Адам И Ева

Адам и Ева (хебрејски: אָדָם,‎, Adam — Земја или човек) и Ева (хебрејски: חַוָּה,‎, Havva — живот) се првите луѓе според Библијата кои ги создал Бог.

Според Стариот завет, на почетокот Бог го создадал Светот за шест дена, а на седмиот ден (Сабота) Бог се одморил. На седмиот ден, тој ги создал Адам и Ева.

Адам И Ева
Создавањето на Адам — Микеланџело

Оваа Битие е опишано во Библијата. Господ го направил Адам од прашината на земјата и му дал живот, а Ева ја создал од неговото ребро. Бог им поставил неколку услови, особено да не каснуваат ништо од плодовите на Дрвото на сознанието. Меѓутоа, змијата ја измамила Ева да проба од јаболкото кое се наоѓало во Еденската градина, а потоа и Адам каснал од забранетото овошје. По овој чин, двајцата забележиле дека се голи, започнал да владее срамот помеѓу нив, па така Бог дознал дека Адам и Ева ги измамила змијата. Тогаш, Бог им рекол: „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата, и потчинете ја! Владејте над рибите во морето и над птиците во воздухот и над сите живи суштества што лазат по земјата!” По оваа непослушност на Адам и Ева, Бог ги протерал од рајот. Така започнало создавањето на човечката цивилизација.

Приказна

Еве како Бог го направил Адам. Зел малку од земната прашина и од неа направил едно совршено тело, човечко тело. Потоа му дувнал на човекот во носот, и Адам почнал да живее. Бог имал работа за Адам. Му рекол да им даде имиња на сите видови животни. Адам можеби долго време ги набљудувал животните за да им избере имиња што најдобро ќе им одговараат. И додека им давал имиња на животните, Адам почнал да забележува нешто. Сите животни си имале другари. Постоеле тато слон и мама слон. Исто така, имало тато лав и мама лав. Арно ама, немало другар за Адам. Затоа Бог пуштил длабок сон врз Адам, па му зел едно ребро. Од тоа ребро, Бог направил жена за Адам, Ева, и таа му станала сопруга.

Адам бил многу среќен! И замисли си колку среќна била Ева што можела да живее во таква прекрасна градина! Сега тие можеле да имаат деца и среќно да си живеат. Бог сакал Адам и Ева да живеат засекогаш. Сакал тие да ја направат целата Земја исто толку убава како градината Еден. Колку среќни морале да биле Адам и Ева кога размислувале за тоа! Но среќата на Адам и Ева не траела долго... Тие направиле нешто многу лошо. И затоа Бог ги казнил. Тие го направиле тоа што Бог им рекол да не го направат. Бог им рекол дека можат да јадат од плодовите на дрвјата во градината. Но од едно дрво Бог им рекол да не јадат, за да не умрат — Дрвото за познавање на доброто и злото. Тоа дрво му припаѓало на Бог. А ние знаеме дека е погрешно да се земе нешто туѓо, нели? Еден ден, кога Ева била сама во градината, со неа зборувала една змија. Замисли! Таа ѝ рекла на Ева да касне од плодот на дрвото од кое Бог рекол да не јадат. Но кога Бог ги направил змиите, тој не ги направил за да можат да зборуваат. Затоа, морал некој друг да зборувал преку змијата.

