Јакоб Фуглсанг: дански велосипедист

Јакоб Димер Фуглсанг (дански: Jakob Diemer Fuglsang; р.

22 март 1985 во Женева) — дански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Астана Казахстан Тим. Пред да стане професионалец за Тим Саксо Банк, бил планински велосипедист во екипата Тим Канондале-Вредестајн. Ги освоил Светското првенство и Светскиот куп за велосипедисти под 23 години.

Јакоб Фуглсанг
Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања
Фуглсанг на Тур де Франс 2017
Лични податоци
Цело имеЈакоб Димер Фуглсанг
Роден22 март 1985(1985-03-22)(39 г.)
Женева, Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања Швајцарија
Висина1,83 м
Маса68 кг
Податоци за клубот
Мом. клубАстана Казахстан Тим
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Аматерски клубови
2006–2008
2006–2008
Канондале-Вредестајн МТБ
Тим Дизајна Кокен
Професионални клубови
2009–2010
2011–2012
2013–
Тим Саксо Банк
Леопард Трек
Астана
Значајни победи
Голема трка

Етапни трки

Еднодневни трки и класици

Последна промена
31 август 2020

Фуглсанг завршил седми на Тур де Франс како негов најдобар резултат на некоја голема трка. Негови најдобри резултати во кариерата биле победите на Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2019 и победите на трката Критериум ди Дофине во 2017 и во 2019 година, каде во 2017 година освоил две етапи. Исто така, освоил неколку други етапни трки, како што се Трката околу Данска трипати по ред во периодот 2008-2010, Трката околу Луксембург и Трката околу Австрија во 2012 година и Трката околу Словенија во 2009 година.

Кариера

Рани години (2006-2008)

Во сезоната 2006, Фуглсанг првпат настапил како професионален планински велосипедист за Канондејл-Вредестејн. Во 2007 година, Фуглсанг се преселил во Италија со цел да се насочи кон возењето. Тоа било тешка година за Фуглсанг, бидејќи немал пријатели и немал посети од семејството. Но, осаменоста му овозможила да се насочи кон неговата кариера во планински велосипедизам. Најголемиот настан во сезоната 2007 дошла во септември кога возел на Светското првенство за возачи под 23 години. Негов најголем соперник на трката бил Швајцарецот Нино Шуртер. Само неколку недели претходно настапиле заедно на ГП Тел, каде Фуглсанг завршил трет, а Шуртер осми. Меѓутоа, како се приближувале до крајот на трката, Шуртер бил во водство, но Фуглсанг се доближувал и го претекнал во последниот круг на нагорнините. Фуглсанг ја поминал целта како светски првак под 23 години. По настанот, Фуглсанг ги истетовирал линиите од виножитото на десната рака. Следната година, Фуглсанг одлучил да се насочи кон друмскиот велосипедизам, меѓутоа сѐ уште настапувал на трки во планински велосипедизам. Откако завршил втор со колегата Роал Паулисен на Кејп Епик во 2007 година, повторно се вратил со Паулисен следната година и ја освоиле трката. Водел на изданието 2008 на Трката околу Данска на последната етапа. Бил во контакт со Тим Саксо Банк и договорот бил конечно потпишан, кога ја освоил трката. И покрај тоа што потпишал договор, менаџерот на Фуглсанг сакал да почека бидејќи неговата вредност ќе пораснела по победата на трката.

Тим Саксо Банк (2009-2010)

Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања 
Фуглсанг во водечката маичка на Трката околу Данска 2009
Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања 
Фуглсанг возел на прологот на Тур де Франс 2010 во националниот дрес

Фуглсанг настапил првпат во Светската турнеја во 2009 година, возејќи за Тим Саксо Банк, која била предводена од Бјарне Рис. Имал одлична прва година, завршувајќи шести на Волта а Каталуња и Критериум ди Дофине Либере. Фуглсанг ја освоил Трката околу Данска во август по вторпат и исто така ја освоил Трката околу Словенија еден и пол месец претходно. Настапил на неговата прва голема трка во август и септември, Вуелта а Еспања. Паѓал првите неколку етапи кога доаѓал назад во групата поради губење на контрола. Подоцна во сезоната завршил втор на италијанскиот класик Џиро дел’Емилија.

