Заливска Војна

Заливската војна (2 август 1990 – 28 февруари 1991) била воен судир помеѓу Ирак и коалицијата од 34 земји предводени од САД во подрачјето на Персискиот Залив.

Војната била одобрена од Обединетите Нации и нејзината цел била да се ослободи Кувајт по ирачката инвазија од 2-8 август 1990.

Заливска Војна
Доналд Рамсфелд, пратеник на американскиот претседател Роналд Реган и Садам Хусеин на 20 декември 1983 година.

Протерувањето на ирачките трупи од Кувајт започнало на 15 јануари 1991. и траело само еден и пол месец: коалиционите сили биле толку воено надмоќни, што Ирак брзо бил принуден да ги повлече своите војски и да се согласи со мировен договор кој вклучувал:

  • Забрана за воени летови над сопствената територија северно од 36. и јужно од 32. паралела. Забрана за користење на противвоздушната одбрана против летови на сојузниците над овие области на Ирак;
  • Целосна и постојана инспекција на воените постројки и капацитети на Ирак од страна на ОН;
  • Забрана за развој и употреба на оружје за масовно уништување;
  • Плаќање на отштета кон Кувајт и кон сојузничките сили за штетите и трошоците од војната;
  • Економски санкции до исполнувањето на сите услови од мировниот договор (кон кои Ирак никогаш потоа целосно не се придржувал).

Покрај тоа, уништувањето на земјата било огромно: биле убиени помеѓу 20.000 и 100.000 ирачани, а главните индустриски капацитети и инфраструктурата на земјата биле тешко оштетени. По војната, Ирак бил во состојба да произведува само 1/4 од количеството на електрична енергија што го произведувал пред војната.

Сојузниците се повлекле од Ирак, бидејќи не сакале да го нападнат Багдад и да го урнат насилно Садам Хусеин. Тие се надевале дека тешката економска состојба и поразот во војната ќе предизвикаат внатрешни конфликти и побуни, но режимот на Садам Хусеин успеал да се консолидира и да се одржи на власт сè до Ирачката војна од 2003 г.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

199019912 август28 февруариИракКувајтОбединетите НацииПерсискиот ЗаливСАД

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ГолосеменициОпштина ИлинденОпштина КумановоОпштина Маврово и РостушеАнемијаВлада на МакедонијаЃорѓија СајкоскиОпштина ВрапчиштеИталијаКрушевоШишман АнгеловскиЖивотниОхридска пастрмкаТатјана ПетрушевскаКипарСтобиПоп-музикаСрцева слабостНова социјалдемократска партијаХепатитМакедонски БродВитамин Б6Биљал КасамиМакедонска азбукаПреспански договорРастенијаСкопски аквадуктСписок на реки во МакедонијаРобинзон КрусоМали сипанициМарокоСтругаБелото ЦиганчеМејозаСердаротИзборна единица 9Македонски парламентарни избори (2014)Химна на ВМРОИзборни единици во МакедонијаТалофитШизофренијаЛасерМакедонска граматикаМакедонски КонцептРечник на стари македонски зборовиЉубчо ГеоргиевскиПресметување на датумот на ВелигденКрпен животУстав на МакедонијаМакедонски народни приказни (ТВ-серија)КафеПеколот (Божествена комедија)Географија на МакедонијаАнтарктикТапанЃорѓија ПулевскиЗнаме на МакедонијаКонтинентДемократска партија на Турците на МакедонијаМакедонски ВласиЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеМакедонски претседателски избори (2024)Општина Кисела ВодаГордана ЈанкулоскаТартифКирил ПејчиновиќМакедонско востаниеВевчаниМамутчевоМендух ТачиКошаркаСветлинаСедум светски чуда на античкиот светОпштина Крушево🡆 More