Метежево: село во Општина Крива Паланка

Метежево — село распослано во областите Горна Пчиња и Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.

Метежево
Метежево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед на маалото Вучковци на селото Метежево

Метежево во рамките на Македонија
Метежево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Метежево
Местоположба на Метежево во Македонија
Метежево на карта
Координати 42°16′54″N 22°13′40″E / 42.28167° СГШ; 22.22778° ИГД / 42.28167; 22.22778
Регион Метежево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Североисточен
Општина Метежево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Крива Паланка
Област Горна Пчиња
Славиште
Население 13 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1330
Повик. бр. 031
Шифра на КО 15032
Надм. вис. 1.248 м
Слава Света Троица
Метежево на општинската карта
Метежево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Метежево во рамките на општината
Метежево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Метежево на Ризницата

Географија и местоположба

Метежево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Куќи во селото

Селото се наоѓа во областите Горна Пчиња и Славиште, во северниот висок дел на територијата на Општина Крива Паланка. Селото е раштркано и планинско, чии маала се наоѓаат на надморска височина од 1.020 до 1.260 метри. Од градот Крива Паланка е оддалечено 20 километри.

Селото географски повеќе припаѓа на соседната област Горна Пчиња, додека маалото Вучковци припаѓа на Славиште.

Селото се наоѓа помеѓу 900 и 1.000 метри надморска височина, во изворишниот дел на Лесничка Река. Околни села се Огут, Нерав и Подржи Коњ.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Градиште, Преслап, Момковац, Катуниште, Угљарица, Терзијини Венци, Марков Камен, Белев Дол, Крива Бука, Чука, Језеро, Матини Вирови, Занога, Трајкова Падина, Клинчово, Пожар, Река, Селиште, Билино и Студенац.

Селото има разбиен тип. Неговите маала се одвоени од 500 до 1.500 метри едно од друго. Вкупно има 5 маала, кои одејќи од северозапад кон југоисток се Николинци, Јовановци, Давитковци или Ливаѓани, Бара и Вучковци или Осоја.Се разликуваат вкупно 21 маало, поради што селото зазема големо подрачје. Главно и најголемо маало е Милевци.

Селото Метежево се наоѓа северозападно од градот Крива Паланка. На запад се граничи со селото Нерав, на северозапад со селото Огут, на североисток со селото Подржи Коњ, на исток со селото Габар, на југ со селото Баштево и на југозапад со Општина Ранковце.

Историја

На атарот на селото се сретнуваат старини и карактеристични топоними за кои се поврзани преданија. Северозападно од селото се наоѓа Градиште, мало возвишување („чукар“) на граница на областите Горна Пчиња и Славиште. Се споменува дека некогаш тоа било град. На месноста Преслап пак биле пронајдени големи земјени ќупови, како и гробови со плочи. Некои споменуваат дека дури постоела и црква. Во денешното маало Давитковци пак се наоѓа месноста Селиште, каде некогаш постоело село, кое денес е раселено. Во атарот на селото постои и месноста Марков Камен, што се верува дека се траги од Марко Крале и неговиот коњ..

Маалото Вучковци било основано во средината на XIX век. Поседот кој се наоѓа во изворишниот дел на Габерска Река го поседувал Мустафа-бег од градот Крива Паланка. На тоа место се доселиле три роднински родови од Црцорија и еден род од селото Добровница.

Во XIX век, Метежево било село во Кривопаланечка каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 15,7 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 606 хектари, на пасиштата отпаѓаат 489 хектари, а на шумите 328 хектари.

Селото поседува големи пасишта на планината Билино. Месноста Катуниште над селото говори дека селото имало развиено сточарство одамна.

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948401—    
1953444+10.7%
1961431−2.9%
1971354−17.9%
1981181−48.9%
ГодинаНас.±%
199191−49.7%
199493+2.2%
200250−46.2%
202113−74.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Метежево имало 420 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Метежево имало 408 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.

По Првата светска војна селото било дел од општина Градец и имало 450 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.