Следната година била контроверзна за екипата Тим Саксо Банк. Не била познато дали ќе продолжи во 2011 година, поради недостиг на интерес од спонзори. Фуглсанг сакал да остане во екипата, но добил одлична понуда од Леопард Трек, која го убедила. Во јуни, Фуглсанг завршил трет на Тур де Свис и го освоил националното хронометарско првенство првпат во својата кариера. Во јули 2010 година, Фуглсанг настапил првпат на Тур де Франс. И покрај тоа што екипата ќе се распаднела на крајот на сезоната, Рис успешно го организирал тимот и Енди Шлек ќе ја освои трката, по случајот со кленбутерол на Алберто Контадор. По Тур де Франс, Фуглсанг ја освоил Трката околу Данска третпат по ред. Негова последна трка за Тим Саксо Банк била Џиро ди Ломбардија, каде завршил четврти поразувајќи го Винченцо Нибали во спринт.

Леопард Трек (2011–12)

2011

Во сезоната 2011, Фуглсанг возел за новата луксембуршка екипа Леопард Трек. Фуглсанг имал мешан почеток на сезоната, при што завршил на 11. место на Трката околу Оман, пред да ја напушти Париз-Ница. Завршил трет на хронометарот на Критериум Интернационал и четврти на хронометарот на Трката околу Баскија. Морал да чека до средината на април за да дојде до добар резултат. Настапил на Амстел Голд Рејс, каде со напад на Кауберг, Филип Жилбер ја освоил трката. Фуглсанг не можел да го следи темпото и завршил четврти, само 5 секунди зад Жилбер. Уште од почетокот на сезоната било одлучено дека Фуглсанг ќе настапи на Тур де Франс како помошник за браќата Шлек и покажал одлучна форма на последната етапна трка пред Тур. Имајќи уште еден одличен хронометар, Фуглсанг завршил на 4. место на Тур де Свис. Во јуни, исто така, завршил втор на националното хронометарско првенство. На Тур де Франс 2011, Леопард Трек била фаворит за победа. По првите 8 етапи, Френк Шлек бил трет, Фуглсанг петти, а Енди Шлек на шестото место. Подоцна на трката, Фуглсанг отпаднал од првите десет, но Тур бил успешен за Енди Шлек кој освоил етапа и стигнал до второто место во генералниот пласман, додека Френк Шлек бил трет. Фуглсанг учествувал на Вуелта а Еспања, каде Леопард Трек го освоиле воведниот екипен хронометар, а Фуглсанг прв поминал на целта. Ова значело дека Фуглсанг ја носел водечката црвена маичка следниот ден. Фуглсанг бил само втор дански возач, кој ја носел маичката, претходно носена од Ларс Михаелсен. Неговиот колега Даниеле Бенати го преземал водството на втората етапа. Фуглсанг имал уште еден добар хронометар на десеттата етапа и завршил шести. На крајот на трката, завршил на 11. место во генералниот пласман.

2012

Во 2012 година, Фуглсанг ги следел браќата на Шлек во РадиоШек-Нисан. Тој бил одреден да биде водач на неговата екипа на Џиро д’Италија, но морал да се повлече поради проблеми со коленото и бил заменет со Френк Шлек. Подоцна, Фуглсанг ја освоил Трката околу Луксембург, освојувајќи го генералниот пласман на кралската етапа до Диферданж и потоа го одбранил водството со помошта на неговата екипа на четвртата и последната етапа во Луксембург. Последната етапа била скратена на 47 километри од организаторите поради поројните врнежи. Во 2012 бил исклучен од екипниот менаџмент на РадиоШек-Нисан на Тур де Франс, откако ги изнел неговите критики за нив. Тој изјавил дека да сака да се натпреварува за друга екипа следната сезона, бидејќи бил несреќен со тоа како одат работите во екипата. Наместо натпреварувањето во Франција, заминал на победа во генералниот пласман на Трката околу Австрија и четвртата етапа на трката. Неговото водство пред второпласираниот возач Стив Морабито од Аксент.џобс-Вилемс Веранда било минута и 24 секунди, пред да се заврши трката.

