Русија Иван Iv

Иван IV Василевич (руски: Ива́н Четвёртый, Васи́льевич), познат како Иван Грозни (руски: Ива́н Гро́зный) (роден на 25 август 1530 во Москва – починал на 28 март 1584 во Москва) бил голем кнез на Москва од 1533.

Епитетот „Грозни“ повеќе се однесувал на моќта, силата и строгоста, отколку на лошотија, грдотија или суровост. За време на неговото владеење посебно до израз дошле царскиот апсолутизам и централизација на земјата во која дотогаш големо значење имале угледните семејства. Со тоа ја започнал преобразбата на Русија во голема сила. Тој е првиот владетел што се прогласил за цар на цела Русија, во 1547 година.

Иван IV Грозни
Цар на цела Русија
Русија Иван Iv
Портрет на Иван Грозни од Виктор Васнецов, 1897.
На престол3 декември 1533 - 28 март 1584
Крунисување16 јануари 154
ПретходникВасилиј III
НаследникФјодор I
СопружникАнастасија од Русија
венчани 1547, починала 1560
Марија Темрјуковна
венчани 1561, починала 1569
Марфа Собакин
венчани 1571., починала 1571
Ана Колтовски
венчани 1572, поништен 1574
Ана Василчиков
венчани 1575, починала 1576.-77.
Василиса Мелентева
Марија Долгоруки
Марија Нагаја
венчани 1581
ДецаПринцеза Ана Ивановна
Принцеза Марија Ивановна
Принц Дмитри Иванович
Принц Иван Иванович
Принцеза Еудоксија Ивановна
Фјодор I од Русија
Принц Василиј Иванович
ТаткоВасилиј III од Русија
МајкаЕлена Глинскаја

Рани години

Русија Иван Iv 
Крунисувањето на Иван за цар

Иван Василјевич бил прв син на Василиј III и неговата втора жена, Елена Глинскаја. Мајката на Василиј, Софија Палеологина, била византиска принцеза и член на династијата на Палеолозите. Таа била ќерка на Тома Палеолог, помладиот брат на последниот византиски император, Константин XI Палеолог (вл. 1449–1453). Мајката на Елена била српска принцеза, а семејството на нејзиниот татко, Глински, тврдело дека потекнуваат од православното унгарско благородништво и монголскиот владетел Мамај (1335–1380). Роден на 25 август, го добил имета Иван во чест на Св. Јован Крстител, чиј празник се слави на 29 август.

Кога Василиј имал три години, починал неговиот татко. Претенденти на тронот, покрај младиот Иван, биле и помладите браќа на Василиј. Од шесте синови на Иван III, останале само двајца: Андреј и Јуриј. Иван бил прогласен се велик кнез по барање на неговиот татко. Неговата мајка Елена Глинскаја првично владеела како регент, но починала во 1538, кога Иван имал само осум години; а многумина веруваат дека била отруена. Регенството потоа наизменично се менувало помеѓу неколку болјарски фамилии кои се бореле за контрола.

На 16 јануари 1547, на возраст од 16 години, Иван бил крунисан во храмот на Успението Богородично во Московскиот кремљ. Тој бил првиот руски монарх кој бил крунисан за цар на цела Русија. До тогаш, московските владетели биле крунисувани како велики кнезови, но Иван III ја презел титулата суверен на цела Русија и ја користел титулата цар во неговата кореспонденција со другите монарси. Две недели по крунисувањето, Иван се оженил со својата прва жена, Анастасија Романовна, која припаѓала на фамилијата Романови, која станала прва руска царица.

Со крунисувањето за цар, Иван испраќал порака до светот и до Русија дека сега е единствениот врховен владетел на земјата и дека неговата волја не треба да биде доведена во прашање.

Домашна политика

1560-те ѝ донеле на Русија тешкотии што влијаеле врз драматичните промени во политиката на Иван Грозни. Русија била уништена од суша, глад, неуспешни војни против Полско-литванската држава, татарските инвазии и блокадата за поморска трговија спроведена од Швеѓаните, Полјаците и Ханзеатската лига. Неговата прва жена, Анастасија Романовна, починала во 1560, за што се сомневало дека е поради труење. Личната трагедија длабоко го повредила Иван и се смета дека влијаела врз неговата личност, ако не и врз менталното здравје. Во исто време оден од неговите советници, кнезот Андреј Курбски, пребегнал кај Литванците, презел команда над литвански трупи и го уништил рускиот регион на Великије Луки. Оваа серија на предавнички дела го направиле Иван параноично да се сомнева во благородништвото.

