Комунистичка Партија На Кина

Комунистичка партија на Кина или КПК (кинески: 中国共产党; пинјин: Zhōngguó Gòngchǎndǎng) — државотворна и владејачка партија во Народна Република Кина.

Иако формално владее во коалиција со Обединетиот фронт на други партии, во практика, КПК раководи со земјата во еднопартиски систем, запазувајќи ја унитарноста на управата и централизмот на државата, војската и медиумите. Правото на владеење на партијата е втемелено во уставот на државата, и истата е поставена над законот, што се должи на нејзините ленинистички корени. Тековен партиски водач е Си Ѓинпинг, кој е на функцијата Генерален секретар на Централниот комитет.

Комунистичка партија на Кина
中国共产党
кинески name中国共产党
Генерален секретарСи Ѓинпинг
Постојан комитет на политбиротоСи Ѓинпинг
Ли Кеќанг
Џанг Деѓанг
Ји Џенгшенг
Љу Јуеншан
Ванг Чишан
Џанг Гаоли
Основана1 јули 1921 (1921-07-01)
ШтабЏунгнанхај, Пекинг
МладинаСојуз на комунистичката младина на Кина
Млади пионери на Кина
Членови  (крај на 2012)85.127.000
Идеологијамаоизам,
марксизам-ленинизам,
денгизам,
три претстави,
научен развој
Меѓународна припадностКоминтерна (порано)
Меѓународна средба на комунистички и работнички партии
Национално народно собрание
2.099 / 2.987
Мрежно место
cpc.people.com.cn
Знаме
Комунистичка Партија На Кина
Политика на НР Кина
Политички партии
Избори
Народна Република Кина
Комунистичка Партија На Кина

Оваа статија е дел од темата:
Политика на Кина



Податотека:XVII Congress CPC (foto 3).JPG
XVII собрание на КПК во 2007 г

Во текот на нејзината историја како владејачка партија, покрај официјалниот марксизам-ленинизам, во партијата постојат и неоформални табори со олигархиски карактер што застапуваат потрошувачки и неолиберални гледишта, како и левичарски табори што ѝ го оспоруваат правото на партијата и другите табори.

Партијата е основана во јули 1921 г. во Шангај. По долготрајната граѓанска војна, КПК извојувала победа над Куоминтангот и во 1949 г. завладеала со цела континентална Кина. Куоминтангот се повлекол на островот Тајван, со кој владее и денес.

Историјата на партијата пред и по основањето на НР Кина бележи разни борби за превласт на идеологиите, од кои најдраматична е деструктивната Културна револуција. Во прво време партијата членувала во Коминтерната, но во 1960-тите дошло до идеолошко разидување со Комунистичката партија на СССР и раскинување на меѓусебните врски. Во следниот период, партиската идеологија доживеала преобразба под водство на Денг Сјаопинг, усвојувајќи го моделот на пазарна економија, што овозможил силен и долготраен економски раст и развој.

КПК е најголемата политичка партија на светот, со повеќе од 80 милиони членови кон крајот на 2010 г. или 6,0% од населението. Речиси сите функционери и чиновници во државната и воената управа се членови на партијата. Почнувајќи од 1978 г., партијата настојува да ги институционализира сите политички промени, обраќајќи големо внимание на целовитоста на структурата. Денес таа полага особено значење на единството во партијата, избегнува секакви јавни судири и функционира по пат на отворен демократски централизам.

Организација

Организациската структура на партијата доживеала колапс за време на Културната револуција, пред да биде повторно изградена од Денг Сјаопинг, кој го вратил државниот апарат во рацете на партијата.

Во теорија, највисокиот орган на партијата е Националниот конгрес на КПК, кое се состанува барем еднаш на пет години. Најважни органи уредени со уставот на партијата се:

Организации во надлежност на Централниот комитет

Други централни организации во непосредна надлежност на Централниот комитет на партијата се:

  • Општа служба
  • Централно организациско одделение;
  • Централно одделение за пропаганда;
  • Централно одделение за меѓународни врски;
  • Централно одделение за работа со Обединетиот фронт;
  • Централна служба за политичко истражување;
  • Централна служба за работа со Тајван;
  • Централна служба за односи со јавноста;
  • Централна безбедносна служба;
  • Централно партиско училиште;
  • Народен дневник“ (партиско гласило);
  • „До вистината преку фактите“;
  • Центар за истражување на историјата на партијата;
  • Партиски центар за истражување;
  • Централна служба за составување и превод

