Засниц (германски: Sassnitz, пред 1993 г.
Saßnitz) — град на полуостровот Јазмунд во состав на островот Риген. Административно му припаѓа на округот Западна Померанија-Риген во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија.
Засниц | |
Хотели на самата плажа во Засниц (погледнати од крајбрежната патека) | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Западна Померанија-Риген |
Градоначалник | Дитер Холц |
Основни податоци | |
Површина | 46,45 км2 |
Надм. височина | 30 м |
Население | 9.191 (31 декември 2020) |
- Густина | 198 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | RÜG |
Пошт. бр. | 18546 |
Повик. бр. | 38392 |
Портал | www.sassnitz.de |
Местоположба на градот Засниц во рамките на округот Западна Померанија-Риген | |
Координати | 54°30′59″N 13°38′28″E / 54.51639° СГШ; 13.64111° ИГД |
Тој е добро познато приморско одморалиште и пристаништен град и се наоѓа близу Националниот парк Јазмунд со неговата уникатни карпи од креда. Засниц е дом на единствената зоолошка градина на Риген. Повлечената британска подморница Отус била купена од германски претприемач и била донесена во Засниц да биде пловечки музеј. Областа во Засниц е најпознати по нејзините познати карпи од креда (Kreidefelsen), кои ја поттикнувале инспирацијата кај сликарите како Каспар Давид Фридрих.
Градот Засниц се наоѓа во североисточниот дел на островот Риген, протегајќи се во источниот дел на полуостровот Јазмунд и сè до песочниот теснец Шмале Хајде на југ. Пејзажот е особено познат по неговите карпи од креда. Покрај тоа во пејзажот преовладуваат слоевите од леденото доба. Најчесто се пополнети од мали езера. Најзабележлива карпа од креда е 118-метарскиот Кенигсштул. Големи делови на градот се пошумени со различни видови дрва. Постојат ретки дрва како дива круша, дива јаболка и тиса. Градот се наоѓа на крајбрежниот брег на јужниот дел на Штубниц, 7,5 километри долга и четири километри широка букова шума. Преостанатиот дел се состои од мочуришта, плажи, ливари, пасишта и населби. Јужно од градот, близу Мукран, се наоѓа езерото Востевиц, заштитен природен резерват. Малиот поток Штајнбах тече низ самиот град.
Близу Кенигсштул се наоѓа уште едно езеро, Херта, кое има пречник од 150 метри и е до 11 метри длабоко.
Градот Засниц е поделен на следниве единици. Блишов, Буденхаген, Даргаст, Дрозевиц, Дубниц, Клементелвиц, Мукра, Ној Мукран, Рузевазе, Засниц, Штафел, Штубенкамер, Вердер и Востевиц.
Самиот пејзаж на Јазмунд е геолошки многу млад. Неговото создавање започнало со крајот на последното ледено доба пред околу 12.000 години, кога топењето на мразот оставило морена. Како последица на топењето на мразот, дупките во земјата и пониските делови биле исполнети со вода. Се создал претходникот на денешното Балтичко Море, Анцилоското Езеро.
Потоа се раширила степа низ областа. Подоцна, се појавиле шуми од бор и бреза, како и дабови шуми. Во текот на последните илјада години, буковите шуми преовладуваат во областа. Пред околу 6000 години, морското ниво се издигнало на денешното ниво, со што се создал Јазмунд. Како последица на ерозијата биле создадени стрмни брегови, кој го карактеризираат пејзажот.
Во 1906 двете рибарски села Крампас и Засниц биле споени во општината Засниц. Рибарското било и е важно за градот. Желбата на многу градски жители да се одмораат на море довело до крајот на XIX век енормно да се зголеми бројот на туристи на бреговите на Балтичкото и Северното Море, како и на самиот Риген. Од 1824 забележано е дека семејството на берлинскиот теолог Фридрих Шлајермахер одело на одмор на плажа во Засниц.
