Килски Залив

Килски Залив (германски: Kieler Bucht; дански: Kiel Bugt) — залив во југозападниот дел на Балтичкото Море, долж брегот на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн во Германија и островите на Данска.

Поврзан е со Мекленбуршкиот Залив во источниот дел, Малиот Белт во северозападниот дел и Големиот Белт во северниот дел.

Килски Залив
Килски Фјорд и Килскиот Залив
Килски Залив
Внатрешниот фјорд на Кил
Килски Залив
Местоположба на Килскиот Залив во однос на Балтикот.

Поморскиот сообраќај кој влегува или излегува во Балтичкото Море преку двата Белта мора да влезат во заливот. При влез, сообраќајот оди кон друг проток, оној кај островот Фемарн, а подоцна во Мекленбуршкиот Залив, кој потоа се отвора во Балтичкото Море. Во другата насока, сообраќајот или поминува низ Големиот Белт, долж Лангеланд или поминува низ Килскиот Фјорд и преку Килскиот Канал директно во устието на реката Елба и во Северното Море. Килскиот Фјорд завршува кај Кил, главниот град на покраината Шлезвиг-Холштајн.

Географија

Југозападниот брег на заливот е брегот на Шлезвиг-Холштајн. Заливот започнува со морскиот ракав Шлај, соленикав естуар, на чиј крај се наоѓа градот Шлезвиг. На самиот брег се наоѓаат и два други помали заливи: Екернфердскиот Залив и Фленсбуршкиот Фјорд. Во северниот дел се наоѓаат данските острови Алс, Ере и Лангеланд.

Килски Фјорд

Килскиот Фјорд, заштитен од заливот на југ, е долг околу 17 километри и широк 1 километар на нејзината најтесна точка. Стратешката положба на Кил, на крајот на фјордот, му овозможил силен стопански развој. Прераснал во големо бродоградилиште, поради што бил примарна цел на сојузничкото бомбардирање при Втората светска војна. Пред основањето на Кил во 1242 година и изградбата на утврден град таму, областа не можела да се развие поради нападите од Викинзите. Меѓутоа, сите археолошки наоди од нив, или се наоѓаат под градот или биле уништени одамна.

Екернфердски Залив

Екернфердскиот Залив е долг 16 километри, оддалечен околу десет километри од Килскиот Фјорд. Границата со Килскиот Фјорд е кај светилникот Билкер. Некогашниот пошумен полуостров Денишер Волд помеѓу Килскиот Фјорд и Екернфердскиот Залив се наоѓала пограничната област помеѓу Сасите и Данците во средниот век. Северно од Екернфердскиот Залив се наоѓа полуостровот Шванзен; на крајот на заливот се наоѓа градот Екернферде. Самиот Залив бил домаќин на настаните во едрење на Летните олимписки игри 1936 во Берлин.

Шлај

Шлај е морски ракав („затон“), долг 42 километри, ја создава границата помеѓу историските области и полуострови Ангелн и Шванзен. Овој дел од заливот бил домаќин на настаните во едрење на Летните олимписки игри 1972 во Минхен.

Фленсбуршки Фјорд

Фленсбуршкиот Фјорд е долг околу 50 километри. Создава дел од границата помеѓу Германија и Данска и ја одбележува северната граница на Ангелн.

54°31′12″N 10°24′24″E / 54.52000° СГШ; 10.40667° ИГД / 54.52000; 10.40667

Tags:

Килски Залив ГеографијаКилски ЗаливБалтичко МореГерманијаГермански јазикДанскаДански јазикЗаливМекленбуршки ЗаливШлезвиг-Холштајн

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ДалијаОпштина ГостиварХипотироидизамФК Шкендија ТетовоКарлес ПуџдемонСписок на државни знамињаХомеопатијаВиолинаАлександар III МакедонскиСкорпија (хороскопски знак)Општина БеровоСписок на градови во Македонија по населениеНикола Димитров (дипломат)КожлеКатастарски општини во МакедонијаУкраинаПаневропски коридор VIIIКиро ДоневАкутен бронхитисСулејман ВеличествениотИталијаБосна и ХерцеговинаСтрумицаРадио-телевизија СрбијаОслободителна Народна АрмијаШехзаде Бајазит (син на Сулејман I)ЕпилепсијаХипертироидизамОвулацијаАвстралијаЛисабонски договорАвантурите на Пинокио29 априлАнета МицевскаЗабКалеш АнѓаУмаДоста ДимовскаБолести и аномалии на очитеСписок на тегоби и болки на стапалатаРефет АбазиПремиер лига на АнглијаРимска култураЈелена РозгаСписок на македонски филмовиКристијано РоналдоМакедонски ораУнгаријаДуховденИнсектиМавровоФилмЃокица ЛукаревскиМоскваКичевоСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001ФК МиланДневникот на Ана ФранкОпштина КичевоАли АхметиТројанска војнаВитамин Б6ГлуварчеФК РомаМакедонски БродМечкаМакедонско ракописно писмоГемиџииМладост (езеро)Бик (хороскопски знак)ШведскаКуниЗбогум Румелија (ТВ-серија)Пирамида (геометрија)Пелинце🡆 More