Долно Орехово: село во Општина Новаци, Македонија

Долно Орехово (понекогаш само Орехово или Ореово) — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.

Долно Орехово
Долно Орехово: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед на селото

Долно Орехово во рамките на Македонија
Долно Орехово: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја
Долно Орехово
Местоположба на Долно Орехово во Македонија
Долно Орехово на карта
Координати 41°3′51″N 21°33′42″E / 41.06417° СГШ; 21.56167° ИГД / 41.06417; 21.56167
Регион Долно Орехово: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Пелагониски
Општина Долно Орехово: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Новаци
Население 28 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 7211
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02044
Надм. вис. 812 м
Слава Тодорица
Долно Орехово на општинската карта
Долно Орехово: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Долно Орехово во рамките на општината
Долно Орехово: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Долно Орехово на Ризницата

Потекло и значење на името

Името на селото е добиено по ореовите стебла, кои биле најзабележливи во околината. Поради тие стебла, мештаните од соседните стебла го именувале селото.

Географија и местоположба

Долно Орехово: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Улица низ селото

Селото се наоѓа во источниот дел на Битолското Поле, сместено во северниот дел на територијата на Општина Новаци, недалеку од десната страна на регионалниот пат 1311, кој води за Битолско Мариово. Селото е ридско, на надморска височина од 720 метри, бидејќи лежи на југозападните огранки на Селечка Планина. Од градот Битола е оддалечено 22 километри. Од општинското средиште Новаци е оддалечено 12 километри.

Долно Орехово е потпланинско село, сместено на 2 километри од селото Суводол. Селото поседува мали обработливи површини, додека поголемиот дел од атарот се карпести планински пасишта. Во селото имало 5-6 бунари, како и мал кладенец. Во близина на селото извирал изворот Прогон.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Кале, Цуцулка, Смеч, Орли Камен, Преслоп, Калуѓер, Корита, Пештера, Страње, Димоа Ливада, Музги, Параловски Рид, Гребен и Шуплевец.

Селото има збиен тип, поделено на две маала: Горно и Долно Маало.

Историја

Во месноста Шуплевец била откриена праисториска населба, каде биле вршени и заштитни ископувања од страна на битолскиот музеј. Месноста Кале или Градиште се наоѓа над селото и таму се наоѓаат остатоци на ѕидови, а мештаните велат дека таму била тврдината на крал Тољо. Тој бил крал пред да дојдат Турците. На Калето се наоѓаат и остатоци на други старини.

Во пишаните извори, селото за првпат се јавува во XVII век (по 1650 г.). Најпрвин, селото било чисто христијанско словенско, но кон средината на XIX век мештаните повикале муслимански Арбанаси да им го чуваат селото. Потоа, тие Арбанаси ја зазеле земјата од христијаните и тука се населиле со семејствата. До 1912 година, нивниот број пораснал на 16 куќи. Се претпоставува и дека Арбанасите дошле тука бидејќи можеле да го контролираат патот за Мариово.

За време на Првата светска војна поради големата блискост на Кота 1050, каде бил фронтот, селото било иселено и мештаните биле пренесени во селата Живојно и Бач, како и во Кавадаречко. По две години се вратиле назад, но селото било уништено. Голем број куќи и други објекти биле гранатирани и разурнати, а голем дел од стоката, предметите и општото богатство било разграбано од грчките андарти.

По 1918 година, поголемиот дел од албанското население се иселил од селото и заминал во Битола или во Турција. Во селото останале само три семејства, кои биле сиромашни.

Стопанство

Атарот е голем и зафаќа простор од 20,5 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.189,4 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 385,6 хектари, а на шумите отпаѓаат 344,3 хектари.

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.

До крајот на отоманскиот период, македонското население не поседувала своја земја и тие работеле како ортаци во чифлиците на битолските бегови.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948264—    
1953285+8.0%
1961325+14.0%
1971260−20.0%
1981227−12.7%
ГодинаНас.±%
199170−69.2%
199471+1.4%
200245−36.6%
202128−37.8%
Долно Орехово: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Мотив од пазувје на ален шајак од народната македонска носија од Долно Орехово

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Орехово живееле 250 жители, од кои 160 Македонци и 90 Турци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Долно Орехово имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци и 50 Албанци.