Астана (2013–денес)

2013

Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања 
Фуглсанг на Тур де Франс 2013

Фуглсанг го напуштил РадиоШек-Нисан на крајот на сезоната 2012 и ѝ се приклучил на Астана на тригодишен договор од сезоната 2013. На Тур де Франс 2013, Фуглсанг станал предводник на екипата откако се повлекол Јанез Брајкович. Откако Даниел Мартин нападнал на деветтата етапа, Фуглсанг имал совршена можност да добие време во однос на другите фаворити и се приклучил на неговиот напад. Тие се одвоиле и започнале да работата заедно. Во последниот километар било јасно дека главната група нема да ги достигне. Фуглсанг повел во спринтот напред, но откако Мартин нападнал, не можел да го следи и завршил втор. На етапата 13, Фуглсанг повторно нападнал, кога Тим Саксо-Тинкоф нападнале на деловите со накрсни ветрови. Фуглсанг бил единствен возач од Астана во бегството и завршил четврти на етапата, напредувајќи до шестото место. Неговиот напор на етапата му донеле углед меѓу колегите и екипата. Оттогаш, Фуглсанг се борел со холандскиот возач Бауке Молема за шестото место. На крајот, завршил седми во генералниот пласман со одлични резултати низ планините и на хронометрите. Подоцна истата година му помогнал на колегата Винченцо Нибали да заврши втор на Вуелта а Еспања.

2014

Во текот на пролетта од сезоната 2014, Фуглсанг покажал постојана форма на поголемите етапни трки. Бил подготвен да му помогне на Винченцо Нибали за победа на Тур де Франс 2014. Меѓутоа, италијанскиот возач не покажал резултати пред Критериум ди Дофине. На последната етапа на еднонеделната етапна трка, Нибали нападнал, но отпаднал од групата. Фуглсанг добил наредба да му држи темпо на Нибали на завршното искачување, но кога темпото станувало поспоро, Фуглсанг конечно добил шанса да вози за себе. Ова предизвикало контроверза во Астана, бидејќи предводникот за Тур де Франс бил послаб од неговиот помошник.

На втората етапа на Тур де Франс, Фуглсанг нападнал неколкупати додека Нибали не успеал да се одвои и да ја освои етапата. Само неколку дена подоцна, Фуглсанг и Нибали возеле заедно на етапата со калдрма и се одвоиле од главната група. Меѓутоа, на завршниот дел од калдрмата, Нибали повторно имал проблеми и не можел да се доближи до Ларс Бом, кој се одвоил и ја освоил етапата. Фуглсанг морал да го намали своето темпо со цел да го доведе Нибали до целта и повторно Фуглсанг завршил втор на етапа од Тур де Франс. По етапата, Нибали бил прв во генералниот пласман, а Фуглсанг втор. Меѓутоа, на првата планинска етапа, Фуглсанг покажал слабост и отпаднал до четвртото место. Следните етапи излегол од првите десет и загубил уште време на етапата 13, кога погодил бидон на спустот од завршното искачување. Остатокот од трката бил предизвик за Фуглсанг, кој завршил на 36. место.