Покрај ова, постојат разни одбори и предводни групи со партиска и државна надлежност. Во нив членуваат повисоките државни функционери заклучно со претседателот и премиерот. Најважни се:

  • Комисија за политички и законодавни работи на ЦК на КПК;
  • Централна предводна комисија градење на духовна цивилизација (пропагандна комисија);
  • Централен одбор за опфатно раководење со општествениот поредок;
  • Државен одбор за реформи во јавниот сектор;
  • Централна предводна група за финансови работи;
  • Централна предводна група за финансово-економски работи;
  • Централна предводна група за тајвански работи;
  • Централна предводна група за надворешни работи;
  • Централна предводна група за државна безбедност;
  • Централна предводна група за рурални работи;
  • Централна предводна група за градење на партијата;
  • Централна предводна група за пропагандно-идеолошки работи;
  • Централна предводна група за борба против порнографијата и протизаконските изданија;
  • Централна предводна група за спречување на и справување со отстапничките организации (особено Фалун гунг);
  • Централна предводна група за запазување на стабилноста;
  • Централна предводна група за системски реформи во културата;
  • Централна предводна група за хонгконшки и макајски работи;
  • Централна предводна група за борба против митото;
  • Централна предводна група за заштита на партиските тајни;
  • Централна предводна група за унапредување на партиската организација меѓу народот и обука на партиските членови;
  • Централна предводна група за работа со Тибет;
  • Централна предводна група за работа со Синѓанг;
  • Централна предводна група за противкорупциско воспитување.

Секои пет години партијата свикува Национален конгрес со две формални функции: да разгледува и усвојува измени во уставот на партијата и да избира Централен комитет со околу 300 члена. Централниот комитет пак, ги избира членовите на Политбирото. Во практика, составот на Централниот комитет и Политбирото се определува пред свикувањето на собранието, а главната цел на самото собрание е да ги објави целите и плановите на партијата за следните неколку години.

Центарот на моќта во партијата е содржан во Постојаниот комитет на Политбирото. Членовите на овој комитет и Политбирото се определуваат зад затворени врати вон собранието. Новиот состав на врховното раководство се објавува на заобиколен начин преку распоредот на портретите во партиското гласило „Народен дневник“. Бројот на членови на Постојаниот комитет се разликува во зависност од мандатот, со тенденција на зголемување.

Постојат уште две партиски организации од клучно значење: формалната управа (влада) и Народноослободителната армија (вооружените сили на Кина). Главните органи што вршат надзор и контрола на војската се Централниот воен комитет и Општото политичко одделение.

Покрај нив, постојат советодавни комитети како Народното политичко советодавно собрание.

Табори

Според стручната јавност, партијата има два табора. Едниот е наречена „Шангајска клика“ или „Елитисти“ и се состои од функционери што дошле на позициите од понапредните покраини. Другиот се нарекува „Народна клика“ и се состои од функционери што се издигнале во хиерархијата претежно од руралната внатрешност, преку учество во Сојузот на комунистичката младина на Кина. Помали неформални групи се „Чингхуа“ и погрдно наречените „Престолонаследници“, кои се деца или роднини на претодни функционери. Двата табора се надополнуваат и имаат свои стручности и не дозволуваат соперништвото да ѝ наштети на партијата. Ова е постигнато благодарение на мошне претпазливиот пристап за да се добие рамнотежа помеѓу таборите. Ваквата поставеност на власта се нарекува „една партија, два табора“.

Дисциплина

Установата задолжена за борба против корупција е Централната комисија за дисциплинска инспекција, која врши истрага и ги гони осомничените во доверливи услови. Нејзините овластувања и надлежности се независни од редовната полиција и редовното судство бидејќи така би подлежеле на влијанија и ургенции од локалните кадри. Во методите спаѓаат силни притисоци и закани од физички и психолошки карактер. Системот е многу успешен во борбата против корупцијата, отстранувајќи голем број на корумпирани функционери, меѓу кои и некои многу моќни државници.