Теодор Фонтане, во неговата книга Ефи Брист, го именувал нејзиниот љубовник, мајорот Фон Крампас, по рибарското село на Риген. Исто така тој пишуван за езерото Херта, со неговите вендски камења на жртвување и ја создал фразата во неговата книга: „Да патуваш на Риген е да патуваш во Засниц“. Јоханес Брамс и царот Вилхелм биле другите познати посетители на Засниц.
Во 1871 бил проширен патот до Засниц, а во 1891 градот бил поврзан со железничката мрежа од Берген; во 1871 постоел бродски превоз до Штетин; во 1889 постоеле морски врски до Рене (Борнхолм), Трелеборг и Мемел (денес Клајпеда). Новите врски му овозможиле на местото брзо да се развие. Се проширувала индустријата за креда, а се развивало и рибарството и рибарските производи, како и туризмот.
На почетокот на XX век било изградено шеталиштето на плажата. Вообичаената бањска архитектура со пансиони и хотели оставила белег на местото во тоа време. По основањето на траектните и поштенските линии, Засниц исто така станал и административно седиште.
Засниц не добил градски права сè до 1957. Рибарската индустрија и понатаму се развивала; меѓутоа пансионите започнале да пропаѓаат. Во 1984 било изградено ново пристаниште во градската единица Мукран за железничко поврзување помеѓу Источна Германија и Советскиот Сојуз. По 1991, траектното пристаниште - Засниц било повторно изградени за опслужување на целиот Балтички Регион.
Официјалното пишување на името на Засниц на германски јазик било „Saßnitz“ до 2 февруари 1993. Тоа било и името кое било користено при доделувањето на градските права на 23 ноември 1956.
Од 1991, историскиот град бил целосно обновен како дел од планот за промовирање на урбаниот развој; изгледот на градот значително се подобрил. Куќите во бањска архитектура биле обновени и поголем дел од нив варосани со бела боја. Старото градско пристаниште било вклучено во планот за обнова во 2000.
Во јули 2007 бил изграден висечки мост за пешаци, долг 274 метри, кој го поврзувал центарот на Засниц со пристаништето.
Со неговиот подем како приморско одморалиште и траектно пристаниште, населението на општината Засниц растела значително од 332 во 1885 до 3.987 во 1925 и 7.826 во 1939. Понатамошното ширење на Засниц, сега издигнат на ниво на град, како траектно и рибарско пристаниште во 1957, предизвикало уште едно големо зголемување на населението (1971: 13.676; 1981: 14.944) Меѓутоа, од крајот на 1980-тите, населението повторно опаднало и тоа до 11.985 во 1998 и 10.366 до крајот на 2010.
Грбот на градот бил донесен од Градскиот совет во 1959 и потврден на 1 ноември 1994. Амблемот е регистриран со број 17 во регистарот на грбови на Мекленбург-Западна Померанија.
„Грбот прикажува црвено-сребрен светилник на сина позадина, со сребрени зраци на светло. Се издигнува од горниот дел на црвениот ѕид од тули со сребрен малтер“.
Знамето на градот има три вертикални ленти: сина, бела и сина. Сините ленти зафаќаат две деветини од височината на знамето. Белата лента зазема пет деветини од височината и е украсена во средината со грбот на градот. Размерот на височината со должината на знамето е 3:5.
Засниц е збратимен со следниве градови:
Градот Засниц е најважно туристичко одредиште во Националниот парк Јазмунд, најмалиот национален парк во Германија по површина. Кенигсштул е најпривлечната точка во паркот. Со височина од 118 метри, тој е највисока точка на карпите од креда во националниот парк.
Од март 2004, националниот парк има центар за посетители во Кенигсштул, кој има изложби во внатрешноста за природниот свет, карпите, Балтичкото Море и буковите шуми на паркот.
На работ на Националниот парк Јазмунд се наоѓа Паркот на дивиот свет Засниц, единствениот од ваков вид на островот Риген. Музејот за креда Гуманц (Kreidemuseum Gummanz), единствениот музеј за креда во Европа, се наоѓа не далеку од Засниц близу Загард на земјиште на стара ископина на креда, која работела од 1855 до 1962, и ја користи отворената сцена за визуелни и текстуални информации, кои ја опишуваат геологијата, рударството и работењето со креда на Риген.