На 3 декември 1564 Иван ја напуштил Москва и заминал за Александрова Слобода, од каде што испратил две писма во кои ја најавил својата абдикација поради наводно предавство од страна на аристократијата и свештенството. Болјарите не можеле да донесуваат одлуки во отсуство на Иван и се плашеле од гневот на московските граѓани. Болјарски пратеник бил испратен за Александрова Слобода за да го моли Иван да се врати на тронот. Иван се согласил да се врати под услов да му биде доделена апсолутна власт. Тој барал право да ги осудува и погубува предавниците и да ги конфискува нивните имоти без мешање на болјарската дума и црквата. Иван издал декрет за создавање на опричнина.

Наводи

Иван IV (Русија)
Руриковичи
Роден(а): 3 септември 1530 Починал(а): 28 март 1584
Владејачки титули
Претходник
Василиј III
Велик кнез на Москва
3 декември 1533 – 16 јануари 1547
Создавање на царство
Создавање на царство Цар на Русија
16 јануари 1547 – 28 март 1584
Наследник
Feodor I
Руски владетели
Руски кнезови и цареви (1283–1547) Даниел МосковскиЈуриј IIIИван IСимеонИван IIДмитриј ДонскиВасилиј IВасилиј IIИван IIIВасилиј IIIИван IVФјодор IБорис ГодуновФјодор IIЛажен Дмитриј IВасилиј IVМихаил РомановАлексеј IФјодор IIIИван VПетар I Русија Иван Iv 
Императори на Русија (1721–1917) Петар IКатерина IПетар IIАна ИвановнаИван VIЕлисавета ПетровнаПетар IIIКатерина IIПавле IАлександар IНиколај IАлександар IIАлександар IIIНиколај II Русија Иван Iv 
Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991) Владимир ЛенинЈосиф СталинГеоргиј МаленковНикита ХрушчовЛеонид БрежневЈуриј АндроповКонстантин ЧерненкоМихаил Горбачов Русија Иван Iv 
Претседатели на Русија (1991–) Борис Елцин • Владимир Путин  • Дмитриј Медведев • Владимир Путин Русија Иван Iv 

Tags:

1530158425 август28 мартМоскваРуски

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Свети Наум Охридски ЧудотворецИзборна единица 3Ајфелова кулаАнета МицевскаНационален парк Шар ПланинаОпштина СопиштеМакедонска револуционерна организацијаВоен конфликт во Македонија (2001)Македонски јазикБубрежна слабостРечник на стари македонски зборовиСписок на градови во Македонија по населениеАзијаВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаКрпен животБитка на НожотОпштина СтругаДржавни празници во БугаријаИзет МеџитиЛатвијаСреден векОбединето КралствоСтомакНилКиро ГлигоровВелигденски јајцаПсоријазаГордана СилјановскаКостадин КостадиновСтадион Рајко МитиќРадмила ШекеринскаЈужна АмерикаСашо МијалковНикола ГруевскиНационални паркови во МакедонијаКатица ЈаневаКомуњарДијалекти на македонскиот јазикЕгејска МакедонијаКубаДвижење БесаМарокоДржавен завод за статистикаАрбен ЏафериМинистерство за животна средина и просторно планирањеПролетОслободителна војска на КосовоМакедонски парламентарни избори (2016)СтолицаИталијаВелија РамковскиВакцина против тетанусОпштина ЧашкаМајка ТерезаПодметПенис (човек)Список на планини во МакедонијаГостиварУнгаријаСДСМОпштина Гази БабаНезависен политичарЦрни и жолтиКочаниИзборна единица 8СоцијалдемократијаОслободителна Народна АрмијаМакедонски парламентарни избори (2024)РелигијаПченкаДемократска партија на Србите во МакедонијаСписок на градоначалници во МакедонијаЛесновски манастирОпштина ЦентарДелчевоМијациПретседател на Собранието на МакедонијаНародна Република Кина🡆 More