Историја

Комунистичка Партија На Кина 
Местото каде се одржалo првиот собрание (конгрес) на КПК (јули 1921) во Шангај.
Комунистичка Партија На Кина 
Пано во чест на Денг Сјаопинг и неговата замисла за Кина.

Партијата води потекло од Четворомајското движење (1919), со кое интелектуалците усвоиле радикални идеологии како анархизмот и комунизмот. Идеологијата на КПК претрпела големи измени од нејзиното основање и доаѓање на власт во 1949 г. до денес. Револуцијата на Мао Цетунг на која почивала партијата номинално се засновала на марксизам-ленинизам со осврт на руралните подрачја како главна проблематика во земјата во тоа време. Во текот на 1960-тите и 1970-тите, партијата претрпела голем идеолошки пресврт и ги раскинала врските со Комунистичката партија на СССР под водство на Никита Хрушчов и Леонид Брежнев. Според тогашната Маова селанска идеологија, државата треба да биде под „постојана и непрекината револуција со диктатура на пролетаријатот“. По успехот на социјалистичката револуција, на дневен ред дошла културата во земјата, доведувајќи до Културната револуција. Овој спој на идеи подоцна е наречен маоизам, силна идеологија во противположба на советскиот „марксистички ревизионизам“.

Меѓутоа, по смртта на Мао во 1976 г., новиот водач Денг Сјаопинг покренал темелни економски реформи, воведувајќи „социјализам со кинески одлики“. Отфрлајќи ги „крајно левичарските“ елементи од маоизмот, Денг ги предводел реформите со тврдењето дека социјализмот не е спротивен на и нескладен со пазарната економија. Системот останал еднопартиски и авторитарен, но промените во политиката донеле значаен економски раст и развој. Меѓутоа, самата идеологија се судрила со маоистите и прогресивните либерали. Овие несогласување, заедно со други општествени фактори, довеле до познатите протести на плоштадот „Тјенанмен“ во 1989 г. Денговата замисла за успешни економски остварувања и новиот социјалистички пазарен модел биле усвоени и втемелени во уставот на партијата од 1997 г. како идеологијата денгизам.

Раководството од „третото поколение“ на чело со Џанг Цемин, Џу Женгџи и нивните колеги продолжиле да ја водат земјата според начелата на денгизмот, дополнета со повторното заживување на кинескиот национализам во 1990-тите и негово неформално прифаќање како начело на партијата. Како дел од Џанговата оставнина, во 2003 г. партијата ги усвоила неговите „три претстави“ како идеолошки начела, каде се бара партијата да ги претставува (застапува) „напредните производни сили, прогресивната насока на кинеската култура и фундаменталните интереси на народот.“ Постојат различни толкувања за овие начела, меѓу кои и она со кое се дава легитимитет навлегувањето на олигарси во партијата.

Постојаната и исклучива насоченост кон економскиот развој довела до најразлични сериозни општествени проблеми. Раководството од „четвртото поколение“ предводено од Ху Ѓинтао и Вен Ѓабао стапило на сцената во 2003 г. со обид да го измени овој неповолен тренд со мешан пакет од економско-социјални мерки. Оваа нова идеологија подразбирала создавање на „социјалистичко складно општество“ преку концептот на научен развој.

Со текот на економската либерализација, моќта на партијата врз државата постепено се намалувала. Со сите меѓувремени измени, денешната КПК нема многу сличности со начелата на нејзините основачи. Во 2000-тите, партиското раководство ја разгледуало можноста за отфрлање на поимот „комунистичка“ од името на партијата, но решиле да не ја направат ваквата промена, плашејќи се дека ќе има одметнати политичари што ќе основаат нова комунистичка партија. Највеќето комунисти денес ја осудуваат КПК како капиталистичка. Особено спротивставени на нејзината политика се антиревизионистите и приврзаниците на Кинеската нова левица во рамките на самата партија.

КПК раководи со земјата во еднопартиски систем на управување, со тоа што постојат и други партии, кои одговараат на Одделението за работа со Обединетиот фронт и не се независни и опозициски. Опстојувањето на еднопартискиот систем се делумно должи на антиколонијалната и „народноослободителна“ историска улога на партијата, како и поради искуствата од масовните безредија и уништувања за време на Културната револуција, кога политичката клима била јасно спротивставена на партијата.