„Стаклената станица“ (Glasbahnhof) ја загубила нејзината функција како последица на ширењето на новото Траектно пристаниште - Засниц и денес е дом на изложбен центар, како и на Музејот за подводна археологија (Museum für Unterwasserarchäologie). Тука се наоѓаат неколку артефакти од откривањето на бродот Ралсвик (Bootsfunde von Ralswiek).
Рибарскиот и пристаништен музеј (Fischerei- und Hafenmuseum) ја запишува историјата на рибарството на Риген и старото пристаниште во Засниц. Помеѓу изложените предмети е рибарскиот удар Хавел (Fischcutter). Во пристаништето, помеѓу рибарските и рекреативните бротчиња, се наоѓа британската подморница Отус, музејски експонат, како и крајбрежниот товарен брод, Анемари, кој бил преобразен во патнички брод во 2007.
Паркот на пеперутките Аларис (Alaris Schmetterlingspark) во Засниц е отворен од јули 2003. Паркот е дом на стотици пеперутски во тропска околина.
Засниц е на крајот на сојузниот пат Б96 и железничката линија Штралзунд-Засниц.
Главни економски дејности на Засниц се туризмот и пристаништето.
Каменолом за креда близу Клементелвиц, не далеку од Засниц, е традиционална индустриска активност на островот. Од почетокот на 1840, кредата била ископувана од отворени копови. Кредата не се користи само за производство на гипс, туку е користена од електричните електрани за нивните филтри за прочистување на водата, поради нејзиниот висок квалитет. Ригенската креда (Rügener Kreide) — исто така користена за лечење и превентивна медицина.
Траектното пристаниште - Засниц во градската единица Мукран е најисточното пристаниште во Германија. На ова место има најкратки морски врски од Германија до Шведска, Данска (Борнхолм), Финска, Русија и балтичките земји. Пристаништето се наоѓа во заливот Прорер Вик, близу отворено море и затоа е лесно достапно за бродовите. Длабочината на водата од десет и пол метри го прави достапно за сите класи на бродови во Балтичкото Море. Неговата флексибилна железница овозможила да се развие во посебно пристаниште за мешовит сообраќај на добра. Денес, околу 70.000 вагони се префрлаат до и од Трелеборг и околу 7.400 вагани на бродските линии до и од балтичките држави.
Покрај станицата во Засниц постои и траектна станица во Мукран. Дури и пред Првата светска војна била отворена пристанишната железничка станица во Засниц како траектен терминал за т.н. Кралска линија од Германија до Шведска (Трелеборг). Во 1980-тите бил изграден нов траектен терминал со широк и стандарден колосек во градската единица Мукран. Од Мукран има траекти до и од Клајпеда во Литванија, до Борнхолм во Данска и Санкт Петербург во Русија. На траектот до Шведска, покрај железнички вагони се пренесуваат и возила.
Германската божица Херта се претпоставува дека живеела во Јазмунд во тврдината Херта (Herthaburg), која е именувана по нејзе. Всушност, некои од неговите делови биле дел од поранешен словенски замок. Наводно, божицата Херта одела еднаш годишно до езерото Херта за да се искапе. На смртниците им било забрането да ја гледаат божицата како се капе. Па така сите слуги и робови, кои ѝ помагале да се искапе, потоа биле удавувани во езерото. Теодор Фонтане ја запишал оваа легенда во неговиот роман Ефи Брист.
Кенигсштул исто така го носи своето име од една приказна од минатото. The Königsstuhl also takes its name from a story in the legendary past. Кој и да посакал да биде крал, морал да се искачи на карпата од морската страна.
Друга легенда е за познатиот пират Штертебекер, кој е роден на Јазмунд во 1340 во замокот Рушвиц. Пиратската клисура (Piratenschlucht) во Засниц недалеку од стариот град се претпоставува дека било едно од многуте места за криење за Штертебекер и неговите браќа во балтичката област. Од 1993 се одржува истоимениот фестивал во летните месеци на отворена сцена во Ралсвик.
„Засниц“ на Ризницата ? |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Засниц, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.