2015

Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања 
Фуглсанг на претставување на екипата на Тур де Франс 2015

Завршувајќи седми на крајот на обете трки, Трката околу Оман и Париз-Ница, Фуглсанг се нашол во првите десет на два од трите арденски класици, завршувајќи осми на Флеш Валон и деветти на Лиеж-Бастон-Лиеж. Негова главна цел на сезоната била да му помогне на Нибали да ја одбрани титулата од Тур де Франс 2014. Меѓутоа, веќе на првата планинска етапа, Нибали изгледал слабо и Фуглсанг добил шанса од екипата. Фуглсанг имал одлично качување, но поради слабото темпо за да му помогне на Нибали, завршил само на 13. место. Астана решиле дека ќе го префрлат фокусот на Фуглсанг до крајот на трката, меѓутоа, следниот ден Фуглсанг изгубил многу време, а Нибали само една минута. Завршниот ден на Пиринеите донел Фуглсанг да биде дел од бегството со 22 члена. Како групата се доближувала до завршното искачување, повеќе возачи отпаѓале од групата и Хоаким Родригес нападнал, но никој не можел да го следи неговото темпо. Родригес ја освоил етапата со една минута и 12 секунди пред Јакоб Фуглсанг, кој стигнал на мократа целна линија на второто место. Како последна шанса за етапна победа, Фуглсанг се одвоил на етапата 18. Повторно бил дел од огромна група, која станувала помала, како што се доближувале до Кол ди Гландон. Било јасно дека Фуглсанг има шанса за победа на етапата, но бил турнат од мотор, кој ја претекнувал групата. Ова ги завршило неговите шанси за етапна победа, а возачот на моторот подоцна бил исфрлен од трката.

2016

Како последна трка за подготовка за Џиро д’Италија 2016, Фуглсанг возел на Џиро дел Трентино. Фуглсанг завршил на трката трет со колегата Танел Кангерт на второто место. Предводникот на екипата за Џиро, Нибали завршил дури на 21. место. На првиот одлучувачки ден на Џиро д’Италија, Нибали нападнал, но повторно отпаднал по неговиот напад. Фуглсанг ги следил другите фаворити и дури и нападнал во последниот километар, при што завршил втор и напреднал до второто место во генералниот пласман. Два дена подоцна, Фуглсанг изгубил уште време во однос на другите фаворити, откако имал дупната гума на делот со чакал. Откако се вратил во последната недела од трката, Нибали ја освоил Џиро со помош од Фуглсанг и целата екипа. На Тур де Франс, Фуглсанг имал слаба форма, но нападнал на последната планинска етапа, но немал среќа да ја освои етапата. Предводникот на Астана, Фабио Ару, исто така не успеал на етапата, што значело дека Астана немала успех на Тур.

На Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро, Фуглсанг бил во потера на спустот на завршното искачување, кога двајца од главните фаворити Винченцо Нибали и Ричи Порт паднале. Во последните километри, Рафал Мајка бил сам напред, но нападот од Фуглсанг и Грег ван Авермат значело во последните 1,5 километри влегле сите тројца. Во спринтот Фуглсанг ја предводел тројката во последниот километар, но Ван Авермат го отворил спринтот во завршните 200 метри, поразувајќи го Фуглсанг на целта. Така, Ван Авермат го освоил златниот медал на друмската трка, Фуглсанг сребрениот медал, а бронзен медалист бил Рафал Мајка.

2017

Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања 
Фуглсанг на Париз-Ница 2017

Во јуни 2017 година, Фуглсанг возел на Критериум ди Дофине, заедно со италијанскиот колега Фабио Ару како предводник на екипата. На шестата етапа, Фуглсанг нападнал на Мон ди Шат и им направил разлика на фаворитите. Меѓутоа, Ару исто така нападнал неколку минути подоцна, поради што се развила дискусија, бидејќи неговиот колега веќе бил на чело на трката. Ару стигнал на врвот прв со Крис Фрум, Ричи Порт и Фуглсанг, 15 секунди зад него. На спустот, Ару бил достигнат и четворицата продолжиле до целта заедно, а Фуглсанг ја освоил етапата. Ова било огромно олеснување за Фуглсанг, бидејќи тоа било прва победа за него во скоро пет години и негова прва победа од Светската турнеја и прва победа во боите на Астана. Следниот ден, Јакоб завршил седми и бил единствен кој можел да го следи Порт, што значело дека го задржал неговото трето место во генералниот пласман. На последниот ден, Фуглсанг имал одличен ден. Фрум и Тим Скај направиле сѐ за победа и нападнале рано на етапата, поради што Порт паднал со форма. Било јасно дека Фрум прави напори да му помогне да се намали разликата на Порт. Меѓутоа, потрошил премногу енергија на етапата и не можел на завршното искачување. Потоа, Даниел Мартин нападнал, а малку подоцна и самиот Фуглсанг, кој успеал да го стигне и да го помине за негова втора етапна победа за само три дена. Не само што ја освоил етапата, туку и целата трка, што било најголема победа во неговата кариера.