Тековно раководство

Членовите на Постојаниот комитет на Политбирото на ЦК на КПК се:

Бр. Слика Информации Партиски функции Функции
I
Комунистичка Партија На Кина 
Си Ѓинпинг
Име Си Ѓинпинг Генерален секретар на ЦК на КПК
Претседател на Централниот воен комитет на КПК
Претседател на НР Кина
Претседател на Централниот воен комитет на НР Кина
Родно место Сиченг, Пекинг
Пратеник од Шангај
Членува од 22 октомври 2007
II
Име Ли Кеќанг Партиски секретар на Државниот совет на НР Кина Премиер на Државниот совет на НР Кина
Родно место Дингјуен, Анхуеј
Пратеник од Шандунг
Членува од 22 октомври 2007
III
Комунистичка Партија На Кина 
Џанг Деѓанг
Име Џанг Деѓанг Партиски секретар на Постојаниот комитет на Националното народно собрание Претседател на Постојаниот комитет на Националното народно собрание
Родно место Тајан, Љаонинг
Пратеник од Џеџанг
Членува од 15 ноември 2012
IV
Комунистичка Партија На Кина 
Ји Џенгшенг
Име Ји Џенгшенг Партиски секретар на Националниот комитет на Народното политичко советодавно собрание Претседател на Националниот комитет на Народното политичко советодавно собрание на Кина
Родно место Шаосјинг, Џеџанг
Пратеник од Хубеј
Членува од 15 ноември 2012
V
Комунистичка Партија На Кина 
Лиу Јиншан
Име Лиу Јиншан Прворангиран Секретар на Секретаријат на ЦК на КПК
Претседател на централната предводна комисија за изградба на духовна цивилизација
Претседател на Централното партиско училиште на КПК
 
Родно место Бајрак Десен Тумед, Внатрешна Монголија
Пратеник од Внатрешна Монголија
Членува од 15 ноември 2012
VI
Комунистичка Партија На Кина 
Ванг Чишан
Име Ванг Чишан Секретар на Централната комисија за дисциплинска инспекција  
Родно место Тјанџен, Шанси
Пратеник од Пекинг
Членува од 15 ноември 2012
VII
Комунистичка Партија На Кина 
Џанг Гаоли
Име Џанг Гаоли Заменик-партиски секретар на Државниот совет на НР Кина Прв вицепремиер на Државнот совет на НР Кина
Родно место Џинџанг, Фуџен
Пратеник од Тјенѓин
Членува од 15 ноември 2012

Членови на Политбирото на ЦК на КПК:

Членови на Политбирото на XX ЦК на Кинеската комунистичка партија
Име Кинески ЧС Роден ПЧ Родно место Образование Бр. на функции Нав.
Ванг Ји 王毅 нов 1953 1981 Пекинг постдипл.
Ванг Хунинг 王沪宁 стар 1955 1984 Шангај постдипл.
Динг Сјуесјанг 丁薛祥 стар 1962 1984 Ѓангсу постдипл.
Јин Ли 尹力 нов 1962 1980 Шандунг постдипл.
Јуен Ѓаѓуен 袁家军 нов 1962 1992 Ѓилин постдипл.
Ли Ганѓе 李干杰 нов 1964 1984 Хунан постдипл.
Ли Ќанг 李强 стар 1959 1983 Џеѓанг постдипл.
Ли Си 李希 стар 1956 1982 Гансу постдипл.
Ли Хунгџунг 李鸿忠 стар 1956 1976 Шенјанг постдипл.
Ли Шулеј 李书磊 нов 1964 1986 Хенан постдипл.
Љу Гуоџунг 刘国中 нов 1962 1986 Хејлунгѓанг постдипл.
Ма Сјингжуеј 马兴瑞 нов 1959 1988 Хејлунгѓанг постдипл.
Си Ѓинпинг 习近平 стар 1953 1974 Пекинг постдипл.
Хе Вејдунг 何卫东 нов 1957 1978 Фуѓен додипл.
Хе Лифенг 何立峰 нов 1955 1981 Гуангдунг постдипл.
Хуанг Кунминг 黄坤明 стар 1956 1976 Фуѓен постдипл.
Цај Ќи 蔡奇 стар 1955 1975 Фуѓен постдипл.
Чен Венќинг 陈文清 нов 1960 1983 Сечуан постдипл.
Чен Ѓининг 陈吉宁 нов 1964 1984 Љаонинг постдипл.
Чен Минер 陈敏尔 стар 1960 1982 Џеѓанг постдипл.
Џанг Гуоќинг 张国清 нов 1964 1984 Хенан постдипл.
Џанг Јоусја 张又侠 стар 1950 1969 Пекинг постдипл.
Џао Леѓи 赵乐际 стар 1957 1975 Шандунг постдипл.
Ши Тајфенг 石泰峰 нов 1956 1982 Шанси постдипл.


