Галиполската операција исто така позната како Галипоски поход, Дарданелски поход или Битка на Галиполе била водена во текот на Првата светска војна во периодот од 25 април 1915 година до 9 јануари 1916 година.
Конфликтот бил меѓу силите на Антантата на чело со Велика Британија и Франција од една страна и Отоманското Царство од друга страна. Целта на операцијата била по крајот на оваа битка да се навлезе кон престолнината Цариград и да се обезбеди патот кон Русија. Овој обид не бил успешен и имал големи загуби и на двете страни. Овој поход се смета за една од најголемите победи на Турците во текот на Првата светска војна.
Галиполска операција | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Прва светска војна | |||||||
Галиполска операција | |||||||
| |||||||
Завојувани страни | |||||||
Антанта | Централни сили | ||||||
Сила | |||||||
Британска Империја: 489.000 France: 79.000 5 divisions (initial) 16 девизии | Османлиско Царство: 315,500 6 девизии 15 девизии | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
220.000, 59% жртви | 251.000, 60% жртви |
Овој конфликт од страна на зафатените народи бил прифатен со големо влијание. Во Отоманското Царство или Турција, битката се сметала за голем момент од историјата на Турција за одбрана на татковината бидејќи самата Отоманско Царство веќе одамна била во процес на распаѓање. Овој конфликт ја поставил основата за понатамошната војна за турската независност и формирањето на Република Турција по осум години на чело со Мустафа Кемал Ататурк кој бил командант во Галиполе.
Една од најголемите битки во текот на овој поход се одвила на 18 март 1915 година кога силите на Антантата започнале офанзива кон Дарданелите и истата завршила со неуспех. Тие биле уверени на безбедно минување покрај теснецот но турските сили ноќта пред да навлезат непријателските бродови го минирале преминот. Кога на 18 март британските и француските бродови отвориле оган, Турците не одговориле. Минирањето на реонот им нанеле големи загуби на британските и француските бродови по кое силите на Антантата морале да се повлечат.
Овој неуспех за навлегување во Дарданелите преку море докажал дека без офанзива преку земја нема да може да се добие војната. Поради тоа започнала подготовка за нов напад, а за оваа цел биле мобилизирани австралиски и новозеландски војници кои требало да го нападнат Арибурну, а англиските и француските сили Седулбахир. Се проценува дека бројот на сојузничките сили бил околу 80.000 пешадиска армија. Но германско-турската воена команда бргу го разбрал новиот план и за таа намена била формирана нова девизија за одбрана на Дарданелите. На 25 април 1915 година започнала новата битка а на чело на отоманската армија се наоѓал Мустафа Кемал Паша. Во текот на овие битки на страната на Отоманците учествувале и петнаесетгодишни деца. Во оваа битка Турција им го нанела последниот пораз на силите на Антантата.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Галиполска операција, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.