На Тур де Франс, Фуглсанг бил сметан за еден од фаворитите. На првата планинската етапа, Фуглсанг изгубил над една минута, поради што се прашувале другите дали ја изгубил формата од пред еден месец. Се вратил назад на кралската етапа на деветтата етапа, што го вклучувало Мон ди Шат, искачување кое било возено на Критериум ди Дофине. Познавајќи го искачувањето, Фуглсанг нападнал како на Дофине, но повторно имало напад од неговиот колега Фабио Ару. Ова поттикнало дебата, бидејќи Италијанецот го нападнал сопствениот колега и нападнал кога Крис Фрум имал механички дефект. На крајот, Фуглсанг стигнал на спустот со другите фаворити, откако сите го ловеле Варан Баргиј за етапна победа. Фуглсанг нападнал во последните 500 метри, но бил следен од Ригоберто Уран и ги изгубил шансите за етапна победа. И покрај тоа што ја изгубил етапата, Фуглсанг стигнал до петтото место во генералниот пласман. Меѓутоа, неколку дена подоцна паднал во зоната за хранење и се здобил со фрактури на неговото колено и зглоб. Затоа ја напуштил трката на етапата 13. На Трка Алмати, Фуглсанг ја освоил втората етапа, која завршувала на искачување до Алмати.

2018

Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања 
Фуглсанг на Тур де Франс 2018

На неговата прва трка во сезоната, Јакоб завршил трет на шпанската етапна трка Волта а ла Комунитат Валенсијана. Забележал уште еден пласман во првите десет една недела подоцна на Вуелта а Мурсија, завршил шести. Средината на февруари, Фуглсанг завршил четврти на Вуелта а Андалусија. Пристигнал со надеж на Париз-Ница да вози за генералниот пласман, меѓутоа имал несреќа на првата етапа и затоа бил присилен да работи за Луис Леон Санчес. Тоа ги нарушило неговите планови за трката, иако покажал силна форма на седмата етапа.

По неуспехот на етапните трки во годината, следел висинскиот тренинг-камп за Тур де Франс. Негови први трки по кампот биле арденските класици, каде успеал да заврши осми на Амстел Голд Рејс и десетти на Лиеж-Бастоњ-Лиеж, како негови најдобри резултати. Фуглсанг бил спремен да настапи два дена подоцна, кога учествувал на Тур де Романди. По разочарувачкиот хронометар на третата етапа, нападнал на спустот на последното искачување на четвртата етапа и ја остварил својата прва победа во сезоната. Завршил со групата на завршната етапа и на четвртото место на крајот на трката.

Фуглсанг повторно заминал на висински тренинг-камп пред Тур де Франс. На 1 јуни, Фуглсанг ја објавил својата прва книга во соработка со Расмус Стагхеј.

