Висечки Мост

Висечки мост — еден вид градежна конструкција во која каблите што висат од столб ја носат неговата греда.

Првите современи примероци на ваков вид мост биле изградени во раните 1800-ти. Едноставните висечки мостови, кои немаат вертикални потпори, имаат долга историја во многу планински области во светот.

Висечки Мост
Поглед на мостот Акаши во Кобе, Јапонија
Висечки Мост
Мостот Џорџ Вашингтон со своите две нивоа го поврзува Њујорк со округот Берген, Њу Џерси, САД. Ова е најголемиот висечки мост во светот, преку кој годишно минуваат 102 милиони возила.

Историја

Висечки Мост 
Едноставен висечки мост

Висечките мостови се еден од најстарите видови мостови. Ваквите мостови биле градени уште од неолитот користејќи растенија како носачи на подножјето на мостот. Многу поцврсти конструкции почнале да се градат во Индија околу IV век, кои користеле испреплетени бамбуси како носачи, а подоцна и железни синџири.

Бидејќи висечките мостови обезбедуваат економично решение за проблемот со големите распони над пловните реки или на други места каде што е тешко да се изградат столбови поради длабоката вода, за нив почнало да се размислува за време на Индустриската револуција.

Британски, француски, американски и други инженери на крајот на XVIII век и на почетокот на XIX век, наишле на сериозни проблеми со стабилноста и цврстината против силите на ветровите, тешките товари, силните бури, обилните снежни врнежи и стадата добиток. Најголема заслуга за решавањето на тие проблеми има американскиот инженер со германско потекло Џон Реблинг, кој го решил проблемот со додавање на решеткаста конструкција на секоја страна од мостовите. Притоа, тој создал структура доволно силна за успешно да ја премости реката Нијагара, потоа реката Охајо во Синсинати и на крајот Источната Река помеѓу Бруклин и Менхетен во Њујорк во своето ремек-дело Бруклинскиот мост.

Техниката на упредување кабли, што ја измислил францускиот инженер Луј Вика (современик на Реблинг), значително ја унапредила изградбата на висечки мостови.

Друг голем придонес во развојот на модерните висечки мостови бил кесонот, кој овозможил да се градат столбови на големи длабочини. Првично го користеле француски, британски и американски инженери, меѓу кои и Вашингтон Роблинг, кој го завршил Бруклинскиот мост на неговиот татко.

Висечки Мост 
Туристичкиот висечки мост Капилано недалеку од Ванкувер

Околу 1930-тите години, американските инженери вршеле опити со многу тенки цврсти кабли како носачи на гредите на мостовите, наместо решеткаста конструкција, но откако мостот преку теснецот Такома се урнал во 1940 година заради аеродинамичките сили (многу се нишал дури и при слаб ветер), се откажале од таквиот начин и се вратиле на потврдените методи. Подоцна, аеродинамички стабилни носачи ги замениле решеткастите структури.

На крајот на 1980-тите, само три висечки мостови - Голден гејт во Сан Франциско, Веразано во Њујорк и Хамберскиот мост во близина на англискиот Хул — имале распон поголем од 1200 метри.

Се смета дека модерните легирани челици можат да носат многу поголеми распони, па дури и висечките мостови би можеле да бидат доволно цврсти да носат товарни возови, но сепак речиси сите се проектирани за автомобилски сообраќај.

Мостови од подготвени кабли почнале да градат германските инженери во Келн, Дисердорф и други градови во текот на 1950-тите и 60-тите години, при што само еден средиштен столб носел низа кабли кои пак ја носеле гредата на мостот.

Наводи

Литература

Надворешни врски

Tags:

Висечки Мост ИсторијаВисечки Мост НаводиВисечки Мост ЛитератураВисечки Мост Надворешни врскиВисечки МостГрадбаГредаКабел

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Правен факултет „Јустинијан I“ - СкопјеГордана ЈанкулоскаЗвукАндреј ЖерновскиПиринска МакедонијаЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеРеферендум во Македонија (2018)ВиолинаСписок на архаични зборови во македонскиот јазикВештачка интелигенцијаМојот звукУДБАБлаже КонескиЕнциклопедијаТриаголникПоделба на гласовите во македонскиот јазикИзборна единица 6Велики четвртокНикола Димитров (дипломат)Бојан ЈовановскиМакедонска крвава свадбаЉубе БошкоскиТодор АлександровОпштина ПрилепАлшарГригор ПрличевГарванот (поема)‘Рбетен столбМарокоОпштина ЖелиноЦрн дробЛокални избори во Македонија (2005)Велко НеделковскиДијалекти на македонскиот јазикМакедонски парламентарни избори, 1998Коле НеделковскиЧернобилска несреќаНационален парк ГаличицаЉупчо ГеоргиевскиЉубомир ГајдовМакедонски КонцептВанчо НиколескиСветско населениеСписок на градови во МакедонијаАбортусКристина АгилераАДХДВМРО-ДПМНЕОксидационо-редукциона реакцијаСаво КлимовскиПрва влада на Никола ГруевскиИзборна единица 7Лила СтојановскаСлуз-цедење во грлотоОпштина КрушевоЗемја (планета)Список на политички партии во МакедонијаОпштина Демир ХисарБиполарно растројствоМакедонски парламентарни избори, 2002Втора светска војнаШармери од осмоАрбен ЏафериРамнокрак триаголникЈохан ТарчуловскиОпштина Ѓорче ПетровВселенаТелевизијаСердаротКавалОхридски топчест сунѓерБлагој ДавковБогородицаСписок на македонски народни и староградски песниДонтов методГоран Минчев🡆 More