Ендемизам

Ендемизам — еколошка појава при што еден организам живее само во една географска област или тип на живеалиште и го нема никаде на друго место.

Таквиот се нарекува ендемит или ендем. Организмите што се домородни во одредена област не се ендемски доколку се среќаваат и на други места. Крајно спротивната состојба на ендемизмот е космополитизмот.

Ендемизам
Галапагоска желка — џиновска едемска желка од архипелагот Галапагос
Ендемизам
Вилдпретова волчја опашка — ендемит на Тенерифе, Канарски Острови
Ендемизам
Поштенска марка со алшарска темјанушка — ендемит од местото Алшар на планината Кожуф, јужна Македонија

Настанокот и одржувањето на ендемизмот зависи од физички, климатски и биолошки фактори, но зависи и од правна заштита на организмите и практиките на луѓето во тоа подрачје.

Постојат две поткатегории на ендемизам — палеоендемизам и неоендемизам. Палеоендемизмот е појава каде еден вид порано бил нашироко распространет, но денес е ограничен на мало подрачје. Неоендемизмот се однесува на видови што се јавиле неодамна со разгранување и репродуктивна изолација, или пак оние создадени со вкрстување кои со време добиле статус на посебен вид. Ова е честа појава кај растенијата, особено оние што се одликуваат со полиплоидија.

Ендемските типови и видови особено се среќаваат во биолошки изолирани подрачја (најчесто острови) поради географската оддалеченост од други живеалишта. Тука се вбројуваат оддалечените островски групи како Хаваите, архипелазите Галапагос и Сокотра и биолошки изолираните неостровски подрачја како горските предели на Етиопија. Во водните живеалишта, ендемите се јавуваат во поголеми самостојни водни површини како Бајкалското и Охридското Езеро.

Видовите кои се ендемски лесно стануваат загрозени или изумираат доколку нивното ограничено живеалиште претрпи измени. Факторите на промена можат да бидат човечки и природни. Меѓу човечките, особено големо блијание има доведувањето на нови организми. Еден пример е населувањето на Бермуда, каде, на почетокот на XVII век, имало милиони бермудски бурници и бермудски смреки. Кон крајот на векот, бурниците се сметале за изумрени. Во XX век смреките настрадале од ненамерно донесен паразит и, поради нивната оскудност (векови експлоатација за бродоградба) речиси изумреле. Иако не се изумрени, бермудските бурници и смреки денес се многу ретки, како и други ендемски видови на Бермуда.

Екорегиони со висок степен на ендемизам

Според Светскиот фонд за природа (WWF), следниве екорегиони имаат највисок процент на растителни ендемити:

Поврзано

  • Домороден вид
  • Ендемски видови во Република Македонија

Наводи

Библиографија

Tags:

Ендемизам Екорегиони со висок степен на ендемизамЕндемизам ПоврзаноЕндемизам НаводиЕндемизам БиблиографијаЕндемизамЕкологијаЖивеалиштеКосмополитизам (биологија)Организам

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Џузепе ВердиФернандо МагеланТетовирани душиЗемјина атмосфераМозокКрстоносни војниКалеш АнѓаДенес над МакедонијаГликемијаШехзаде Џихангир (син на Сулејман I)Христо ТатарчевСловенска митологија1535 во наукатаБраќа МиладиновциОксидМеморија (музичка група)ДијагоналаКирилицаСветлана Ражнатовиќ-ЦецаСистем за варењеГригор ПрличевПроста реченица во македонскиот јазикНедоразбирање (драма)ЦветБања БанскоСлуз-цедење во грлотоЕзѓан АлиоскиГрадови во МакедонијаАлгоритамАрхангел (музичка група)ВласиСтрумицаПрво заседание на АСНОМНеготиноЈужна АмерикаРисто КрлеРомул и РемКрвен притисокФумихико МакиШтрковиПневмонијаДислексијаДелтоидФудбалска репрезентација на Фарски ОстровиРајна АлексоваМузеј на македонската борбаПере ТошевХајди (роман)СипанициНародна носијаОнлајн казиноКуранШизофренијаЕп за ГилгамешЛавБелградМи заплакало селото ВаташаТуберкулозаСреден векКамено времеДемографија на МакедонијаПовикувачки броеви во МакедонијаФудбалска репрезентација на Црна ГораИталијаКонтрабасЕлектричен отпорТумор на мозокРК ВардарРак на грло1880 во музикатаРак (болест)Собрание на МакедонијаБаталјон за специјални намениАнтичка МакедонијаЖивотниВитамин Б6БарокКрушевска Република🡆 More