Ростушко Врбјани: село во Општина Маврово и Ростуше

Врбјани — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горна Река, во околината на градот Дебар.

Врбјани
Ростушко Врбјани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед на селото

Врбјани во рамките на Македонија
Ростушко Врбјани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Врбјани
Местоположба на Врбјани во Македонија
Врбјани на карта
Координати 41°41′0″N 20°37′57″E / 41.68333° СГШ; 20.63250° ИГД / 41.68333; 20.63250
Регион Ростушко Врбјани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Полошки
Општина Ростушко Врбјани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Маврово и Ростуше
Област Горна Река
Население 187 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1255
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07016
Надм. вис. 1.360 м
Врбјани на општинската карта
Ростушко Врбјани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Врбјани во рамките на општината
Ростушко Врбјани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Врбјани на Ризницата

Географија и местоположба

Ростушко Врбјани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поглед на селото од соседното Сенце

Врбјани се наоѓа во областа Горна Река, во западниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, од десната страна на реката Радика, а под источните огранки на планината Кораб. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.360 метри. Од градот Гостивар, селото е оддалечено 38 километри.

Селото Врбјани од источната страна се граничи со реката Радика и селото Сенце, од јужната страна се граничи со селото Жировница, од западната страна со малата Врбјанска Планина, од која се гледа големата планина Кораб, и од северната страна со селата Тануше, Рибница, Нистрово и Волковија.

Селото е сместено на Меник, огранка на планината Кораб. Гледано од долината на Радика личи на птичјо гнездо. Селото е на граница со другите мијачки села.

Како месности во атарот на селото се сретнуваат следниве: Ливади Мечкарит, Орница е Рекас, Ливади Чолакут, Каловишта, Вори Асанит (стари гробишта) и Вори Латинит („латински гробишта). Во околината на селото се сретнуваат повеќе извори и пештери.

Селото има збиен тип и е поделено на три маала, Млика, Фучка и Квечај.

Историја

Селото било основано доста подоцна од останатите рекански села и се разликува од другите по говорот, бидејќи неговите жители се дојдени од областа Матија, во Албанија, пред околу 200 години.

Во XIX век, Врбјани било село во Реканската каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Стопанство

Ростушко Врбјани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поглед на селото во есен

Селото зафаќа простор од 14 км2. На него преовладуваат шумите на површина 596,8 хектари, обработливото земјиште зазема 389,6 хектари, додека на пасиштата отпаѓаат само 39,9 хектари.

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција. Во минатото, во селото постоела земјоделска задруга.

Население

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Врбени се води како чисто албанско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 60 куќи.

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948620—    
1953434−30.0%
1961585+34.8%
1971640+9.4%
1981605−5.5%
ГодинаНас.±%
1991130−78.5%
1994611+370.0%
2002625+2.3%
2021187−70.1%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Албанци.

Во 1961 година селото броело 585 жители, од кои 501 биле Албанци, 67 Турци и 10 Македонци, додека во 1994 година бројот се зголемил на 611 жители, од кои 607 Албанци.

Според пописот од 2002 година, во селото Врбјани живееле 625 жители, од кои 622 Албанци и 3 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 187 жители, од кои 163 Албанци и 24 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 620 434 585 640 605 130 611 625 187

Родови

Во Врбјани отсекогаш живееле Албанци. Според записите на Томо Смилјаниќ - Брадина на почетокот на XX век во Врбјани живееле албански муслимански родови, кои се доселени областа Матија, во Албанија.

  • Албански родови:
    • Во маалото Млика (22 к.): Кросај (14 к.), Молај (6 к.) и Пуџа (2 к.).
    • Во маалото Фучка (16 к.): Османита, Абдијит (7 .), Гацај (7 к.) и Ламалат.
    • Во маалото Квечај (33 к.): Панделит (6 к.), Скеролит (16 к.) и Фејзолит (11 к.).

Општествени установи

Самоуправа и политика

Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Ростуша, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Маврови Анови, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на општина Ростуша се наоѓало во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Жировница, во која покрај Врбјани се наоѓале и Болетин, Видуше и Жировница. Во периодот 1950-1952 година, селото било седиште на истоимената општина.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0476 според Државната изборна комисија, сместено во простории на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 569 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта
    Џамии
  • Стара џамија — стара селска џамија
  • Нова џамија — нова селска џамија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Ростушко Врбјани Географија и местоположбаРостушко Врбјани ИсторијаРостушко Врбјани СтопанствоРостушко Врбјани НаселениеРостушко Врбјани Општествени установиРостушко Врбјани Самоуправа и политикаРостушко Врбјани Културни и природни знаменитостиРостушко Врбјани НаводиРостушко Врбјани ПоврзаноРостушко Врбјани Надворешни врскиРостушко ВрбјаниГорна РекаДебарОпштина Маврово и Ростуше

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Денес над МакедонијаОпштина СтругаГалилео ГалилејЛоковБубрегНаум НаумовскиМатичен млечСписок на главни градови во светотИзраелТирСаат-кула (Битола)Ангкор ВатКанадаТуризамЛалеРечник на стари македонски зборовиДаут-пашин амамВтора светска војнаПеш по светот20000 милји под моретоМислешевоКорозијаИфтарШтрковиАстероидна месечинаОпштина БитолаХемороидМахидевранПроста реченицаДен на востанието на МакедонијаИзборна единица 7Македонски ВласиОксидАВНОЈИзборна единица 6ЕлектромагнетБубрежен каменСоцијалистичка Република МакедонијаТромбоцитопенијаКатица ЌулавковаТурцијаStaphylococcus aureusТоме АрсовскиПовикувачки броеви во МакедонијаМакедонски претседателски избори (2024)ВласиЕкосистемАвстралија‘Рбетен столбГригор ПрличевКонтинентБугаријаМавровоДванаесет АпостолиЗНАМВоздушен коридорХипотензијаМакедонски народни песниВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоЕдгар Алан ПоТелефонСписок на хемиски елементиРевизор (комедија)СипанициНикола КаревИзборна единица 5Струјно колоГраматички категории на именките во македонскиот јазикХристијан Мицкоски27 мартПневмонијаЧовекови праваКувајтСписок на главни градови во ЕвропаСедум смртни гревовиВагинален исцедокДекамерон🡆 More