Од Долно Орехово се иселило грото од неговото население. Така, во 1961 година селото броело 325 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 71 жител, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Долно Орехово живееле 45 жители, од кои 39 Македонци, 5 Албанци и 1 Турчин.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 28 жители, од кои 20 Македонци и 8 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 250 240 264 285 325 260 227 70 71 45 28

Родови

Долно Орехово е македонско-албанско село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1953 година родови во селото се:

  • Македонски родови:
    • Староседелци: Таневци (6 к.), Шијаковци (2 к.) и Куртевци (4 к.), најстарите родови во селото, за кои се претпоставува дека се староседелци;
    • Доселеници: Тракашановци (2 к.), огранок на Таневци; Србиновци (3 к.), дошле на крајот на XIX век од мариовското село Чегра, кое повеќе не постои, откако било запалено, а се наоѓало над денешното село Полог; Капкаровци (2 к.), дошле кон крајот на XIX век од мариовското село Гнилеш; Трајковци (3 к.), дошле од селото Велесело; Славевци (2 к.), дошле од мариовското село Ивени; Крчевци (1 к.), доселени се од Градешница; Кокевци (1 к.), дошле исто така од селото Чегра; Стојковиќи (2 к.), потекнуваат домазет кој дошол од Скочивир; Николовци (2 к.), дошле од мариовското село Брник и Цветкови (1 к.), исто така дошле од Брник.
  • Албански родови: Мемедови (3 к.) и Салијеви (1 к.), куќите им се во Горно Маало; Небијови (1 к.), куќата им е во Долно Маало. Потеклото на сите родови е од Колоња во Јужна Албанија.

Иселеништво

Се знае за следниве иселени македонски родови: Мијовци (2 к.) и Трајковци (1 к.), иселени во Гнеотино, односно Биљаник. По Балканските војни и Првата светска војна иселени се албанските родови Алилевци, Алимови, Зековци, Усковци и Шабанови во Битола и во Турција.

Бројот на иселеници од селото е над 200 жители. Најголем дел од населението е иселено во градовите Битола и Скопје, но и во прекуокеанските земји и во Европа.

Самоуправа и политика

Во XIX век, Долно Орехово било село во Битолската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Новаци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел на некогашната Општина Новаци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Новаци.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Новаци, во која покрај селото Долно Орехово, се наоѓале и селата Балдовенци, Биљаник, Врањевци, Гнеотино, Горно Агларци, Грумази, Добромири, Долно Агларци, Мегленци, Новаци, Ново Село, Паралево, Рибарци, Суводол и Тепавци. Селото било дел од некогашната општина Суводол во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Врањевци, Мегленци, Паралово, Грумази, Орехово и Суводол.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0168 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на објект на општината. Во ова избирачко место се опфатени и селата: Врањевци, Грумази и Паралово.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 66 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 57 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта
  • Ќерамидница — населба од доцноантичко време;
  • Прогон — населба од доцноантичко време; и
  • Кале — градиште и некропола од доцноантичко време и средниот век.
    Цркви
    Параклиси
  • Параклис „Св. Константин и Елена“ — параклис во селото.
    Манастири
    Џамии

До Балканските војни и Првата светска војна, во селото постоела џамија, која се наоѓало во Долно Маало.

Редовни настани

    Слави
  • Тодорица — главна селска слава

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Долно Орехово Потекло и значење на иметоДолно Орехово Географија и местоположбаДолно Орехово ИсторијаДолно Орехово СтопанствоДолно Орехово НаселениеДолно Орехово Самоуправа и политикаДолно Орехово Културни и природни знаменитостиДолно Орехово Редовни настаниДолно Орехово ГалеријаДолно Орехово НаводиДолно Орехово ПоврзаноДолно Орехово Надворешни врскиДолно ОреховоБитолаОпштина Новаци

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Маричка биткаПоштенски броеви во МакедонијаКошаркаФолклорСписок на македонски народни и староградски песниГлаголи во македонскиот јазикГрб на МакедонијаЧовечко телоРастенијаКичевоПчелиАмазонЛокални избори во Македонија (2013)Лазар Ристовски (глумец)Мајка ТерезаКоле ЧашулеМакедонски парламентарни избори (2014)Владимир ПутинАвстралијаПолип на маткатаФК Манчестер СитиЛила СтојановскаИталијаЦистична фиброзаАлкалоид (претпријатие)Живко ЧингоПолицијаБакарЦрно семе (роман)Повикувачки броеви во МакедонијаЈаспер де БејстОпштина СтругаСпомен-куќа на Мајка ТерезаСипанициСписок на македонски народни поговоркиДемократска партија на Турците на МакедонијаЕнергијаОсна симетријаСамоилово ЦарствоРимаФридрих НичеДраган МијалковскиПодметНаум НаумовскиКога тргнав ЦветоАквилејаСвети Кирил и МетодијДемографија на МакедонијаМатичен млечСветлинаПрво заседание на АСНОМТрапезБиблијаТуберкулозаОпштина БитолаОрхан (книга)Надреден знакКорозијаДанела АрсовскаБукурешки договор (1913)ПоезијаКралот ЛирВелесСписок на државни знамињаГлавна страницаПиту ГулиЛирикаГолемата вода (роман)20000 милји под моретоИзборна единица 2Бескрајна приказнаОмов законГаличка свадбаСреден векСкопски земјотрес (1963)Пресметување на датумот на Велигден🡆 More