Тоа не бил Адам. Затоа, морало да било едно од суштествата што Бог ги создал долго време пред да ја создаде Земјата. Тие суштества се ангели, и ние не можеме да ги видиме. Овој ангел станал многу горд. Почнал да мисли дека треба да биде владетел како Бог. И сакал луѓето да го слушаат него, а не Бога. Тој бил ангелот што направил змијата да зборува. Овој ангел успеал да ја измами Ева. Кога ѝ рекол дека, ако касне од плодот, ќе стане како Бог, таа му поверувала. Затоа каснала од плодот, а истото го сторил и Адам. Адам и Ева не го послушале Бог, и токму затоа не можеле повеќе да живеат во таа прекрасна градина. Но еден ден, Бог ќе се погрижи целата Земја да стане исто толку убава како градината Еден. Надвор од градината Еден, Адам и Ева имале многу маки. Морале тешко да работат за својата храна. Наместо убави овошки, гледале како наоколу растат многу трње и троскот. Што е уште полошо, Адам и Ева почнале да умираат. Сети се, Бог ги предупредил дека ќе умрат ако јадат плод од едно одредено дрво. Затоа, на истиот ден кога каснале од него, почнале да умираат. Колку неразумни биле што не го послушале Бог! Адам и Ева имале деца откако Бог ги истерал од градината Еден. Ова значи дека и децата морале да остарат и да умрат. Камо Адам и Ева да го послушале Бога! Ќе живееле среќно и тие и нивните деца. Сите тие би можеле засекогаш да живеат на Земјата. Никој не би морал да остари, да се разболи и да умре.

Бог сака луѓето да живеат вечно и среќно, и ветува дека еден ден ќе се случи тоа. Не само што целата Земја ќе биде прекрасна туку и сите луѓе ќе бидат здрави. И секој ќе биде добар пријател со секого, а и со Бог. Но Ева повеќе не му била пријател на Бог. Затоа, кога раѓала деца, не ѝ било лесно. Имала болки. Поради тоа што не му била послушна на Бога, таа сигурно честопати била тажна, нели? Адам и Ева имале многу синови и ќерки. Кога им се родил првиот син, му го дале името Каин. На вториот син му го дале името Авел.

Пород и потомци

Ова е семејна лоза на породот на Адам и Ева сè до Ное.

АдамЕва
КаинАвелСит
ЕнохЕнос
ИрадКаинан
МехујаелМелелеил
МатусалЈаред
АдаЛамехЦилаЕнох
ЈавалЈувалТувал-КаинНоемаМетузалем
Ламех
Ное
СимХамЈафет

Адам и Ева како тема во уметноста и во популарната култура

Адам и Ева се јавуваат како честа тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:

Наводи

Tags:

Адам И Ева ПриказнаАдам И Ева Пород и потомциАдам И Ева Адам и Ева како тема во уметноста и во популарната култураАдам И Ева НаводиАдам И ЕваБиблијаБогСаботаСтар заветХебрејски

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Земја (планета)МовДанела АрсовскаЛимфомСузана СпасовскаЦар Едип (драма од Софокле)Староегипетска митологијаПоделба на властаСаво КлимовскиРамнокрак триаголникДаниел ДефоМакедонски претседателски избори, 2004Христијан МицкоскиМајка ТерезаСрцева слабостКрива ПаланкаКоле ЧашулеМедузаНикола КљусевНова либерална партијаМакедонски денарПиринска МакедонијаПеколот (Божествена комедија)ФранцијаОпштина ЧаирИзборна единица 5HAARPБегалкаВеројатностОпштина Центар ЖупаИзборна единица 3Карлес ПуџдемонПутурусПремиер на МакедонијаИскра ГешоскаБитолаЕвропаГРОМАндреј ПетровВтора светска војнаИзбори во МакедонијаТалофитМакедонциПелистерДудукОпштина ЛипковоМакедонски претседателски избори (2014)ИталијаОхридБременостМакедонски АлбанциМакедонски КонцептМакедонски претседателски избори (1994)Изборни единици во МакедонијаМакедонска револуционерна организацијаГрб на МакедонијаРак на дојкаРомео и ЈулијаСардинијаВасил ТупурковскиЦар СамоилПневмонијаТристан и ИзолдаСвети Наум (манастир)Политички спектарКорозијаМакедонски претседателски избори (2019)Стефан ЛазаровЦер (село)Блаже КонескиВоен конфликт во Македонија (2001)Нина Атанасова-ШкрињариќАбортусГоран СтефановскиЃорѓија ПулевскиНова алтернативаСписок на македонски народни поговорки🡆 More