Асмара: главен град на Еритреја

Асмара (тигриња: ኣስመራ Asmera) ― главен и најголем град на источноафриканската држава Еритреја.

Се наоѓа на надморска височина од 2 325 метри, со што е шести највисок главен град во светот и втор највисок главен град во Африка.

Асмара
ኣስመራ Asmera, أسمرا Asmer
Панорама на Асмара
Панорама на Асмара
Координати: 15°20′N 38°56′E / 15.333° СГШ; 38.933° ИГД / 15.333; 38.933
ДржаваЕритреја
РегионМаекел
Површина
 • Земјишна12.158,1 км2 (46,943 ми2)
Надм. вис.&100000000000023250000002.325 м
Население (2003)
 • Вкупно600,000
 • Густина32,9/км2 (850/ми2)
Часовен појасEAT (UTC+3)

Во 2017 година, градот бил прогласен за светско наследство на УНЕСКО поради неговата добро сочувана модернистичка архитектура. Според месни преданија, градот бил основан со обединување на четири одделни кланови, кои по чести напади од други кланови и владетели одлучиле заедно да се бранат од непријателите. Асмара за прв пат се спонува во латинскиот план за време на владеењето на царот Давит I (1382–1411).

Во 20 век, Асмара била главен град на Италијанска Еритреја. За време на италијанското владеење, градот Асмара доживеал брза урбанизација и модернизација.

Историја

Италијанска Асмара

Во деветнаесеттиот век Асмара била мало село, но почнала брзо да се развива по окупацијата од Италија во 1889 година. Во 1897 година, италијанскиот гувернерот Фердинандо Мартини ја прогласил за главен град на Италијанска Еритреја.

На почетокот од 20 век била изградена еритрејската железница, а градот не настрадал многу во разорните земјотреси во 1913 и 1915 година.

Многубројната италијанска заедница го развила градот. Според пописот од 1939 година, Асмара имала 98.000 жители, од кои 53.000 биле Италијанци. Асмара била градена во италијански архитектонски стил. Италијанците ја користеле Асмара „за да експериментираат со нови радикални дизајни“. Кон крајот на 1930-тите, Асмара ја нарекувале Пикола Рома (Мал Рим). Денес, повеќе од 400 објекти имаат италијанско потекло, а многу продавници сè уште имаат италијански имиња (на пр. Bar Vittoria, Pasticceria moderna, Casa del formaggio и Ferramenta). Кралството Италија инвестирало во индустрискиот развој на Асмара (и во околните области на Еритреја), но ова запрело со почетокот на Втората светска војна.

Во јули 2017 година, УНЕСКО ја прогласил Асмара на светско наследство, наведувајќи дека „Таа е исклучителен пример на раниот модернистички урбанизам од почетокот на 20 век и негова примена во африкански контекст“.

Федерација со Етиопија

Во 1952 година, Обединетите нации одлучиле од поранешната италијанска колонија да направат федерација под етиопска власт. За време на федерацијата, Асмара веќе не била главен град. Главниот град бил Адис Абеба, на повеќе од 1000 километри јужно од Асмара. Во 1961 година, етиопскиот цар Хајле Селасие I го укинал „федералното уредување“ и ја прогласил територијата за 14-та провинција на Етиопското Царство. Најголем сојузник на Етиопија биле САД. Oд 1943 до 1977 година имало база на американската армија. Војната за независност на Еритреја започнала во 1961 година и траела до 1991 година, по која Еритреја се стекнала со независност. Асмара била релативно неоштетена во текот на војната, како и поголемиот дел од планинските региони. По независноста, Асмара повторно станала главен град на Еритреја.

Галерија

Збратимени градови

Поврзано

Наводи

Додатни информации

  • Stefan Boness: "Asmara - The Frozen City". Jovis Verlag, Berlin 2006. 96 pages. ISBN 3-936314-61-6 (photo book; German, English)
  • Edward Denison, Guang Yu Ren, Naigzy Gebremedhin, and Guang Yu Ren, Asmara: Africa's Secret Modernist City (2003) ISBN 1-85894-209-8

Надворешни врски


Tags:

Асмара ИсторијаАсмара ГалеријаАсмара Збратимени градовиАсмара ПоврзаноАсмара НаводиАсмара Додатни информацииАсмара Надворешни врскиАсмараЕритрејаИсточна АфрикаТигриња јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Владо БучковскиГордана СилјановскаМомче во пижами со риги (филм)Правен факултет „Јустинијан I“ - СкопјеРахим БекириСобрание на Република МакедонијаЉубе БошкоскиРеферендум во Македонија (2004)МоскваНародна Република КинаПржински договорРимско ЦарствоЖирафаВиолинаЛазар КолишевскиЈудаизамМојот звукМакедонски парламентарни избори, 2002Панонска НизинаОпштина БитолаШишман АнгеловскиЦирозаМакедонски парламентарни избори, 2008ГуглГликемијаСписок на македонски народни поговоркиЦар СамоилОпштина КавадарциПопис на населението во Македонија (2021)ВевчаниПанкреасОхридска пастрмкаВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаНеутрализацијаРадишаниПресметување на датумот на ВелигденНадреден знакДенес над МакедонијаСтевчо ЈакимовскиМитко ЧавковПолип на маткатаМонокотиледониАнтон ПановСписок на македонски зборови од турско потеклоВтора влада на Зоран ЗаевВртоглавицаБлерим РекаРак на желудникТромбоцитопенијаБугарски возДемократски сили на РомитеСписок на градови во МакедонијаЗурла (македонска)Камен мост (Скопје)Рак на дојкаТимчо МуцунскиКрива ПаланкаСрцев ударИсламСписок на планини во МакедонијаВила ВодноОслободителна војска на КосовоОпштина КарбинциБојан ЈовановскиЃорче ПетровОпштина Крива ПаланкаДемократска партија (Македонија)Државни празници во МакедонијаПолитичка партијаБошко СмаќоскиСписок на главни градови во светотСписок на држави по населениеСДСММакедонски претседателски избори, 2009Влада на Македонија🡆 More