  • Веле Богев Здравески — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Боше Стојанов Пупуноски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Тодор Димов Станчески — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Атанас Гудески (р. 1931) — универзитетски професор, специјалист во областа биологија и ботаника.

Култура и спорт

Новата банкнота на македонскиот денар од апоен во вредност од 2.000 денари содржи кривогаштанска невестинска носија изработена врз основа на цртеж на руската сликарка Олга Бенсон.

Во селото работи фудбалскиот клуб „Младост“.

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Кривогаштани Потекло и значење на иметоКривогаштани Географија и местоположбаКривогаштани ИсторијаКривогаштани СтопанствоКривогаштани НаселениеКривогаштани Општествени установиКривогаштани Самоуправа и политикаКривогаштани Културни и природни знаменитостиКривогаштани Редовни настаниКривогаштани ЛичностиКривогаштани Култура и спортКривогаштани ГалеријаКривогаштани НаводиКривогаштани ПоврзаноКривогаштани Надворешни врскиКривогаштаниКрушевоОпштина КривогаштаниПрилепРегионален пат 1306

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ПравославиеМарков манастирСредоземно МореОпштина ПрилепПтициБигорски манастирДржавни празници во МакедонијаБудизамОпштина Кисела ВодаВодаСузан АкбелгеПавле АрсоскиВелесМеѓународни празнициЗлатоСписок на културно наследство на МакедонијаЧовекови праваРенесансаНиколај Римски-КорсаковКрвЈане СанданскиВртоглавицаЛирикаМакедонски пасош’Ржаново (Струшко)Часовен појасКултураШизофренијаЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеЛоковСписок на државни знамињаВодно растениеПустина (роман)Струмички карневалИзборна единица 6Граматички категории на именките во македонскиот јазикОпштина СопиштеКуранГај Јулиј ЦезарШар ПланинаСписок на птици во МакедонијаМикеланџело БуонаротиСписок на главни градови во светотМалиот принцВекторВладимир АнгеловскиАлкалоид (претпријатие)Општина Чучер-СандевоЦветнициАртритисРевматоиден артритисПиту ГулиМорфологија на македонскиот јазикМавровоПодгорциСипанициИсторија на македонскиот народЗемји членки на Европската УнијаСписок на архаични зборови во македонскиот јазикСкопјеЕвгениј ОнегинПретседател на МакедонијаАпозиција во македонскиот јазикЧасовникСвети Климент ОхридскиСвета ПеткаМарио ЛеминаАнтон ПановГихтЛасерРимска кујнаБилјана ВанковскаКрсте Петков МисирковКонтинентГерманија🡆 More