Негова последна трка пред Тур, била Тур де Свис. Фуглсанг и колегите од Астана имале многу лош почеток на трката, завршувајќи дури на 20. место на екипниот хронометар на првата етапа. Фуглсанг се вратил и завршил втор на кралската етапа и го имал најдобриот хронометар од другите фаворити на деветтата етапа, поради што стигнал до второто место. Меѓутоа, кога Фуглсанг стигнал на Тур де Франс, неговата прва седмица поминала во хаотични моменти. Бил деветти на првата етапа, но со еден човек помалку на третата етапа, Астана изгубила скоро една минута на екипниот хронометар. Фуглсанг се мачел со падови и механички проблеми. Сепак успеал да ги надмине и да стигне до седмото место во генералниот пласман по етапата со калдрма, на која нападнал, но немал среќа да се одвои од групата. Кога трката стигнала на Алпите, Фуглсанг бил близу подиумот, но по етапата 11 паднал на 12. место во генералниот пласман. До крајот на трката се мачел да биде со другите фаворити и на крајот завршил како дванаесетти.

Фуглсанг се вратил на трките по две и пол седмици на Арктичката трка на Норвешка, каде бил во бегство на втората етапа и завршил деветти на етапата. На канадската трка ГП Монтреал, Фуглсанг бил во бегство со Тим Веленс (Лото-Судал) и Џејмс Нокс (Квик-Степ Флорс), но биле достигнати од групата на 6,2 километри до целта. Кон крајот на септември, Фуглсанг возел на Светското друмско првенство, каде завршил на 20. место. Една недела подоцна, Фуглсанг завршил на 11. место на Џиро дел’Емилија.

2019

Фуглсанг ја започнал сезоната 2019 на Вуелта а Мурсија, каде завршил шести во генералниот пласман. Го освоил планинскиот пласман на трката. Негов следен успех дошол следната недела, кога победил на Вуелта а Андалусија пред други фаворити. Го возел неговиот прв голем класик во сезоната Страде Бјанке, каде завршил втор зад Жилијан Алафилип. Фуглсанг нападнал неколкупати во завршницата, но не можел да отргне Французинот од себе, кој на крајот го претекнал Фуглсанг на последното искачување. На Тирено-Адријатико, неговата екипа имала слаб резултат на екипниот хронометар и завршиле на 13. место. На петтата етапа, Фуглсанг нападнал и вложил голем напор на тешката етапа. На крајот победил и скокнал на третото место во генералниот пласман, како што и ја завршил трката. Победата на петтата етапа ја посветил на неговиот поранешен колега Микеле Скарпони.

Негова следна трка била Трката околу Баскија, каде Фуглсанг возел како поддршка за неговиот колега Јон Исагире, кој ја освоил трката на крајот. Исагире го преземал водството на завршниот ден од Емануел Бухман, кој направил грешка во последната кривина. Германскиот велосипедист свртел погрешно поради што изгубил неколку секунди и со тоа местото на подиумот. Меѓутоа, жирито одлучило да го врати Бухман на подиумот, поради што Фуглсанг паднал на четвртото место во генералниот пласман. Фуглсанг ја нашол одлуката „смешна“ и рекол дека никогаш не видел нешто слично претходно.

Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања 
Фуглсанг на пат кон победата на Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2019

Фуглсанг имал одлична недела на арденските класици, каде завршил на подиум на сите три трки. На Амстел Голд Рејс, Фуглсанг се одвоил со Алафилип и изгледало дека ќе се борат за победа, меѓутоа забавиле значително во последниот километар, поради што групата зад нив ги стигнала. На крајот, Фуглсанг завршил трет, а Алафилип четврти. На Флеш Валон, Фуглсанг нападнал на Мур де Хуј и единствено Алафилип успеал да го следи. Повторно било битка помеѓу Фуглсанг и Алафилип, но Французинот го претекнал Данецот. На завршната класична трка, Лиеж-Бастоњ-Лиеж, Фуглсанг бил фаворит и ја оправдал улогата. Нападнал во завршните моменти и се одвоил од другите, меѓутоа скоро да имал пад на 3 километри до целта, но со чудо се спасил во последен момент и Фуглсанг стигнал со прва победа на некој монумент. На неговата последна трка пред Тур де Франс, Фуглсанг завршил трет на втората етапа на Критериум ди Дофине и докажал дека е еден од најсилните кандидати за победа. Ја презел жолтата маичка на претпоследната етапа откако напаѓал и го отфрлил Адам Јејтс. Неговиот најблизок соперник за победа на трката, Јејтс, ја напуштил трката поради треска. Тибо Пино се обидел да нападнал во последните два километри, меѓутоа Фуглсанг тоа го спречил и дошол до втора победа на Критериум ди Дофине.

