Чучер-Сандево Блаце: село во Општина Чучер-Сандево

Блаце — село во Општина Чучер-Сандево, во областа Црногорија, во околината на градот Скопје.

Блаце
Чучер-Сандево Блаце: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед на селото Блаце
(во средишниот дел на фотографијата)

Блаце во рамките на Македонија
Чучер-Сандево Блаце: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја
Блаце
Местоположба на Блаце во Македонија
Блаце на карта
Координати 42°9′7″N 21°19′58″E / 42.15194° СГШ; 21.33278° ИГД / 42.15194; 21.33278
Регион Чучер-Сандево Блаце: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Скопски
Општина Чучер-Сандево Блаце: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Чучер-Сандево
Област Црногорија
Население 862 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1011
Повик. бр. 02
Шифра на КО 25012
Надм. вис. 939 м
Блаце на општинската карта
Чучер-Сандево Блаце: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Блаце во рамките на општината
Чучер-Сандево Блаце: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Блаце на Ризницата

Потекло на името

Селото најпрвин запишано како Блатце се сретнува во 1299 година. Се верува дека името потекнува од Блатце, што доаѓа од блато (застоена вода, поголемо место со кал) и додавката -це, или пак од Блаца, што означува мочуриште.

Географија и местоположба

Чучер-Сандево Блаце: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Поглед на атарот и селото во далечина

Селото се наоѓа во северниот дел на Скопската Котлина, во западниот дел на територијата на Општина Чучер-Сандево, чиј атар нашироко се допира со државната гранична линија со Косово. Селото е ридско, на надморска височина од 420 метри. Од градот Скопје, селото е оддалечено 31 километар, додека од регионалниот пат Скопје-Приштина е оддалечено само 3,6 километри.

Селото е планинско и се наоѓа во Скопска Црна Гора. Селото е во близина на македонско-косовската граница и има граничен пункт.

Во суштина, селото е поделено на два различни делови, кои долго време во материјалите биле споменувани како две различни села. Тоа се Долно Блаце, сместено во непосредна близина на денешниот регионален пат Скопје-Приштина и граничниот премин „Блаце, и Горно Блаце (или само Блаце), сместено околу 3 километри повисоко на падините на планината Скопска Црна Гора.

Долно Блаце

Селото е мало и се наоѓа на левиот брег од реката Лепенец, сместено на ниска падина на планината Скопска Црна Гора. Под селото се наоѓаат извори од кои мештаните се снабдувале со вода за пиење. Како месности во неговиот атар се сретнуваат: Прслина, Роѓа, Ара Куч и Кодра Виеш.

Селото има разбиен тип, чии маала се многу раздвоени. Главни се две маала: Бард, на северозапад, и Точ, на југоисток. Имињата ги добиле по родовите кои живеат во нив и оддалеченоста меѓу нив е над 1 километар.

Горно Блаце

Селото се наоѓа на висока тераса од левата страна на Лепенец, сместено на падина на планината Скопска Црна Гора. Мештаните со вода за пиење се снабдувале од бунари, чешми и неколку извори. Како месности во неговиот атар се сретнуваат: Појата, Селиште, Роѓа, Плениште, Кодра Виеш и Бањица.

Селото има разбиен тип. Поделено е на маала, како Блаце, Дочај, Тушевска и Преслав. Исто така, постојат и повеќе групирања на куќи, кои се нарекуваат по родовите кои живеат во нив. Оддалеченоста меѓу маалата и групите куќи е од 300 до 500 метри.

Историја

Блаце се смета за старо село во делот на Скопска Црна Гора. Се смета дека порано се наоѓало над денешната положба, во месноста Селиште. Нема податоци кога била извршена преселбата во денешното село. Во историските извори под името Блаце првпат е споменато во 1300 година. Потоа, во 1308 година било споменато повторно во една од грамотите на кралот Милутин, кога било дадено во сопственост на средновековниот манастир „Св. Никита“.

Во средниот век во Горно Блаце несомнено е дека постоеле две цркви: „Св. Богородица“ и „Св. Ѓорѓи“. Остатоци од првата црква се наоѓаат во месноста Селиште, додека втората црква се наоѓала под селото, во денешната месност Киша (Црква). Повеќе нема никакви остатоци од храмот, но во атарот на селото порано се наоѓале плочи со натписи.

Во народната традиција се зачувани спомените за некогашното православно население на Горно Блаце, кое подоцна со доселувањето на муслиманското население од Албанија, постепено се иселувало. Од тоа време останати се топонимите и црквиштата, како и самото име на селото. Дел од православните родови од Горно Блаце кои се иселиле се Ѓорѓиовци, Томшеви, Мрчкови и Љотови.

И Долно Блаце се смета за постара населба, бидејќи околу селото се наоѓале старини. И тоа село било порано населено со православно население, кое подоцна целосно се иселило. Дел од родовите биле Живковци и Китановци.

Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство.

До крајот на турската власт во 1912 година, селото Долно Блаце било чифлиг.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 7 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 334,1 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 171,9 хектари, а на шумите 152,1 хектар.

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.

Селаните од Долно Блаце одгледувале жито, пченка и тутун долж реката Лепенец, но чувале и стока, која ја напасувале над Горно Блаце. Исто така, дел од мештаните работеле и во цементарницата во Генерал Јанковиќ.

Сточарството и земјоделството биле главни стопански гранки на мештаните до крајот на Втората светска војна во Горно Блаце.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.138—    
19531.181+3.8%
19611.137−3.7%
19711.271+11.8%
19811.182−7.0%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
19941.090—    
2002972−10.8%
2021862−11.3%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 49 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 161 мажи муслимани, со 11 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 344 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 374 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, Блаце е албанско село во Скопската каза во Отоманското Царство.

