Буриловци: село во Општина Свети Николе

Буриловци — село во областа Овче Поле, во Општина Свети Николе, во близина на градот Свети Николе.

Буриловци
Буриловци: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед кон селото

Буриловци во рамките на Македонија
Буриловци: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја
Буриловци
Местоположба на Буриловци во Македонија
Буриловци на карта
Координати 41°55′04″N 22°03′47″E / 41.91778° СГШ; 22.06306° ИГД / 41.91778; 22.06306
Регион Буриловци: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Вардарски
Општина Буриловци: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Свети Николе
Област Овче Поле
Население 1 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 2225
Повик. бр. 032
Шифра на КО 24006
Надм. вис. 360 м
Буриловци на општинската карта
Буриловци: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Буриловци во рамките на општината
Буриловци: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Буриловци на Ризницата

Потекло на името

Името на селото првпат е споменато како Бориловци во турски документи од 1519 година. Неговото потекло доаѓа од личното име Борило (Боре или Борислав).

Село со слично име (Бурилчево) се наоѓа во западниот дел на Кочанската Котлина.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Овче Поле, во источниот дел на територијата на Општина Свети Николе. Селото е рамничарско, на надморска височина од 360 метри. Од градот Свети Николе е оддалечено 22 километри.

Селото се наоѓа западно од селата Стануловци и Арбасанци, во плитката долина на Буриловска Река. Реката доаѓа од селата Мечкуевци и Ранчинци на север и оди кон Мустафино на југ. Жителите се снабдуваат со вода за пиење од една чешма и немаат бунари. Надвор од селото има неколку мали извора.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Еѓупка, Главица, Војнички Рид, Бела Земја, Немашница, Бојаџија, Церибашица, Црвена Земја, Балев Крс, Пороиште, Долна и Горна Река и Тридолци.

Селото има разбиен тип и е поделено на две маала: Горно и Долно. Постаро е Долното Маало.

Селото скоро и да не е поврзано со никаков пат и до него се пристапува преку земјен пат низ ниви.

Историја

Остатоците од старини укажуваат дека на денешното село имало жители уште од стари времиња. Мештаните зборуваат дека во самото село ископувале дебели ќерамиди, врчви и гробови.

Буриловци е старо село, отсекогаш семстено на денешното место. Некогаш, ова село имало многу домови, но за време на отоманскиот период, кога беговите почнале да им ја одземаат земјата на селаните, селото се намалило и доста се иселиле.

Во XIX век, Буриловци било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 8,9 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 724,6 хектари, на пасиштата отпаѓаат 138,4 хектари, а на шумите само 7,7 хектари.

Селото, во основа, има полјоделска функција.

За време на отоманскиот период, голем дел од земјата ја држале турски бегови. Скоро една половина од селскиот атар бил во посед на Изет-бег. Овој, но и другите бегови, живееле во Штип. При ослободување, малобројните Македонци во селото дел од земјата ја откупиле, а еден дел во 1936 година го добиле од државата. Во овој период, државата доделувала земја во селскиот атар на доселениците, кои главно биле од Горна Пчиња во Србија.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948226—    
1953247+9.3%
1961210−15.0%
1971124−41.0%
198141−66.9%
ГодинаНас.±%
199112−70.7%
199413+8.3%
200214+7.7%
20211−92.9%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.

Селото е мало и е во фаза на наполно раселување. Во 1961 година селото броело 210 жители, а во 1994 година само 13 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Буриловци живееле 14 жители, Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Македонец.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 226 247 210 124 41 12 13 14 1

Родови

Буриловци е чисто македонско православно село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1957/58 година родови во селото се:

  • Родови доселени во турско време: Ташковци (4 к.), Кочевци (2 к.), Митевци (1 к.) и Марганци (6 к.). Ташковци се доселени од селото Ерџелија, подалечно потекло непознато. Останатите родови се доселени со непознато потекло.
  • Родови доселени од 1936 година: Стајевци (2 к.), доселени се од селото Лесница кај Трговиште, Србија; Стојановци (2 к.), Тошевци (2 к.), Јаќимовци (2 к.), Божиловци (1 к.) и Баба-Ѓурчинци (2 к.), доселени се од селото Долни Стајевац кај Трговиште, Србија; Сурличанци (3 к.), доселени се од селото Сурлица кај Трговиште, Србија; Китановци (2 к.) и Петрушевци (1 к.), доселени се од селото Трница кај Трговиште, Србија; Петковци (1 к.), доселени се од селото Метежево, Кривопаланечко; Дичевци (1 к.), доселени се од селото Мечкуевци и таму биле доселени однекаде; Смилевци (1 к.), доселени се од селото Преод, таму биле староседелци; Стојчевци (1 к.) и Арсевци (1 к.), доселени се од селото Арбасанци, таму биле доселени од раселеното село Тоља и Спировци (1 к.), доселени се од Кичевско.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Свети Николе во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ерџелија, во која покрај селото Буриловци, се наоѓале и селата Амзабегово, Аџибегово, Богословец, Горно Црнилиште, Делисинци, Долно Црнилиште, Ерџелија, Кадрифаково, Мустафино и Пеширово. Селото било дел од некогашната општина Мечкуевци во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Арбасанци, Буриловци, Мечкуевци, Ранчинци, Патетино и Станулевци.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1698 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Мустафино. Во ова избирачко место се опфатени и селата Арбасанци, Буриловци и Стануловци.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 347 гласачи.

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 340 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Буриловци: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Главната селска црква „Св. Никола“
    Археолошки наоѓалишта
    Цркви
    Реки

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Буриловци Потекло на иметоБуриловци Географија и местоположбаБуриловци ИсторијаБуриловци СтопанствоБуриловци НаселениеБуриловци Самоуправа и политикаБуриловци Културни и природни знаменитостиБуриловци НаводиБуриловци ПоврзаноБуриловци Надворешни врскиБуриловциОвче ПолеОпштина Свети НиколеСвети Николе

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

АртритисКрушевска РепубликаСтрушки вечери на поезијатаБајкаБедија БеговскаСкопско КалеАлександар III МакедонскиБаза (хемија)ГаличицаМалтаХомерСолиТриаголникЖолчкаЦрн дробНова годинаТуризамДобовјаниВекторМакедонски претседателски избори (2024)Камера опскураСтранствувањето на Чајлд ХаролдЈустинијан IТројанска војнаМакедонски парламентарни избори (2016)Македонски парламентарни избори (2011)Анална фисураАлбанијаОпштина Маврово и РостушеАлцхајмерова болестСлавко ЈаневскиРомбКавадарциНикола КаревТрапезСписок на цркви и манастири на Македонската православна цркваШтипКопа АмерикаПрометејВитамин Б6Список на реки во МакедонијаОпштина Ново СелоВојскаВртоглавицаПарадоксот на ДиогенНиколај Римски-КорсаковЃомлезеНаум НаумовскиМекотелиДеменцијаЛибијаМозокСтар векДелогождиДаут-пашин амамОпштини во МакедонијаЈаспер де БејстГрузијаМакедонски народни инструментиСистем за варењеСјогренов синдромКлеткаПроизвод (математика)Драмска уметностСтруен ударОпштина КумановоРак на дојкаГоце ДелчевБиполарно растројствоВелесТаџикистанЗаграчаниПоштенски броеви во МакедонијаРобинзон КрусоЕлектронска цевкаВојдан ЧернодринскиЈужна АмерикаГоран БреговиќЛидија Димковска🡆 More