Едногрба Камила: вид камила

Едногрба камила (науч. Camelus dromedarius), наречена и дромедар или арапска камила — вид цицач од семејството на камилите (Camelidae).

Едногрба камила
Едногрба камила
Едногрба Камила: Физиономија, Исхрана и поведение, Потекло и застапеност
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
Тип: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Парнокопитни
Семејство: Камили
Род: Камила
Вид: Едногрба камила
Научен назив
Camelus dromedarius
Linnaeus, 1758
Едногрба Камила: Физиономија, Исхрана и поведение, Потекло и застапеност
Распространетост на едногрбата камила
Синоними
Едногрба Камила: Физиономија, Исхрана и поведение, Потекло и застапеност
Камили на пазар во Бејт ел-Факих, Јемен

Камилата прв ја опишал Аристотел, а биномниот (научен) назив ѝ го дал Карл Лине во Систем на природата (1758). Најрани предци на овие животни се членовите на изумрениот род Protylopus од еоценот. Мажјаците се високи 1,8–2 м и тешки 400–600 кг, додека пак женките се високи 1,7–1,9 м и тежат 300-540 кг. По боја се движат од светла до темна кафеава. Забележливата грпка е висока 20 см и составена од масти сврзани со влакнесто ткиво.

Животното може да се види во Зоолошката градина во Скопје.

Физиономија

Телото на повеќе начини им е приспособено на животтот во пустински услови. За да се заштитат од песочните бури, на лицето имаат густи веѓи, два реда долги трепки и ноздри што се затвораат. Во ушите имаат заштитни влакна, од истите причини. Кога немаат пристап до вода, проблемот го решаваат со промена на телесната температура во износ од 6 °C, и тоа 34° наутро до 40° напладне. Со ова, камилите го намалуваат дотекот на топлина од околината, а со тоа и потењето. Бубрезезите им се исто така прилагодени на условите, и можат да поднесат загуба на вода во количество дури 30% од телесната маса (за споредба, губитокот на 15% кај другите животни доведува до смрт). Се парат зиме, кога е влажната сезона. Бременоста трае 15 месеци и се раѓа едно младо, кое мајката го дои 2 години.

Исхрана и поведение

Се хранат со лисје и пустинска растителност како трнливите растенија, на кои устата има голема отпорност. Активни се дење, а на квечерина се одмораат во групи. Стадото се состои од околу 20 единки, предводено од „началник“ и меѓусебно општат со низа разни огласувања. Некои мажјаци образуваат „ергенски“ групи. Не покажуваат знаци на територијалност, а стадата се здружуваат заедно кога се во неволја. Во дивината, непријатели на камилата се волкот и лавот, а во минатото — и тигарот.

Потекло и застапеност

Местото на потекло на едногрбата камила не е сосема утврдено, но се смета дека првпат е припитомена во Сомалија и на Арапски Полуостров пред околу 4000 години. Домашните камили се застапени ширум Африканскиот Рог, Северна Африка, Јужна Азија и Блискиот Исток и вкупно бројат 13 милиони грла. Човекот ја користи како товарно животно и за превоз во услови каде другите животни не можат да опстанат. Влакното на камилите е многу ценето за ткаенини, а изметот наоѓа примена како ѓубриво и гориво.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Едногрба Камила ФизиономијаЕдногрба Камила Исхрана и поведениеЕдногрба Камила Потекло и застапеностЕдногрба Камила ПоврзаноЕдногрба Камила НаводиЕдногрба Камила Надворешни врскиЕдногрба КамилаБиномна номенклатураКамилиЦицач

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Свети Наум Охридски ЧудотворецОливер АндоновИнтеграЖичени инструментиСтругаБубрежна слабостМагнетЈован СтојаноскиПред дождотКаролина ГочеваРак на грлоСтојан ТарапузаВрањеБлаже Конески20000 милји под моретоМалиот принцМавровоМенструален циклусЃорче ПетровАвантурите на ПинокиоСписок на архаични зборови во македонскиот јазикФлораПДППтициКочо РацинКарлес ПуџдемонГрад СкопјеОхридска пастрмкаМакедонски денарЉупчо ГеоргиевскиДостоинство (политичка партија)РелигијаГемиџииВласите во АлбанијаХристо ТатарчевМакедонски претседателски избори (2024)Јани МакрадулиЧовекИнтернетПалиградПартија за целосна еманципација на РомитеАлцхајмерова болестПирамида (геометрија)ШвајцаријаМакедонска азбукаРусијаРак на усна празнинаЕвроПолскаМакедонски БродВлада на Македонија од 1992Марија КириПрво заседание на АСНОМГрегоријански календарВрапчиштеБорис ТрајковскиЕволуција на човекотРеферендум во Македонија (1991)ГајдаМомче во пижами со риги (филм)Кисел дождПретприемништвоДржавна изборна комисијаРоднински односиСветлинаДен на сесловенските просветителиМакедонски парламентарни избори, 1998Партија на обединети демократи на МакедонијаКичевоЛазарова саботаАфионНина Атанасова-ШкрињариќЛатвијаСтрептококен фарингитисЗаздравување на ранаСирија🡆 More