Тур Де Франс

Тур де Франс или Трка околу Франција (француски: Tour de France) — годишна етапна велосипедска трка, која првенствено се одржува во Франција, но може да се случи да поминува и низ соседните земји.

Трката била првпат организирани во 1903 за зголемување на продажбата на списанието L'Auto; моментално е водена од Amaury Sport Organisation. Трката била одржувана секоја година по нејзиното прво издание во 1903, освен кога била попречена поради двете Светски војни. Како трката добивала на значајност, станувала сè попопуларна и нејзината слава започнала да се шири низ целиот свет. Првично учествувале само француски возачи, но со зголемувањето на популарност тоа се променило и сега учествуваат возачи од целиот свет секоја година. Тур де Франс е дел од Светска турнеја, што значи дека екипите кои се натпреваруваат на трката, најмногу се UCI ProTeam екипи, со исклучок на екипите кои ги повикува организаторот.

Тур де Франс
Тур Де Франс
За трката
Датумјули
РегионФранција и соседните земји
Месно имеLe Tour de France (француски)
ПрекарLa Grande Boucle
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI
ВидЕтапна трка
ОрганизаторAmaury Sport Organisation
Директор на тркатаКристијан Прадом
Историја
Прво одржување1903
Одржувања105 (2018)
Прв победникТур Де Франс Морис Гарин (ФРА)
Најмногу победи
  • Тур Де Франс Жак Анкетил (ФРА)
  • Тур Де Франс Бернар Хино (ФРА)
  • Тур Де Франс Мигел Индураин (ШПА)
  • Тур Де Франс Еди Меркс (БЕЛ)

    5 победи

Неодамнешен победникТур Де Франс Герајнт Томас (ВБР)

Заедно со Џиро д’Италија и Вуелта а Еспања, Тур ги сочинува трите најпрестижни тринеделни велосипедски трки, Гранд Тур. Традиционално, трката обично се одржува во јули. Додека рутата се менува секоја година, форматот на трката останува ист со вклучување на два хронометра, премин низ планинските масиви на Пиринеите и Алпите и завршницата на Шанзелизе. Поновите изданија на Тур де Франс се состоијат од 21 ден возење (етапи) во период од 23 дена.

Сите етапи се мерат на крајот; завршните времиња на возачи се составени од сите претходни нивни времиња на етапите. Возачот со најмало вкупно време е водач на трката и ја добива честа да ја носи посакуваната жолта маичка. Секогаш генералниот пласман привлекува најмногу внимание на трката од останатите пласмани: бодовниот пласман за спринтерите, планинскиот пласман за специјалистите за искачување со надежи за генералниот пласман, пласманот за млад возач за возачи под возраст од 26 години и екипниот пласман за најбрзите екипи. Трката во 2018 била освоена од Британецот Герајнт Томас, прв велшки и трет британски победник во историјата на Тур де Франс.

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Етапна тркаСветска турнеја на UCIФранцијаФранцуски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ЕмпатијаДонтов методОбласти во КазахстанПеколот (Божествена комедија)Правопис и правоговор на македонскиот јазикОливера НиколоваАсирски календарВесна БендевскаМакедонски парламентарни избори (1998)ИменкаРоднински односиБели крвни зрнцаИмер СелманиСлуз-цедење во грлотоФилиз АхметЛионел МесиИсторија на Македонија (1991 - денес)Државна химнаВеројатностСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001Рак на желудникКалендарШвајцаријаХемостазаФК БарселонаСамоилово ЦарствоЕнциклопедијаБаба ВанѓаРибиМакедонски парламентарни избори, 2014Советски СојузСврзникЗнаме на МакедонијаРак на грло на маткаОпштина Ѓорче ПетровСловачкаТумор на мозокСвета ГораУстав на МакедонијаМарко ЦепенковКралство ЈугославијаГеографија на МакедонијаСДСМРенесансаГордана Силјановска-ДавковаОрман (Скопско)ИндонезијаМоликаАнална фисураКирилицаЧорбаџи ТеодосИндијаДудукГрузијаВМРО-ДПМНЕАтрибут во македонскиот јазикДанскаЗмијаХрватскаСкратеници во македонскиот јазикМакедонија во Втората светска војнаПневмонијаСашо ОрдановскиАлтернатива (политичка партија)Нова социјалдемократска партијаОче нашКипарПодметЕпилепсијаБојан ЈовановскиКуранМинато определено свршено време во македонскиот јазикБедија БеговскаСписок на македонски народни и староградски песниПресметување на датумот на ВелигденКатастарски општини во МакедонијаЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеВенко Филипче🡆 More