2020

Фуглсанг ја започнал сезоната 2020 со последователна победа на шпанската етапна трка Вуелта а Андалусија. Покрај освојувањето на генералниот пласман, Фуглсанг освоил и две етапи и завршил втор на други две етапи. Откако се вратиле трките во август, Фуглсанг започнал со петто место на италијанскиот класик Страде Бјанке, а недела подоцна успеал да заврши втор на етапната Трка околу Полска. На 15 август ја освоил својата прва победа по карантинот од пандемијата на коронавирусот, одвојувајќи се сам за победа на италијанскиот монумент Џиро ди Ломбардија. Тоа била втора победа на некој монумент и исто така првпат дански возач да ја освои трката.

Личен живот

Јакоб Фуглсанг живее во Монако со неговата сопруга Лулу Фуглсанг, со која се оженил во 2015 година. Двојката има ќерка, Џејми Лу, која се родила во јуни 2017 година. Пред да се преселат во Монако, Јакоб и Лулу живееле во Луксембург. Неговата сопруга Лулу се откажала од нејзината кариера како манекенка со цел да го поддржува Јакоб во неговата спортска кариера.

Достигнувања

    2002
    1. Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања  Јуниорско државно првенство
    2003
    1. Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања  Јуниорско државно првенство
    2007
    1. Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања  Светско првенство под 23 години
    1. Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања  Државно првенство во планински велосипедизам
    2. Краен пласман Кејп Епик (МТБ)
    3. Краен пласман ГП Тел
    5. Париз-Трој
    7. Краен пласман Трка околу Данска
    2008
    1. Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања  Краен пласман Трка околу Данска
    1. Краен пласман Кејп Епик (МТБ)
    2. Краен пласман Три дена околу Воклис
    2. Краен пласман Ронд де л’Оис
    3. Париз-Трој
    8. Ле Букл ди Сид Ардеш
    2009
    1. Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања  Краен пласман Трка околу Словенија
      1. Етапа 1
    1. Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања  Краен пласман Трка околу Данска
      1. Етапа 3
    2. Џиро дел’Емилија
    6. Краен пласман Волта а Каталуња
    6. Краен пласман Дофине Либере
    10. Краен пласман Трка околу Ирска
    2010
    1. Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања  Национално хронометарско првенство
    1. Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања  Краен пласман Трка околу Данска
    2. Бинше-Шиме-Бинше
    2. Гран Премио Бруно Бегели
    3. Краен пласман Тур де Свис
    3. Краен пласман Еурометропол
    4. Џиро ди Ломбардија
    9. ГП Хернинг
    2011
    1. Етапа 3 Трка околу Данска
    1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
    2. Национално хронометарско првенство
    4. Амстел Голд Рејс
    4. Краен пласман Тур де Свис
    2012
    1. Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања  Национален хронометарски првак
    1. Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања  Краен пласман Трка околу Луксембург
    1. Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања  Краен пласман Трка околу Австрија
      1. Етапа 4
    4. Трофео Деја
    6. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
    2013
    1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
    4. Краен пласман Критериум ду Дофине
    6. Краен пласман Вуелта а Андалусија
    7. Краен пласман Тур де Франс
    8. Вуелта а Мурсија
    2014
    5. Краен пласман Париз-Ница
    7. Краен пласман Тур де Романди
    10. Краен пласман Критериум ди Дофине
    2015
    7. Краен пласман Трка околу Оман
    7. Краен пласман Париз-Ница
    8. Флеш Валон
    9. Лиеж-Бастон-Лиеж
    2016
    2. Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања  Олимписка друмска трка
    3. Краен пласман Трка околу Оман
    3. Краен пласман Џиро дел Трентино
      1. Етапа 1 (ТТТ)

