Оваа страница се однесува на проектот насловен како На денешен ден, а има за цел дефиниција на проектот, опис на начинот на функционирање, учесници во проектот, документација на проектот.
Во дефинирањето и реализацијата на овој проект добредојдено е учеството на сите членови на заедницата.
Според историјата на страниците поврзани со проектот На денешен ден, може да се претпостави дека истиот започнува со предложно додавање на статии за денови, месеци и години, започнувајќи некаде од Јуни 2005. И тоа предлошки од следниов вид:
Во моментов од страна на википедија уредувачите се врши пополнување на вака предложно определените статии за денови, месеци и години. Предлошките се добро осмислени, постои навигација помеѓу деновите, месеците, годините и сл.
Но поради слабата активност на уредувачите овие статии до сега се делумно пополнети. Причината зошто уредувачите не се активни може да лежи и во непознавањето на постоењето на овие статии и како тие податоци можат да се искористат.
Имајќи ги во предвид слабостите на постојниот систем и слабата пополнетост на веќе предложно создадени статии, се започнува овој проект кој има за цел да го стартува овој проект, да предложи измени на постоечката состојба, да ги анимира уредувачите да дадат свој допринос во пополнувањето на википедија со овој тип на содржини, да им овозможи на корисниците на изданието на википедија на македонски јазик можност за користење на овие содржини.
Напоредно со редизајнот на главната страница, кој се совпадна со надминувањето на бројката од 10.000 статии, се воведува и автоматско создавање на оддел на главната страница со содржини од типот на денешен ден. Постоечките податоци, започнувајчи од 25/26 јуни па до 31 јули за секој ден се преработени и генерирани се нови потстатии за секоја статија од типот ден месец, во следниве поттипови:
Голем допринос во пополнувањето на новокреираните подстатии даде Виктор Јованоски обработувајќи го месец Јули. Misos изработи една помошна процедура/скрипта која, по неколкуте модификации направени од Брест, на потенцијалните уредувачи може да им биде од доста голема помош при уредувањето на статиите. Може слободно да се користи од сите заинтересирани. Идејата е да се внесе година и форматиран викитекст а скриптата назад враќа комплетна статија која треба само да се копира во соодветната статија на Википедија.
Главната страница автоматски ги повикуваа овие подстатии и ги прикажува за секој ден посебно.
Според првичните истражување надвор од википедија проектот, посериозна база на податоци за овој тип на содржини може да се најде на веб страницата на телевизија А1.
По слободна пороценка базата на податоци на википедија има сериозни шанси да прерасна во број еден база на податоци за овој тип на содржини на македонски јазик, како по квантитет на содржинити така и по квалитетот на содржините кој ќе го понуди.
Постоечките статии од типот ден месец се преработени така што сега само се повикуваат соодветните подстатии. Како пример за добро уредување на овие статии може да се погледне статијата 1 јули, каде од левата и десната страна има вметнато и соодветни илустрации за соодветните настани. На овој начин би се добиле квалитетни статии, за кои би постоел зголемен интерес да се прегледуваат и надополнуваат.
Покрај воспоставените поттипови: настани, родени, починале, и празници, може да се користат и други поттипови доколку за тоа се укаже потреба, при што потребно е секој нов поттип претходно да се предложи на оваа страница за проектот за да може и другите учесници во проектот да бидат запознаено со новиот поттип.
Бидејќи бројот на настани за еден ден може да биде голем и непогоден за објавување автоматски на главната страница, потребно е да се креира соодветна страница (извод), каде ќе се извлечат поважните настани на тој ден погодни за објавување на главната страница. Насловот на оваа страница извод би бил од типот 13 јули (главна страница).
Од причини на архивирање на објавените содржини на главната содржина, можно е изводите да се именуваат и со додавање на година за кои се однесуваат, пример 13 јули (главна страница 2007), наместо 13 јули (главна страница).
Предлошката {{Шаблон:Главна страница / на денешен ден}}, треба да се доработи со цел да ги опфати и ваквиите случаи.
реден број | корисник | датум на пријавување |
---|---|---|
1 | Brest | 2007.07.05 |
2 | Виктор Јованоски | 2007.07.05 |
3 | Misos | 2007.07.08 |
4 | Aleksandar L | 2007.07.17 |
5 | Б. Јанкулоски | 2009.08.23 |
6 | Maxim Stoyalov |
Учесниците можат да додадат предлошка дека се учесници во проектот.
Овој корисник е член на ВикиПроектот На денешен ден. |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Википедија:Проект:На денешен ден, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.