Женски Права

Женски права — права и овластувања кои ги бараат жените и девојките низ светот и кои ја поставиле основата на движењето за женски права во 19 век, како и на феминистичкото движење во 20 век.

Во некои земји, овие права се установени или поддржани со закон, локални обичаи и однесување, додека во други се занемарувани и ограничувани. Овие права се разликуваат од општото поимање за човекови права преку барања предизвикани од историска и традиционална пристрасност кон мажите и момчињата наспроти жените и девојките.

Женски Права
Ени Кени и Кристабел Пенкхарст во борба за право на глас на жените

Темите кои обично се поврзуваат со поимањето на женските права ги вклучуваат телесен интегритет и автономија, сексуалното насилство, правото на глас на жените, правото за вршење на јавни функции, склучувањето на правни договори, обезбедувањето еднакви права во семејството, правото за работа, еднаквоста на платите, размножувањето, правото на сопственост и образованието.

Конвенција на ООН

Универзалната декларација за човековите права, усвоена во 1948 година, се залага за „еднакви права за мажите и жените“ и врши осврт на еднаквоста и праведноста. Во 1979 година, Генералното собрание на ООН ја усвоило Конвенцијата за отстранување на сите облици на дискриминација врз жените за правно спроведување на Декларацијата за отстранување на дискриминацијата врз жените. Конвенцијата е опишана како меѓународна повелба за правата на жените и стапила во сила на 3 септември 1981 година. Земји членки на ООН кои не ја ратификувале конвенцијата се: Иран, Палау, САД, Сомалија, Судан и Тонга. Ниуе и Ватикан, кои не се земји членки на ООН, исто така ја немаат ратификувано. Последна земја која ја ратификувала конвенцијата е Јужен Судан на 30 април 2015 година. The latest state to become a party to the convention is South Sudan, on 30 April 2015.

Конвенцијата ја дефинира „дискриминацијата врз жените“ како

... секоја разлика, исклучување или ограничување во однос на полот, што има за последица или цел да го загрози или оневозможи признавањето, остварувањето или вршењето од страна на жените на човековите права и основните слободи на политичко, економско, општествено, културно и граѓанско или друго поле, без оглед на нивната брачна состојба, врз основа на рамноправност на мажите и жените.

Конвенцијата исто така воспоставува акциски план за искоренување на половата дискриминација, за што земјите кои ја ратификувале Конвенцијата се обврзани да го внесат принципот на рамноправност на мажите и жените во своите национални устави или во соодветните закони, да се воздржат од секоја постапка или практика на дискриминација на жените и да обезбедат јавните органи и институции да постапуваат во согласност со оваа обврска. Тие исто така се обвзани да воведат правна заштита на правата на жените врз рамноправна основа со мажите преку надлежните национални судови и други јавни институции, и да ги преземат сите потребни мерки заради отстранување на дискриминација на жените од страна на кое било лице, организација или претпријатие.

Поврзано

Наводи

Литература

Надворешни врски

Женски Права 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Tags:

Женски Права Конвенција на ООНЖенски Права ПоврзаноЖенски Права НаводиЖенски Права ЛитератураЖенски Права Надворешни врскиЖенски ПраваДевојкаЖенаПравоФеминизамЧовекови права

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Северна АмерикаОпштина БитолаОВКПрво заседание на АСНОМНова социјалдемократска партијаСтругаБактерииМакедонски претседателски избори (2009)itqmaГрцијаТигарПелистерВладимир ГлигоровОпштина ПрилепСузана СпасовскаЕмил ДимитриевСписок на градови во Македонија по населениеПолитичка партијаОбединето КралствоЈохан ТарчуловскиДен на независноста на МакедонијаДебрцаМарокоОпштина ДојранКалеш АнѓаМинистер за финансии на МакедонијаСтево ПендаровскиГајдаАтентат врз Киро ГлигоровРак (болест)Ацо ШоповИсус ХристосФилиз АхметАрмија на МакедонијаЈосип Броз-ТитоРеферендум во Македонија (1991)Донтов методПиринска МакедонијаСписок на главни градови во ЕвропаЗемја (планета)Ревматоиден артритисАндреј ПетровЛатвијаРимска култураРепублика МакедонијаЗвукОпштина Крива ПаланкаСоцијализамНАТОТалофитАутизамОпштина СтругаКирилицаОпштина Центар ЖупаТромбоцитопенијаВиртуелна машинаАнемијаМултипла склерозаОхридска пастрмкаПанонски легендиБразилЈужна АмерикаЛиберална партија на МакедонијаЉупчо ЈордановскиДемократска партија на АлбанцитеГРОМЕнзимРадовишКамен мост (Скопје)Оливер СпасовскиМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаЖирафаЉубе БошкоскиВасил ИљоскиПодржи Коњ🡆 More