Даглас Ошероф

Даглас Дин Ошероф (англиски: Douglas Dean Osheroff 1 август 1945) — физичар познат по неговата работа на експериментална физика на кондензирана материја, поточно, за неговото ко-откривање на суперфлуидност во хелиум-3.

За неговиот придонес во 1996 ја поделил Нобеловата награда за физика со Дејвид Ли и Роберт Колман Ричардсон.

Даглас Ошероф
Даглас Ошероф
Роден(а)1 август 1945(1945-08-01)(78 г.)
Абердин, Вашингтон, САД
ЖивеалиштеКалифорнија, САД
ДржавјанствоАмериканско
НационалностСАД Американец
ПолињаЕкспериментална физика, Физика на кондензирани материи
УстановиСтенфордски универзитет
Белови лаборатории
ОбразованиеКалифорниски институт за технологија, Корнелски универзитет
Докторски менторДејвид Ли
Познат поОткривање на суперфлуидност во хелиум-3
Влијание одРичард Фејман
Поважни наградиНобелова награда за физика (1996)
Симонова спомен награда (1976)
Награда за Баклиева кондензирана материја (1970)
СопружникФилис Лиу - Ошероф (в. 1970)

Животопис

Личен живот

Ошероф се родил во Абердин (Вашингтон). Неговиот татко, Вилијам Ошероф, бил син на еврејски имигранти кои ја напуштиле Русија. Неговата мајка, Беси Ана (Ондов), медицинска сестра, била ќерка на словачки имигранти (нејзиниот сопствен татко бил лутерански министер). Ошероф бил прифатен во лутеранската црква, но нему му била дадена можност да одбеде, па така одлучил да не ја посетува повеќе. Тој изјавил: „На некој начин изгледаше дека лажењето во црква е најлошото место да се лаже. Веројатно до некој емотивен степен ја прифаќам идејата за Бог, но не знам како Бог би се појавил.“

Кариера

Ошероф ја добил својата универзитетска диплома во 1967 од Калифорнискиот институт за технологија, Калтех, каде одел на предавања од Ричард Фејман и го спровел своето постдипломско истражување за Џералд Невгебауер.

Ошероф се придружил на лабораторијата за атомска физика и физика на цврста агрегатна состојба во Корнелскиот универзитет како дипломиран студент, изведувајќи истражување за нискотемпературна физика. Заедно со Дејвид Ли, шефот на лабораторијата, и Роберт Ричардсон, Ошероф употребил померанчукова ќелија за да го испита однесувањето на 3He на температури од неколку илјади степени на апсолутна нула. Тие откриле неочекувани ефекти во нивните мерења, кои тие ги објасниле како фазни транзиции на суперфлуидна фаза на 3He. Ли, Ричардсон и Ошероф биле заеднички наградени со Нобеловата награда за физика во 1996 за нивното откритие.

Ошероф добил диплома за доктор на науки од Корнелскиот универзитет во 1973. Потоа тој работел во Беловите лаборатории во Мареј Хил, Њу Џерси цели петнаесет години, продолжувајќи со неговото истражување за нискотемпературната појава во 3He.

Даглас Ошероф 
Ошероф фотографира за време на патување во Биг Сур со неговите студенти

Во 1987 тој се преместил во одделот за физика и применета физика во Стенфордскиот универзитет, каде исто така бил директор на одделот од 1993-96. Неговото истражување во главно било за феноменот кој се појавувал при екстремно ниски температури.

Ошероф бил одбран да работи во Колумбиското биро за истражување на инциденти, за истрага на спејс шатлот Columbia, имајќи ја истата улога како и Ричард Фејман.

Тој моментално работи во бирото на советници за научници и инженери за Америка, огранизација фокусирана на промовирање на наука во американската влада.

Ошероф е левак, така што вината за неговите мани и ексцентричности ја префрла на тоа. Тој е исто така страствен фотографер и ги запознава судентите во Стенфорд со средноформатна филмска фотографија на семинар насловен "Technical Aspects of Photography." (македонски: „Технички аспекти на фотографијата“). Додатно, тој одржувал во Стенфорд воведен физички курс за електрицитетот и магнетизмот при неколку средби, последен пат летото 2008, како и постдипломските лаборатории за нискотемпературна физика.

Меѓу неговите физички теренски активности, Ошероф учествувал во научни фестивали за студенти од основно и средно училиште, во официјален „гостин на честа“ во Меѓународниот натпревар на млади физичари, 2013.

Се оженил со биохемичарот, Филис Лиу - Ошероф, во 1970.

Поврзано

  • Временски тек на нискотемпературната технологија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Даглас Ошероф ЖивотописДаглас Ошероф ПоврзаноДаглас Ошероф НаводиДаглас Ошероф Надворешни врскиДаглас Ошероф1 август1945Англиски јазикДејвид ЛиНобеловата награда за физикаРоберт Колман РичардсонСуперфлуидностФизичар

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Хераклеја ЛинкестисМакедонски ВласиВардарФлејтаТромбоцитопенијаАнтичка МакедонијаКрвСостојба на материјатаЗглобГрузијаНезависносложени реченици во македонскиот јазикЉубе БошкоскиЖелезоПресметување на датумот на ВелигденОпштина ВрапчиштеЈајчникПустинаСтара ГрцијаФранцијаСловенска писменостМесечинаЏ. Р. Р. ТолкинЗлатоГолемата вода (роман)Принцезата на зрно грашокСписок на електрани во МакедонијаСамоилово ЦарствоИлинденско востаниеОпштина БогданциРимска уметностДаниел ДефоМитологијаАутизамКралот ЛирШар ПланинаЈугославијаИзборна единица 7Скопско КалеКалеш АнѓаМакедонијаИндонезијаНепалДесница (политика)АВНОЈЦар СамоилРогачСписок на цркви и манастири на Македонската православна цркваДекамеронАјдучка треваОхридско ЕзероЈудаизамТетанусТашко ГеоргиевскиСписок на држави во светотКошаркаМали сипанициЖичени инструментиМакедонски парламентарни избори, 2008ЛибијаФилип РикерРастенијаСкржавецот (Плавт)Македонски јазикПартија за целосна еманципација на РомитеПрисовјаниДувачки инструментБегалкаПеперугиПридавки во македонскиот јазикВоздушен коридорРибиАмазонОпштина Демир ХисарХипотензијаСолиОпштина ПрилепДаут-пашин амамХомер🡆 More