Атавизам

Во биологијата, атавизмот ― изменување на биолошката структура при што генетската особина на предците повторно се појавува откако била изгубена преку еволутивните промени во претходните генерации.

Атавизмите може да се појават на неколку начини, од кои еден е кога гените за претходно постоечките фенотипски особини се зачувани во ДНК, и тие се изразуваат преку мутација што или ги исфрла доминантните гени за новите особини или ги прави старите особини да ги надвладеат новите особини. Голем број на особини може да варираат како резултат на скратување на фетусниот развој на некоја особина (неотенија) или со продолжување на истата. Во таков случај, промената во времето кога е дозволено да биде развиена некоја особина пред да биде поправена, може да доведе до фенотип на предците. Атавизмот често е гледан како доказ за еволуцијата.

Атавизам
Раните зародоци од различни видови покажуваат некои особини на предците, како опашката на овој човечки зародок. Овие особини обично исчезнуваат во подоцнежниот развој, но тоа не може да се случи ако животното има атавизам.

Во општествените науки, атавизмот е тежнеење на навраќање. На пример, луѓето во денешното време се враќаат на начините на размислување и дејствување од поранешното време.

Зборот атавизам е изведен од латинскиот збор атавус (atavus) — чукун-чукундедо или, поопшто, предок.

Биологија

Еволутивните особини кои фенотипски исчезнале не мора да исчезнуваат од ДНК на организмот. Генската секвенца често останува, но е неактивна. Таков неискористен ген може да остане во геномот многу генерации. Сè додека генот остане недопрен, дефект во генетската контрола што го потиснува генот може да доведе до негово повторно изразување. Понекогаш, изразувањето на заспаните гени може да биде предизвикано со вештачка стимулација.

Атавизмите се забележани кај луѓето, како на пример кај доенчињата родени со опашки (наречен „кокцигеална постапка“, „кокцигеална проекција“ или „каудален додаток“). Атавизмот може да биде забележан и кај луѓето кои поседуваат големи заби, како оние на другите примати. Дополнително, во медицинската книжевност е забележан и случај на т.н. „змиско срце“, присуство на „коронарна циркулација и миокардна архитектура [кои многу] наликуваат на срцето на влекачот“. Атавизмот, исто така, неодамна бил индуциран кај фетуси од птичји диносауруси за да ги изразат заспаните особини на предците кои не се птичји диносауруси, вклучувајќи ги и забите.

Други примери на забележани атавизми се:

Култура

Атавизмот е поим во објаснувањето на Јозеф Шумпетер за Првата светска војна во либералната Европа од дваесеттиот век. Тој ја бранел теоријата за либерални меѓународни односи дека меѓународното општество изградено на трговија ќе ја избегне војната поради деструктивноста на војната и споредбената цена. Неговата причина за Првата светска војна е нарекувана „атавизам“, во која тој тврди дека старите влади во Европа (оние на Германската Империја, Руската Империја, Отоманската Империја и Австроунгарската Империја) ја вовлекле либералната Европа во војна, и дека либералните режими на другите континентални сили не го предизвикаа тоа. Тој ја искористил оваа идеја за да каже дека либерализмот и трговијата ќе продолжат да имаат смирувачки ефект во меѓународните односи и дека војната нема да се појави меѓу нациите кои се поврзани со трговски врски. Оваа последна идеја е многу слична со подоцнежната Теорија на златните сводови.

Професорот од Универзитетот во Лондон, Гај Стендинг, идентификувал три различни подгрупи на прекаријатот, од кои едната ја нарекол „атависти“, кои копнеат по она што го гледаат како изгубено минато.

Општествен дарвинизам

За време на интервалот помеѓу прифаќањето на еволуцијата во средината на 1800-тите и подемот на современото разбирање на генетиката во раните 1900-ти, атавизмот бил користен за да биде објаснето повторното појавување кај поединецот на некоја особина по неколку генерации отсуство - често наречена „навраќање“. Идејата дека атавизмите може да бидат собирани со одбрано размножување или повторно размножување, довело до сорти како што е Хековото говедо. Ова било одгледано од старипредели со избрани примитивни особини, во обид да се „оживеат“ ауроксите, изумрен вид диво говедо. Истите поими за атавизми ги користеле општествените дарвинисти, кои тврделе дека „инфериорните“ раси покажуваат атавистички особини и претставуваат попримитивни особини од другите раси. И теоријата за рекапитулација на атавизмот и на Ернст Хекел се поврзани со еволутивниот напредок, како развој кон поголема сложеност и супериорна способност.

Дополнително, концептот на атавизам како дел од индивидуалистичкото објаснување на причините за злосторничкото отстапување, било популаризирано од италијанскиот криминолог Чезаре Ломбросо во 1870-тите. Тој се обидел да ги идентификува физичките особини кои се заеднички за злосторниците и ги означил оние што ги пронашол како атавистички, „повратни“ особини кои го одредуваат „примитивното“ злосторничко однесување. Неговите статистички докази и тесно поврзаната идеја за евгеника одамна биле напуштени од научната заедница, но концептот дека физичките особини можат да влијаат на веројатноста за злосторничко или неетичко однесување кај една личност сè уште има одредена научна поддршка.

Поврзано

  • Атавистичко назадување
  • Испитување
  • Спандрела (биологија)
  • Торна атрас

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Атавизам БиологијаАтавизам КултураАтавизам ПоврзаноАтавизам НаводиАтавизам Надворешни врскиАтавизамБиологијаГенДНКДокази за еволуцијатаЕволуцијаМутацијаФенотип

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

РелигијаОпштина ШтипБлаже КонескиСедум смртни гревовиВојдан ЧернодринскиИсторијаЛирикаНедоразбирање (драма)Преспанско ЕзероКамера опскураКамен мост (Скопје)Ромео и ЈулијаДемир ХисарПодгорциМирко ПоповЖабаЛетно сметање на времетоСрцеМакедонска радио-телевизијаПечалбариНикола ТеслаКоле НеделковскиМозокЗНАМГаличицаЕлектрицитетХрватскаПретседател на МакедонијаПроизвод (математика)Бескрајна приказнаСолиРасејувањеДраган МијалковскиКокошкаДрогаПоплаваГалијаАтрибут во македонскиот јазикИзборни единици во МакедонијаСписок на културно наследство на МакедонијаАутизамРимаКарлес ПуџдемонЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеПарите се отепувачкаСписок на главни градови во светотПрирокРегионален пат 1101Гоце ДелчевЦирозаДемократска партија на Турците на МакедонијаИзборна единица 9Географија на Македонија’Ржаново (Струшко)Список на архаични зборови во македонскиот јазикЗаграчаниОче нашИсторија на БугаријаЦрноризец ХрабарСписок на хемиски елементиОлимписки боговиПрекршување (физика)МјузиклМакедонски ВласиАпозиција во македонскиот јазикОптичка мамкаГрузијаСтрадањата на младиот ВертерРомантизамШтипГодинаОпштина ЧаирПанкреасПролетОдбојкаДојранско ЕзероРимска уметностДесница (политика)🡆 More