Како албанско село го означил и Леонард Шулце Јена. и Афанасиј Селишчев

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 1.050 Албанци.

Блаце е големо село, кое што во 1961 година броело 1.137 жители, од кои 1.072 биле Албанци и 60 жители Турци, додека во 1994 година имало 1.090 жители, албанско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Блаце живееле 972 жители, од кои 968 Албанци, 1 Македонец и 3 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 862 жители, од кои 760 Албанци и 102 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.138 1.181 1.137 1.271 1.182 0 1.090 972 862

Родови

Блаце е македонско муслиманско село со доминантно албанско население. Сите родови се доселени, освен еден кој бил исламизиран.

Според истражувањата од 1960-тите родови во двете села се следниве родови:

  • Горно Блаце:
    • Исламизирани старинци: Ковачевци (13 к.), сместени во истоименото маало. Исламот го примиле кон крајот на XVIII век или почетокот на XIX век.
    • Доселени муслимани: Феровци (12 к.), доселени од Северна Албанија; Љусњаи (19 к.), името го добиле по место во Северна Албанија од каде и дошле; Тушај (11 к.), сместени во истоимено маало, преминале од Косово; Точови (11 к.), потекнуваат од Голема Малесија; Мучај (7 к.), Салијас (10 к.), Дода (2 к.) и Чајаз (3 к.), дојдени на почетокот на XIX век од Северна Албанија; Ахмат (9 к.), доселени преку Косово, роднини со родот Бард од Долно Блаце; Дочај (7 к.), сместени во истоимено маало, исто потекло со Тушај; Шеови (7 к.), Кока (18 к.) и Ључови (7 к.), потекнуваат од Северна Албанија; Ариор (4 к.), името им е место во Албанија и Дошљак (2 к.), најнови доселеници.
  • Долно Блаце:
    • Доселеници: Бард (10 к.), името им е од село во близина на Скадар, од каде избегале браќата Селим и Али. По иселувањето најпрвин останале во Бардовци, но таму имале спор со Хамзи-паша. По неуспешната пресметка со него се раздвоиле и Али се населил во Горно Блаце, а Селим во Биљач кај Прешево. Алиловиот син Синан се отселил од Горно Блаце и се населил во Долно Блаце во средината на XIX век и Точ (7 к.), дојдени по родот Бард, исто така од Горно Блаце.

Општествени установи

  • ПОУ „Александар Урдаревски“ - Горно Блаце, изградено во 1951 година
  • ПОУ „Александар Урдаревски“ - Долно Блаце, изградено во 1979 година

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Чучер-Сандево и која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од тогашната Општина Чучер-Сандево.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Кале.

Во периодот од 1955 до 1962 година, селото било дел од тогашната општина Бутељ. Потоа, оваа општината била распуштена и била префрлена во општината Кале.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Бразда, во која покрај селото Блаце, се наоѓале и селата Бањане, Бразда, Визбегово, Глуво, Горно Оризари, Горњане, Мирковци и Чучер. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Блаце, во која влегувало селото Блаце.

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2467 и 2468 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на подрачното основно училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.019 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта
    Џамии
  • Џамија (Горно Блаце) — џамија во Горно Блаце; и
  • Џамија (Долно Блаце) — џамија во Долно Блаце.
    Реки

Личности

    Родени во Блаце
  • Шабан Сеиди (р. 1959) — професор по физичка култура и борач

Иселеништво

Од Горно Блаце се имаат иселено 14 муслимански семејства, најчесто во Скопје и во Турција.

Наводи

    Забелешки

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Чучер-Сандево Блаце Потекло на иметоЧучер-Сандево Блаце Географија и местоположбаЧучер-Сандево Блаце ИсторијаЧучер-Сандево Блаце СтопанствоЧучер-Сандево Блаце НаселениеЧучер-Сандево Блаце Општествени установиЧучер-Сандево Блаце Самоуправа и политикаЧучер-Сандево Блаце Културни и природни знаменитостиЧучер-Сандево Блаце ЛичностиЧучер-Сандево Блаце ИселеништвоЧучер-Сандево Блаце НаводиЧучер-Сандево Блаце ПоврзаноЧучер-Сандево Блаце Надворешни врскиЧучер-Сандево БлацеОпштина Чучер-СандевоСкопјеЦрногорија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Средоземно МореБедија БеговскаПеперугиКалендар на Велигденски датумиГетеборгЧленконогиТокиоБрзина на светлината20000 милји под моретоМакедонски парламентарни избори (2011)ЦијанобактерииМухамедМакедонска граматикаБалетКувајтВирусЏек ЛондонРеал БетисПодгорциСмоларски ВодопадБубрегГеографска картаМакедонски парламентарни избори, 2008Општина БитолаРимска уметностЛионел МесиАлцхајмерова болестОпштина КочаниОпштина СопиштеЈане СанданскиКамера опскураЧинови на Армијата на МакедонијаОрхан (книга)КилаПиту ГулиОпштина ЛипковоБели мугриМакедонијаФеникијаРимско ЦарствоЗемјотресБезовоСтрушки вечери на поезијатаЖабаГалијаХрватски месециИзборна единица 7МакедонциЕгејска МакедонијаЖивко ЧингоПожарСтарословенска азбукаЉубовЗевсДржавни празници во БугаријаСписок на македонски народни и староградски песниЗбунети годиниСловенијаХипертензијаСписок на главни градови во светотАјдучка треваБактерииРак на желудникЕтанолМитологијаСтепенување на придавки во македонскиот јазикПолицијаМустафа IЕлектрицитетОтоманска МакедонијаИфтарЧовечки папиломен вирусКамен мост (Скопје)Матичен млечТашко ГеоргиевскиРоман🡆 More