Замок Брдо Кај Крањ: замок во Словенија

Брдо кај Крањ — замок наоѓа во Предосље, Градска општина Крањ, Словенија .

Оваа палата е една од главните места каде се одржуваат дипломатски состаноци на Владата на Република Словенија.

Брдо кај Крањ
Brdo pri Kranju
Egg
Замок Брдо Кај Крањ: замок во Словенија
Општи податоци
ГрадПредосље, Градска општина Крањ
ЗемјаСловенија

Зградата била изградена во 1510 година од страна на крањскиот гроф Георг, кој во тоа време бил генерален администратор на Хабсбуршкиот приватен имот во Војводство Крањ. Првично била изградена во ренесансен стил, но повеќепати бил реновиран. Во 18 век, објектот бил купен од страна на Микеланџело Зоис, татко на просветителскиот крањски уметник и природен научник Жига Зоис. Во 19 век, нејзината внатрешност била целосно реновирана.

Во првите децении на XX век била купена од страна на кнезот Павле Караѓорѓевиќ во 1935 година. Во негово време, палатата се трансформирала во летна резиденција на тогашните власти. Помеѓу 1935 и 1941 година, неколку истакнати поединци престојувале како гости во Брдо, вклучувајќи го британскиот крал Едвард VIII.

Кога Југославија станала комунистичка држава во 1945 година, зградата била конфискувана од династија Караѓорѓевиќ и станала летна резиденција на југословенскиот водач Јосип Броз Тито. По смртта на Тито во 1980 година, имотот бил префрлен во Социјалистичка Република Словенија и подоцна истиот бил наследен од страна на Владата на независната Република Словенија. Во својата традиционална улога на домаќин на национални и меѓународни конференции, во 1990 година, овде било местото на одржување на конференцијата меѓу водачите на шест југословенски републики во еден неуспешен обид да го спречи распаѓањето на федерација.

На 16 јуни 2001 година палатата била домаќин на самитот меѓу САД и Русија, одсносно нејзините претседатели Џорџ Буш и Владимир Путин. Во првата половина на 2008 година, кога Словенија била претседавач со ЕУ, во оваа палата исто така се одржал самит.

Наводи

Tags:

Градска општина КрањСловенија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Земји членки на Европската УнијаЛетни олимписки игри 2024Десет Божји заповедиЦрква „Св. Петар и Павле“ - Ѓорче ПетровКоскаСрцева слабостЦрква „Св. Пантелејмон“ - Горно НерезиКонстантин МиладиновДабСписок на главни градови во ЕвропаУдовски ОстровАнглиски јазикВизантијаМето Јовановски (глумец)СингапурАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. АнгеларијСкратеници во македонскиот јазикКалендар на Велигденски датумиЕтанолИсторија на македонскиот народВоен конфликт во Македонија (2001)Оперативен системБитка на НеретваАксел ВитселПарализа при спиењеМилениумски крстИзборна единица 2КичевоПанде ПетровскиDNKСобрание на МакедонијаХипофизаМочуриштеМихаил ЧековХристово распнувањеЗападна МакедонијаТалинЦрква „Св. Јован Канео“ - ОхридЛетен јоргованСолунски атентатиМакедонски парламентарни избори (2006)Марија МагдаленаФлебитисНова алтернативаВалповоВенко ФилипчеМухамедПред дождотДебарско ЕзероВознесение ХристовоЦрква „Св. Ѓорѓи“ - СтругаФК ВардарГорно Оризари (Велешко)Ден на независноста на МакедонијаНикола ГруевскиПресметување на датумот на ВелигденАнална фисураЦрква „Св. Пантелејмон“ - ВелесХалкидикКронова болестЕгејска Македонија1200Дарко КаевскиЗдравецСедум смртни гревовиДен на сесловенските просветителиТорбешијаКузман ШапкаревФК Беса (Добри Дол, Гостиварско)Масакр кај ВејцеЦирозаВикиСловенијаСписок на државни знамињаОпштина Липково🡆 More