Распоред на резултатите на етапните трки

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања  Џиро 12
Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања  Тур 50 49 7 36 23 52 СО 12 СО
Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања  Вуелта 56 11 29 13
Распоред на резултатите на поголеми етапни трки
Етапна трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања  Париз-Ница 27 93 СО СО 5 7 12 14
Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања  Тирено-Адријатико 13 3
Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања  Волта а Каталуња 6 СО 11 11 15
Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања  Трка околу Баскија 17 37 35 31 63 4
Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања  Тур де Романди СО 7 17 4
Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања  Критериум ди Дофине 6 4 10 1 1
Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања  Тур де Свис 3 4 25 СО 2

Распоред на резултатите на класиците

Монумент 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Милано-Санремо
Трка околу Фландрија 25
Париз-Рубе
Лиеж-Бастоњ-Лиеж 84 55 31 32 26 9 68 15 10 1
Џиро ди Ломбардија 15 4 39 29 СО 20 4 1
Класици 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Страде Бјанке 11 2 5
Амстел Голд Рејс 30 78 4 17 29 17 52 8 3
Флеш Валон 115 СО 70 69 19 8 22 16 2
Класика де Сан Себастијан 31 СО 37 11
Париз-Тур 12

Распоред на резултатите на првенства

Настан 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања  Олимписки игри Хронометар не се одржал 15 не се одржал не се одржал
Друмска трка не се одржал 12 не се одржал 2 не се одржал
Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања  Светски првенства Хронометар 10 37
Друмска трка СО 43 26 СО 21 20
Јакоб Фуглсанг: Кариера, Личен живот, Достигнувања  Национални првенства Хронометар 1 2 1 4
Друмска трка 6 48 8

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Јакоб Фуглсанг КариераЈакоб Фуглсанг Личен животЈакоб Фуглсанг ДостигнувањаЈакоб Фуглсанг НаводиЈакоб Фуглсанг Надворешни врскиЈакоб Фуглсанг198522 мартАстана Казахстан ТимДанскаДански јазикДрумски велосипедистЖеневаСветска турнеја на UCI

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Водолија (хороскопски знак)Среден векПовикот на дивинатаСмрт во ВенецијаБистра вода (серија)Римска култураТапанДаме ГруевГеографија на МакедонијаДувачки инструментОдисејаСемејствоПолицитемијаПридавки во македонскиот јазикДоматРисто ШишковПетар Илич ЧајковскиСтопанска банка АД СкопјеОгист ШарлоаХипертензијаАлое вераФлејтаБиполарно растројствоКоприварка (пеперутка)Шеќерна приказнаПустинаАдријана АцевскаСузана ГавазоваКуранГепардСулејман ВеличествениотВооружена престрелка во Куманово (2015)Белото ЦиганчеЛила СтојановскаПелаГлаголицаТелефонХИВМакедонска револуционерна организацијаРок-музикаКонтрабасПравопис и правоговор на македонскиот јазикШпанијаРустем-пашаПроста реченица во македонскиот јазикСтрептококен фарингитисМултипла склерозаСписок на држави и територии во ЕвропаДимитар РаевПринцезата на едно зрно грашокНалеј, налејСписок на македонски писателиДржавни празници во МакедонијаОперација Планинска бураСмесаФилип II МакедонскиПлатонСостојба на материјатаТромбоцитопенијаАнгелот на Света СофијаКамен мост (Скопје)Македонски народни инструментиДиво месо (драма)Електрична струјаРак на грлоАлиса во земјата на чудатаКрстоносни војниСашка ДимитровскаСписок на македонски народни и староградски песниБалкански војниФинскаТетовирани душиАлгоритамОче нашМухамедОкеанЏеф БезосТигар🡆 More