Катарство (од грчки: καθαροί, Чисти) — христијанско движење кое се проширило и опстојувало во Европа во периодот од XI до XIV век.
Според некои претпоставки, катарството имало словенски корени. Се смета дека тоа настанало под притисок на богомилското учење од Македонија. Римокатоличката црква ова движење го прогласила за ерес и нејзините претставници ги прогонувала поради нивните убедувања.
Гностицизам | |
---|---|
This article is part of a series on Гностицизам | |
Историја на гностицизмот | |
Ран гностицизам | |
Сириско-египетски гностицизам | |
Гностицизам во денешно време | |
Отци | |
Филон Александриски | |
Симон Врач | |
Серинтиј | |
Валентин | |
Василид | |
Гностички текстови | |
Гностички евангелија | |
Гностицизам и Новиот завет | |
Поврзани статии | |
Гносис | |
Неоплатонизам и гностицизам | |
Мандејство | |
Манихејство | |
Босанска црква | |
Езотерично христијанство | |
Гностицизам Portal |
Папа Инокентиј III организирал крстоносна војна против катарството, кое прераснало во четириесетгодишна војна против населението на Лангдок, Франција. Така, околу 500.000 луѓе биле масакрирани, а нивните имоти биле припоени кон Франција.
Катарството своите корени ги имало од Богомилите. На запад ова движење се проширило преку Далмација до Италија и Франција. Голем дел од словенските апокрифи биле преведувани на латински јазик, и истите кружиле помеѓу катарите.
Тие биле споредени со „западните будисти“, бидејќи нивното толкување на учењето за воскресението на Исус била, всушност, слична на будистичката доктрина за реинкарнација. Катарите сметале дека човечките души биле бесполови духови на ангели заробени во физичка состојба и дека за да го вратат ангелскиот статус морале да се откажат од материјалното. Сè додека не го сториле тоа, тие ќе останат заглавени во циклусот на преродба, осудени да живеат на расипаната Земја.
Убиството беше сметано за гнасно. Војната и смртната казна биле осудени - абнормалности во средновековна Европа. Во свет каде што малкумина можеа да читаат, нивното отфрлање на положувањето на свечената заклетва нив ги означи како социјални револуционери.
Се смета дека Катарството им ги давало на жените најголемите можности за независност откако жените станале верници, како и Перфекти, кои беа во можност да ја администрираат светата тајна консоламентум. Катарите верувале дека ќе бидат постојано реинкарнирани сè додека не се откажат од материјалниот свет, што значи дека маж може да се реинкарнира како жена и обратно, рендерирајќи го родот потполно бесмислен. Духот е од исклучително значење за катарите и беше опишан како нематеријален и безполов. Поради ова верување, катарите ги сметале жените за подеднакво способни да бидат духовни водачи, со што го поткопуваат самиот концепт на родот одржан од страна на Католичката црква и ова не останало незабележано.
Жените кои беа обвинети за ерес од Христијанството од почетокот на средниот век биле оние етикетирани како Гностици, Катари, Бегвини како и неколку други групи кои понекогаш беа измачувани и погубени. Катарите, како и нивните претходници Гностиците, и доделиле повеќе важност на улогата на Марија Магдалена во ширењето на раното христијанство од Црквата. Нејзината витална улога како наставник придонесе за Катарското верување дека и жените можат да бидат духовни водачи. Со голема почит за Евангелието според Јован, катарите ја сметале Марија дури и за поважна од Свети Петар, основачот на црквата.
Катарското движење беше исклучително успешно во стекнување на женски следбеници, поради своите протофеминистички учења како и поради општото чувство на исклученост од Католичката црква. Катарството привлекло голем број жени со ветување на свештеничка улога која Католичката црква не ја дозволи. Катарството дозволи жените да станат Перфекти на верата, позиција со далеку повеќе престиж отколку било која понудена од Црквата. Овие женски Перфекти требале да се придржуваат на строг и аскетски начин на живот, но сепак биле во можност да имаат свои куќи. Во некои групи на катари дури имало повеќе жени отколку мажи.
„Катарство“ на Ризницата ? |
Наводи
Библиографија
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Катарство, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.