Арам Хачатурјан

Арам Хачатурјан (ерменски: Արամ Խաչատրյան; руски: Аpaм Ильич Xaчaтypян; 6 јуни 1903 - 1 мај 1978) — прочуен ерменски композитор во чии дела често се среќаваат влијанија од ерменската народна музика.

Важи за еден од водечките советски композитори.

Арам Хачатурјан
Արամ Խաչատրյան
Арам Хачатурјан
Животописни податоци
Роден(а)6 јуни 1903
Знаме на Русија
Знаме на Русија
Тбилиси, Грузија, Руско царство
ПотеклоЕрменец
Починал(а)1 мај 1978
Знаме на Руската СФСР
Знаме на Руската СФСР
Москва, Русија, СССР (погребан во Ереван, Ерменија)
ЗанимањаКомпозитор
Диригент

Живот

Арам Илич Хачатурјан е роден во Тбилиси, Грузија (тогаш дел од Руската Империја) во сиромашно ерменско семејство. Во неговата младост тој бил фасциниран од музиката околу него, но отпрвин не ја изучувал. Во 1921 тој доаѓа во Москва за да му се придружи на својот брат, без да знае ни збор руски. Иако без речиси никакво музичко образование, Хачатурјан покажал таков голем талент, што бил примен во Гнесинската музичка школа каде учел виолончело кај Михаил Гнесин и каде започнал да учи композиција (1925). Во 1929, тој се префрла на Московскиот конзерваториум каде учи кај Николај Мјасковски. Во 1930-тите се оженил за композиторот Нина Макарова, соученик во класот на Мјасковски. Во 1951, Хачатурјан станува професор на Гнесинскиот државен музичко-педагошки инстутут (Москва) и на Московскиот конзерваториум. Тој исто така држел важни функции во Синдикатот на Композиторите, кој подоцна се изјаснил дека Хачатурјановите дела се „формалистичка“ музика, заедно со делата на Прокофиев и Шостакович. Меѓутоа овие тројца композитори станале т.н. „титани“ на советската музика, уживајќи светска слава како водечки композитори на XX век.

Музика

Арам Хачатурјан 
Сцена од балетот Спартак

Во Хачатурјановите дела спаѓаат концерти за виолина, виолончело и пијано , концерт-рапсодии за истите иснтрументи, три симфонии – од кои третата содржи делови за тринесет додатни труби и органа, како и балетите Спартак и Гајана. Во последниот чин на Гајана го среќаваме веројатно најпознатиот став од овој композитор - „Танцот на сабјите“. Хачатурјан компонирал и филмска музика и придружна музика за театарски дела како продукцијата на Лермонтовиот Маскенбал (1941). За високиот филмски квалитет на неговата музика во Спартак сведочи употребата на делото во разни ТВ програми, особено во Британија. Хачатурјан исто така е композиторот на државната химна на Ерменската ССР, чија мелодија е една од петте моментални кандидати за следната химна на Ерменија.

Наводи

Извори

  • Ehrenburg, I, Khachaturian, A., & Pomerantsev, V. (1953). Three Soviet artists on the present needs of Soviet art. Soviet Studies, 5(4), 427-434.
  • Yuzefovich (Јузефович), V. (1985). Aram Khachaturyan (N. Kournokoff & V. Bobrov, Trans.). New York: Sphinx Press.

Надворешни врски

Tags:

Арам Хачатурјан ЖивотАрам Хачатурјан МузикаАрам Хачатурјан НаводиАрам Хачатурјан ИзвориАрам Хачатурјан Надворешни врскиАрам Хачатурјан1 мај190319786 јуниЕрменијаЕрменски јазикКомпозиторНародна музикаРуски јазикСССР

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ЕгипетМакедонски претседателски избори (2024)Кире КостадиновскиРеферендум во Македонија (2004)Левица (политика)Црна ГораКрешник БектешиКанцониеротТодор СкаловскиТоше ПроескиВласиКокошкаКиро ГлигоровМесечинаДемократска обнова на МакедонијаЧир на желудникотРевизор (комедија)Лазарова саботаБојан МиовскиЃорче ПетровМинато определено свршено време во македонскиот јазикПапратНебо од ванила (филм)СердаротЈосип Броз-ТитоРастенијаСпоменик „Илинден“Бигорски манастирПсоријазаЛокални избори во Македонија (2005)Чинови на полицијата во МакедонијаБугаријаМакпетролАкутен панкреатитЃомлезеСојуз на комунистите на МакедонијаБозелТранслитерација на македонското писмоМакедонски АлбанциСвети ГеоргиЛазар КолишевскиЉубе БошкоскиГранична проверкаЛокални избори во Македонија (2009)Солунска ГлаваПавел ШатевХрватскаМакедонски претседателски избори (1994)Масакрот кај ВејцеХристијанствоСоветски СојузПентоксифилинСкратеници во македонскиот јазикЈаболковинаОвчи сипанициКрвна групаЛозје (книга)Области во КазахстанКичевоХемороидМакедонски парламентарни избори, 2016Изборна единица 8Македонски парламентарни избори (2002)Чарлс IIIРимФилип II МакедонскиХалк банкаХамлетМакедонски претседателски избори (1999)АлжирТЕЦ „Неготино“Донтов методМакедонски претседателски избори, 2004Младост (езеро)Хари КостовВасил ТупурковскиДаниел ДефоТрајко ВељаноскиВооружена престрелка во Куманово (2015)🡆 More