Австралазија

Австралазија е регион во Океанија кој се состои од Австралија, Нов Зеланд, островот Нова Гвинеја и соседните острови во Тихиот Океан. Поимот го смислил фрацускиот писател Шарл де Бросе во неговото дело „Историја на пловидбите кон австралската земја“ (фр. Histoire des navigations aux terres australes, 1756). Тој го извел зборот од латинскиот збор за „јужно од Азија“ и ја различил областа од Полинезија (источно) и југоисточниот Пацифик („Магеланика“). Регионот е посебен и од Микронезија (на североисток).

Австралазија
Австралазија
Австралазија
Региони во Океанија.

Човечка географија

Геополитички земено, Австралазија понекогаш се користи како колективен збор за Австралија и Нов Зеланд, не мајќи друг збор кој се однесува токму на тие две земји. Понекогаш поимот го опфаќа и островот Нова Гвинеја (вклучувајќи ја и Папуа Нова Гвинеја и индонезискиот дел од островот). Постојат многу организации со име кое започнува со „(Кралско) австралазиско здружение“ кои се ограничени само на Австралија и Нов Зеланд.

Австралазија 
Австралазиското олимписко знаме

Во минатото зборот „Австралазија“ се користел како име на здружените спортски екипи од Австралија и Нов Зеланд. Такви примери наоѓаме во тенисот помеѓу 1905 и 1915, кога Нов Зеланд и Австралија ги здружиле нивните најдобри играчи за да се натпреваруваат во меѓународниот турнир на Дејвис купот (кого го освоиле во 1907, 1908, 1909, 1911 и 1914), и олимписките игри во 1908 и 1912 година.

Еколошка географија

Австралазија 
Волесовата Линија ја раздвојува австралазиската од југоисточноазиската фауна.

Од еколошка перспектива, Австралазиската екозона е посебен региоб со заедничка еволутивна историја и огромен број на ендемски растителни и животниски видови. Во овој контекст Австралазија е ограничена на Австралија, Нов Зеланд и соседните острови, вклучувајќи ги индонезиските острови источно од Ломбок и Сулавеси. Биолошката поделбена линија на овој екосистем од оној на Азија се нарекува Волесова Линија – Борнео и Бали се наоѓаат на западната, азиска страна. Нов Зеланд сочинува сосем посебна еколошка зона, бидејќи бил изолиран од остатокот од светот (заклучно со другите австралазиски земји), уште подолго време.

Поврзано

Наводи

  • Richards, Kel (2006). „Australasia“. Wordwatch. ABC News Radio. Посетено на 2006-09-30.
  • Австралазија Енциклопедија Британика, XI издание (англиски)

Надворешни врски

Tags:

Австралазија Човечка географијаАвстралазија Еколошка географијаАвстралазија ПоврзаноАвстралазија НаводиАвстралазија Надворешни врскиАвстралазија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

IP-адресаДоксициклинГлаголицаЉубчо ГеоргиевскиitqmaНеологизамЉубомир ГајдовПанонска НизинаМакедонски парламентарни избори (2014)Бела мечкаЖелезоHAARPИзборна единица 3СардинијаПартија за целосна еманципација на РомитеTrackBackАвстралијаМакедонски парламентарни избори (2024)Оксидационо-редукциона реакцијаНикола КаревРак на грло на маткаПоделба на властаОпштина ЧашкаЈане СанданскиГлавна страницаБранко ЦрвенковскиКафеАнтони ПешевОпштина КумановоИндијаВелики четвртокГ’зим ОстрениДемократи (политичка партија)Демократска партија на Турците на МакедонијаСписок на држави по населениеМеталДемократска унија за интеграцијаФилип ПетровскиХипотироидизамПравоаголникВладо БучковскиДржавна изборна комисијаМарија АнтоанетаРепублика МакедонијаМакедонски парламентарни избори, 2006Хазби ЛикаМакедонски парламентарни избори, 1990Општина Македонски БродДемократска партија на Србите во МакедонијаХемороидДанте АлигиериКрушевоНина Атанасова-ШкрињариќДоситеј ОбрадовиќПелистерСоединети Американски ДржавиМоликаРак на грлоАнална фисураИлинка МитреваГРОМКичевоБобан ТрајковскиКочо РацинГајдаТапанМакедонски денарПечалбариОВКАлександар III МакедонскиКонсензусСтојан АндовЃорѓија СајкоскиНова алтернативаАвангардаВардар🡆 More