Поради иселувањето на населението, Метежево преминало од средно во мало село. Така, селото во 1961 година броело 431 жител, а во 1994 година 93 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Метежево живееле 50 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 420 408 401 444 431 354 181 91 93 50 13

Родови

Метежево е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички. Доселениците потекнуваат од селата во областа Горна Пчиња.

Родови во Метежево се: Николинци (3 к.), најстар род во селото и основачи на истоименото маало; Тасевци или Младеновци (3 к.), биле еден род со Николинци и живееле во исто маало, но во средината на XIX век преминале на место каде имале сточарски колиби и го основале маалото Бара; Петровци (3 к.), стар род, живеат во маалото Николинци; Милковци (3 к.), се верува дека е стар род, кој најпрвин живеал во маалото Николинци, а подоцна во маалото Бара; Стаменовци (2 к.), стар род; Илинци (2 к.), стар род, живеат во маалото Јовановци; Митровци (2 к.), не им се знае потеклото, живеат во маалото Николинци; Пољаци (4 к.), доселени однекаде, живеат во маалото Николинци; Давитковци (5 к.), доселени однекаде, живеат во истоименото маало; Вукановци (2 к.), не им се знае потеклото, живеат во маалото Давитковци; Ѓуринци (2 к.), доселени однекаде, живеат во маалото Ливаѓани; Ристовци (5 к.), доселени се од селото Добровница, се доселил Ристо во маалото Давитковци; Јовановци или Чифлици (5 к.), доселени се од некое село кај Ќустендил, го знаат следното родословие: Владо (жив на 30 г. во 1950 година) Димитрија-Станислав-Цветко-Јован, основачот на родот кој се доселил; Стојчинци (2 к.), доселени се однекаде; Пожарлици (1 к.), доселени се во втората половина на XIX век од селото Добровница и Божана (1 к.), доселени со непозната старина.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Огут, во која покрај селото Метежево, се наоѓале и селата Нерав и Огут. Општината Огут постоела и во периодот 1950-1952.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0970 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватен објект.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта

Редовни настани

Иселеништво

Од селото се знае за следниве иселеници: Метежевци (3 к.), се иселиле во селото Лопате, покрај Куманово; Метежевци (7 к.), се иселиле во кумановското село Клечевце. Има и иселеници во поново време.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Метежево Географија и местоположбаМетежево ИсторијаМетежево СтопанствоМетежево НаселениеМетежево Самоуправа и политикаМетежево Културни и природни знаменитостиМетежево Редовни настаниМетежево ИселеништвоМетежево НаводиМетежево ПоврзаноМетежево Надворешни врскиМетежевоГорна ПчињаКрива ПаланкаОпштина Крива ПаланкаСлавиште

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Човечки скелетПаркинсонова болестАстероидна месечинаДанела АрсовскаСтруен ударРак на грлоЛабуништаДрамска уметностГеографија на МакедонијаДелењеЃорѓи АбаџиевГитараДен на независноста на МакедонијаБорис ТрајковскиСтрадањата на младиот ВертерЛавХормонЗаграчаниЕнтерококиИнтернетПрва помошФилип РикерЖабаДржавни празници во БугаријаДесет Божји заповедиХемоглобинСидЕнергијаСостојба на материјатаДраган МијалковскиМозочно крвавењеХеродотДонтов методТрстПотенцијална енергијаКатица ЌулавковаСтрушки вечери на поезијатаИнфективна мононуклеозаГеографска картаМитологијаВикинзиКорошиштаИндонезијаКалеш АнѓаАбортусОпштина ШтипЦрвен крст на МакедонијаЗбогум Румелија (ТВ-серија)Периоден систем на елементитеАквилејаКрушевоАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаКуранСтрумички карневалЕврејски празнициОпштина Чучер-СандевоСпомен-куќа на Мајка ТерезаИсламОдбојкаБугаријаИфтарКошаркаЗборник на МиладиновциДоктор ОфболиАдаптација (биологија)ЈугославијаРак на грло на маткаПеперугиМакедонски народни песниЛожаниЧовечко телоИзборна единица 5Коле НеделковскиПридавкаОпштина БитолаМатка (кањон)ТрескавецТенко црево🡆 More