Members of the Секретаријат на ЦК на КПК:

Водачи на партијата

Комунистичка Партија На Кина 
Портрет на Мао Цетунг над влез во Забранетиот град.

Од 1921 до 1943 г. на чело на партијата стоел Генерален секретар на КПК:

  • Чен Дусју (1921–1922 и 1925–1927)
  • Чи Чубај (1927–1928)
  • Сјанг Џунгфа (1928–1931)
  • Ли Лисан (в.д., 1929–1930)
  • Ванг Минг (в.д., (1931)
  • Бо Гу, наречен и Чин Бангсјен (в.д., 1932–1935)
  • Џанг Вентјен, наречен и Луо Фу (в.д., 1935–1943)

Во 1943 г. е создадена функцијата Претседател на КПК.

  • Мао Цетунг (1943–1976)
  • Хуа Гуофенг (1976–1981)
  • Ху Јаобанг (1981–1982)

Во 1982 г. е укината функцијата „претседател“ и функцијата генерален секретар (која ја извршувало истото лице) повторно станала врховна.

Поврзано

Наводи

  • McGregor, Richard. The Party: The Secret World of China's Communist Rulers. Harper Perennial: New York, 2012. ISBN 978-0-06-170876-3.
  • Yoshihiro, Ishikawa. The Formation of the Chinese Communist Party translated by Joshua A. Fogel (Columbia University Press; 2012) 503 pages; A study of the party's creation that documents its foreign associations; draws on newly released documents in Chinese, Japanese, and Russian.

Надворешни врски

Tags:

Комунистичка Партија На Кина ОрганизацијаКомунистичка Партија На Кина ИсторијаКомунистичка Партија На Кина Тековно раководствоКомунистичка Партија На Кина ПоврзаноКомунистичка Партија На Кина НаводиКомунистичка Партија На Кина Надворешни врскиКомунистичка Партија На КинаГенерален секретар на Комунистичката партија на КинаКинески јазикНародна Република КинаПинјинСи ЃинпингУнитарна држава

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ФотосинтезаМеѓународни празнициНационален парк МавровоБилјана ВанковскаИзборна единица 9Балканска приказна (ТВ-серија)ЖивотниПотенцијална енергијаПротестантиСвети Климент ОхридскиКиро ГлигоровРамностран триаголникМарокоПовикувачки броеви во МакедонијаОдбојкаПрво заседание на АСНОМВизантијаПовикот на дивинатаПере ТошевДислексијаБалетОпштина БитолаСписок на градови во Македонија по населениеКалиштаПредмет (граматика)Уставен суд на МакедонијаПипи Долгиот ЧорапНачалник на Генералштабот на АРМЕпикаРаички манастирГуливеровите патувањаМбутска митологијаХороскопски знациОктомвриска револуцијаОливера НиколоваОпштина Гази БабаЛимфоцитСтара ГрцијаПожарОхридско ЕзероХемоглобинВодно растениеЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеОпштина СарајОхридПаризСмртна казнаЏастин БиберПтициИстанбулЕтанолРогачРомантизамНезависна Држава МакедонијаМакедонски парламентарни избори, 2006Катица ЌулавковаСписок на македонски филмовиСтевчо ЈакимовскиОпштина ЗелениковоЖичени инструментиАлгиПопис на населението во Македонија (2021)Општина ПробиштипСтрумички карневалТапанБиблијаХипертензијаРастенијаБранко ЦрвенковскиАртритисБаснаВртоглавицаХепатит ЦРобинзон КрусоБескрајна приказнаИлинденско востание🡆 More