Георг Беднорц

Георг Беднорц (германски: Georg Bednorz 16 мај 1950) — германски физичар кој, заедно со Карл Александар Милер, ја откриле високотемпературната суперпроводливост кај керамиките, откритие за кое ја поделиле Нобеловата награда за физика во 1987 година.

Георг Беднорц
Георг Беднорц
Роден(а)16 мај 1950(1950-05-16)(73 г.)
Нојенкирхен, Германија
НационалностГерманец
ПолињаФизика
Докторски менторХајни Гренихер,
Карл Александар Милер
Познат поВисокотемпературна суперпроводливост
Поважни наградиБеноаова награда (1986)
Нобелова награда за физика (1987)

Живот и дело

Беднорц е роден во Нојенкирхен, Германија како најмладото дете од четрите деца на татко му Антон кој бил учител во основно училиште и неговата мајка Елизабет учителка по пијано. Неговите родители потекнувале од Шлеска во Средна Европа, но биле приморани да се преселат на запад поради Втората светска војна.

Како дете, неговите родители се обиделе да го заинтересираат да се занимава со класична музика, но тој бил повеќе наклонет кон работа со мотори и автомобили. (Иако како тинејџер тој научил да свири на виолина и труба.) Во средна школа тој развил интерес за природните науки, особено кон хемијата, која можел да ја изучува преку експериментите.

Во 1968 година, Беднорц се запишал на Минстерскиот универзитет за да учи хемија. Сепак, тој се почувствувал загубен во големиот број на ученици и се префрлил на помалку изучуваната кристалографија, дел од минералогијата на граница меѓу хемијата и физиката. Во 1972 година, неговите учители Волфганг Хофман и Хорст Бом летото да го помине во истражувачката лабораторија на IBM во Цирих како студент посетител. Искуството кое го стекнал тука ќе ја оформи неговата понатамошна кариера, не само што тука го сретнал неговиот иден соработник Карл Александар Милер, раководителот на одделот за физика, тука ја почувствувал атмосферата на креативност и слобода која опстојувала во лабораториите на IBM за кој вели самиот дека му влијеле силно на неговиот начин на изведување на науката.

По уште една посета во 1973 година, тој заминал во Цирих во 1974 година на шест месеци за да изврши одредена експериментална работа како дел од неговата дипломска работа. Тука тој растел кристали на SrTiO3, керамички материјал кој припаѓал на семејството на первоскити. Милер, кој и самиот бил заинтересиран во первоскитите, го потпомагал неговото истражување, и по добивањето на својата магистерска диплома од Минстерскиот универзитет во 1977 година Беднорц го започнал својот докторат на Швајцарскиот федерален институт за технологија под менторство на Хајни Гренихер и Карл Александар Милер. Во 1978 година, неговата идна сопруга, Мехтилда Венемер, која ја запознал во Миинстер, заминала во Цирих за и таа да го направи својот докторат.

Во 1982 година, по стекнувањето на својот докторат, тој се придружил на лабораторијата на IBM. Таму, му се придружува на Милер во неговите тековни истражувања на суперпроводливоста. Во 1983 година, Беднорц И Милер започнале систематско изучување на електричните својства на керамиките создадени од оксидите и во 1986 година тие успеале да предизвикаат суперпроводливост во лантан бариум бакарен оксид (LaBaCuO, познат и како LBCO). Критичната температура на оксидот (Tc) била 35 K, цели 12 K повисока од претходниот рекорд. Ова откритие поттикнало голем дел од понатамошните истражувања кај високотемпературната суперпроводливост кај купратни материјали со структура слична на LBCO, што наскоро довело до откривање на соединенија како BSCCO (Tc 107K) и YBCO (Tc 92K).

Во 1987 година, Беднорц и Милер заедно биле наградени со Нобеловата награда за физика „за нивниот напредок во откривањето на суперпроводливоста кај керамичките материјали“. Во истата година Беднорц бил назначен за научен соработник на IBM.

Награди и почести

  • Лондонова меморијална награда (1987)
  • Хајнеманова награда (1987)
  • Полова награда (1987)
  • Пакардова награда (1988)
  • Беноаова награда (1986)
  • Нобелова награда за физика (1987)
  • Мекгродиева награда за нови материјали (1988)
  • Розенова награда (1988)
  • Голдшмитова награда
  • Клунгова награда

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Георг Беднорц Живот и делоГеорг Беднорц Награди и почестиГеорг Беднорц НаводиГеорг Беднорц Надворешни врскиГеорг Беднорц16 мај1950ГерманијаГермански јазикКарл Александар МилерКерамикаНобелова награда за физикаФизичар

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Робинзон КрусоЦистична фиброзаДомашно говедоЛуксембургАна ФранкПетар ПанНалеј, налејМакедонија (регион)Виолета ТомовскаТодор АнгелевскиШизофренијаБаталјон за специјални намениОче нашИнформатикаТелефонРисто КрлеЛимфоцитЦар Едип (драма од Софокле)ХипофизаМомче во пижами со риги (филм)‘Рбетен столбДислексијаПринцезата на едно зрно грашокГрадови во ГерманијаИменки во македонскиот јазикКралство ЈугославијаВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)КонтрабасВетарЗаздравување на ранаЈаков СтобискиПочваГрадови во МакедонијаГихтЗвездана АнгеловскаЏорџ Вашингтон1894 во уметностаЗигмунд ФројдВолкЈосип Броз-ТитоКанадаКристијан X ДанскиСписок на змии во МакедонијаРајко ЖинзифовГраматички категории на именките во македонскиот јазикСтудентски дом „Гоце Делчев“1637 во уметностаМарко ЦепенковМесечинаПолово пренослива болестЗемјоделство во МакедонијаЕвропаДекарПјер КорнејШинелСветлана Ражнатовиќ-ЦецаИлијадаПјацаБелгијаОхридска архиепископијаВизантијаПролетЈапонијаСобрание на МакедонијаМетодија Андонов-ЧентоВеличествениот султан (ТВ-серија)Моклиште (село)ИсландДепресија (расположение)АнемијаПодземни водиКронова болестОбновливи извори на енергијаВиницаПрилепско КралствоСветски чудаБосна и ХерцеговинаАпенински ПолуостровЈапонофилија🡆 More