Крапа: село во Општина Македонски Брод

Крапа — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Крапа
Крапа: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед на селото Крапа

Крапа во рамките на Македонија
Крапа: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Крапа
Местоположба на Крапа во Македонија
Крапа на карта
Координати 41°33′7″N 21°18′35″E / 41.55194° СГШ; 21.30972° ИГД / 41.55194; 21.30972
Регион Крапа: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Југозападен
Општина Крапа: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Македонски Брод
Област Порече
Население 38 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 6530
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03026
Надм. вис. 1.020 м
Крапа на општинската карта
Крапа: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Крапа во рамките на општината
Крапа: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Крапа на Ризницата

Географија и местоположба

Крапа: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Дел од селото, во позадина новиот Крапски манастир

Селото се наоѓа во областа Порече, во источниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, чиј атар се издига до сртот на планината Даутица. Селото е планинско, на надморска височина од 1.020 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 14 километри.

Селото има мошне голем атар, кој зафаќа простор од 44,4 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 2.864 хектари, на шумите отпаѓаат 1.744 хектари, а на обработливото земјиште 215 хектари.

До селото води асфалтиран пат, кој се двои од регионалниот пат кој води до градот Прилеп, во непосредна близина на историското село Барбарас.

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) со 44 семејства, 3 неженет и 1 вдовица, сите христијани.

Во XIX век, Крапа било село во Прилепската каза на Отоманското Царство, иако географски припаѓа на Поречието.

Вкупно 9 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Селото има мешовита земјоделска функција.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948704—    
1953764+8.5%
1961612−19.9%
1971390−36.3%
1981183−53.1%
ГодинаНас.±%
1991113−38.3%
199493−17.7%
200269−25.8%
202138−44.9%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Крапа имало 600 жители, сите Македонци. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Крапа имало 560 жители.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Крапа се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 65 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 600 Македонци.

Од Крапа се иселил значителен дел од населението, па затоа во него бројот на население се намалил од 612 жители во 1961 година, на само 93 жители во 1994 година, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Крапа имало 69 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 38 жители, од кои 32 Македонци и 6 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 600 560 704 764 612 390 183 113 93 69 38

Родови

Крапа е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.

Староседелски родови во селото се: Степановци (11 к.) и Мазневци (26 к.).

Доселенички родови се: Богојевци (4 к.) се од Крапска Бара во Прилепско Поле; Дурдевци (14 к.) доселени се од Костур или Костурско во Егејска Македонија; Којовци (12 к.) доселени се од Крушево или Крушевско; Шарковци (7 к.), Јановци (4 к.) и Мојсовци (1 к.) потекнуваат од ист предок, и доселени се од селото Браилово, Прилепско; Сидоровци (4 к.) доселени се од Саждево, Прилепско; Ѓинкаровци (4 к.) доселени се исто така од Саждево; Стојановци (2 к.) доселени се од селото Пашино Рувци; Димановци (6 к.) доселени се од Локвица; Трпевци (2 к.) доселени се од раселеното село Барбарос; Крстевци (1 к.) доселени се, али не сакале да кажат од каде.

Самоуправа и политика

Крапа: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поглед на Крапска Река

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Брод.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Дебреште, во која влегувале селата Дебреште, Јакреново, Крапа, Кошино и Саждево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дебреште, во која покрај селото Крапа се наоѓале селата Барино, Дебреште, Жабјани, Јакреново, Кошино, Лажани, Ропотово и Саждево.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Дебреште.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0230 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 34 гласачи. На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 29 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Крапа: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Главната селска црква „Св. Никола“
    Археолошки наоѓалишта
    Цркви
    Манастири
    Реки
    Пештери

Личности

    Родени во Крапа
    Починати во Крапа

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Крапа Географија и местоположбаКрапа ИсторијаКрапа СтопанствоКрапа НаселениеКрапа Самоуправа и политикаКрапа Културни и природни знаменитостиКрапа ЛичностиКрапа ГалеријаКрапа НаводиКрапа Надворешни врскиКрапаМакедонски БродОпштина Македонски БродПорече

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Географија на МакедонијаПротестантствоОпштина СтругаШведскаЛила СтојановскаБалканска приказна (ТВ-серија)УС Сасуоло КалчоАна ФранкМалиот принцФилиз АхметЛеополд I (Свето Римско Царство)Ѓорѓи КолозовОпштина Маврово и РостушеГрб на МакедонијаИстанбулШенген-зонаРимаМејозаСтрептококен фарингитисСписок на македонски филмовиДонтов методПожарПретседател на МакедонијаЕрнест ХемингвејИсак ЊутнДен на шегатаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаМислешевоОпштина ВаландовоГоран БреговиќРевизор (комедија)Македонска радио-телевизијаМакедонска кујнаЖелезоМакедонски парламентарни избори, 2006Состојба на материјатаРомантизамПрекршување (физика)Јордан Хаџи Константинов-ЏинотБрод (пловило)Чума (појаснување)РомбОбединети нацииГалијаМакедонски претседателски избори (2019)КактусиВирусЕгејска МакедонијаСолиТранспирацијаБугаријаПиту ГулиБитолаКиро ГлигоровДванаесет АпостолиЃомлезеМакедонски парламентарни избори (2024)ЗбаждиХајди (роман)Македонски парламентарни избори (2008)ПчелиБедија БеговскаОпштина ЛипковоЗНАМЕгипетКристијано РоналдоЉубовМакедонијаTrackBackТоме АрсовскиБаснаПартија за целосна еманципација на РомитеДрамска уметностШвајцаријаАвстријаТоплинаРак на желудник🡆 More