Балкански Рис

Балкански рис (науч. Lynx lynx balcanicus) — подвид на евроазискиот рис од родот рис (Lynx).

Балкански рис
Балкански Рис
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Ѕверови
Семејство: Мачки
Род: Рис
Вид: Евроазиски рис
Подвид: Балкански рис
Триномен назив
Lynx lynx balcanicus
Miric, 1978

Балканскиот рис е национален симбол на Македонија и се наоѓа на монетата од пет денари. Рисот се смета за најголема мачка во континентот. Балканскиот рис бил на работ на истребување. Се проценува дека има околу 100 единки останато. Балканскиот рис започнува да се пари во јануари до февруари, а се раѓаат малите во април.

Особености

Балкански Рис 
Распространетост на рисот во Македонија (2002)
Балкански Рис 
Балканскиот рис на македонските 5 денари.

Во минатото, рисот бил распространет на целата територија во западните и јужните делови на Македонија, како и на некои планини во источна Македонија.

Со влошување на животните услови балканскиот рис целосно исчезнал од источните делови на Македонија, така што денес може да се најде само во густите шуми и недопрени области во Западна Македонија. Последните податоци за рис во Источна Македонија се од 1924 на планината Плачковица.

Во врска со големината на популацијата на рисот во Македонија, постојат бројни и различни податоци од кои не може да се извлече доследен заклучок. Според тврдењата на Мириќ на територијата на Македонија имало 120 единки, додека пак според Мицевски само во клисурата на реката Радика може да се најдат околу 54 единки. Христовски и Ангеловски, пак, проценуваат дека на целата територија на Македонија вкупниот број на рисови е приближно 35. Во 2002 година Грубац проценува дека на територијата на Македонија живеат околу 35-40 единки.

Според Мириќ во периодот од 1917 до 1977 година рисот го проширил својот ареал на распространување во Македонија. Во последните триесет години очигледно е дека бројноста на популацијата е во опаѓање, но од неодамнешните литературни податоци не може точно да се утврди во која мера е тоа опаѓање.

Во март 2010 е фатена жива единка на подрачјето на Маврово за која не се знае сè уште на кој подвид припаѓа.

Популацијата на рисот е изложена на најразновидни закани, кои во најголем број произлегуваат од активностите на човекот. Некои од главните закани кои се забележани во Македонија се:

  • Малубројната популација и малиот репродуктивен потенцијал
  • Криволовство како една од најсериозните закани
  • Редукција на пленот како резултат на криволовството и деградацијата на стаништата
  • Деградација на стаништата во кои живее рисот и нелегалното сечење на шумите
  • Фрагментирање на стаништата и дисконтинуираност на биокоридорите преку разни инфраструктурни елементи
  • Вознемирување (рекреација, шумски активности и сл.)
  • Директна и индиректна конкуренција со волкот кој живее во истите станишта

Законски регулативи

Рисот е животно кое е заштитено со закон во Македонија. Законот за ловство (Службен весник на РМ 20/96) го дефинира рисот како дивеч и го категоризира како заштитен дивеч (Член 12), а неговиот лов е трајно забранет (Член 15). Друг закон,мошне важен за заштитата на дивите животни е Законот за заштита на природата, кој е имплементиран во јуни 2005. Рисот е заштитен и со неколку меѓународни конвенции, кои се ратификувани од Р Македонија: Бернската конвенција, CITES, EU Habitats & Species Directive.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Балкански Рис ОсобеностиБалкански Рис Законски регулативиБалкански Рис НаводиБалкански Рис ПоврзаноБалкански Рис Надворешни врскиБалкански РисБиномна номенклатураЕвроазиски рисПодвидРисРод (биологија)

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Цистична фиброзаСвети Кирил и МетодијКристијано РоналдоФлебитисЕгејска МакедонијаПолскаИсторија на македонскиот народМакедонциГастритисБитолаСписок на македонски филмовиОдбојкаКоцкаПланетаСписок на македонски народни и староградски песниТромбонОсигурувањеГоведарствоОливера НиколоваИсторијаЛетно сметање на времетоГерманијаСашка ДимитровскаПанкреасБигорски манастирЈане СанданскиПенис (човек)Адолф ХитлерВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Даме ГруевМакедонија во Втората светска војнаПијаноЕдгар Алан ПоВластПаризАнтонио ВивалдиПрограмски јазикМакедонска кујнаГрадска ластовичкаГлавна страницаКозметикаПензиски системЕвропаАнтонимЅвезда од КутлешОхридМултипла склерозаЗоки ПокиСценариоАвантурите на Том СоерСемирамидини висечки градиниЈајчникКонтрацепцијаМакедонски месециКомплет тапаниАпенински ПолуостровЈаглехидратЖан де ЛафонтенЈаков СтобискиИнтервал (музика)АстероидДимитар Поп-Георгиев БеровскиЏорџ ВашингтонЈужна АмерикаИнфективна мононуклеозаМесечинаРобинзон КрусоСлавко ЈаневскиЖивотниБлага Петреска20000 милји под моретоАбортусК-15Прилепско КралствоАлберт АјнштајнЕлектричен отпорМакедонски АлбанциПарите се отепувачкаТахикардија🡆 More