Париз-Ница: велосипедска трка во Франција

Париз-Ница (француски: Paris-Nice; неслужбено нарекувано и „Трка на Сонцето“) — професионална велосипедска етапна трка која се одржува секој март.

Првпат била одржана во 1933 и била освоена од Алфонс Шеперс од Белгија. Најуспешен возач на Париз-Ница бил Шон Кели од Ирска, кој освоил седум последователни трки од 1982 до 1988.

Париз-Ница
Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места
За трката
Датуммарт
РегионФранција
Месно имеParis–Nice (француски)
ПрекарТрка на сонцето
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI
ВидЕтапна трка
ОрганизаторASO
Директор на тркатаКристијан Прудом
Историја
Прво одржување1933 (1933)
Одржувања80 (до 2022)
Прв победникПариз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места Алфонс Шеперс (БЕЛ)
Најмногу победиПариз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места Шон Кели (ИРС) (7 пати)
Неодамнешен победникПариз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места Примож Роглич (СЛО)

И покрај нејзиното име, трката не започнува секогаш од Париз, односно почесто се одбираат градови во негова близина (или јужно од него). Обично, последната етапа завршува или на Англиската променада во Ница или на Кол д’Ез, планински премин близу градот.

Во текот на трката во 2003, Казахстанецот Андреј Кивилев умрел како последица на повреда на главата настаната при пад. Неговата смрт ги поттикна UCI да ги воведат шлемовите на сите натпреварувања, освен на последниот дел од трката каде има нагорнина. Подоцна, правилото било изменето и се барало целосно употреба на шлемовите во секое време.

Моментално, Париз-Ница е организирана од Amaury Sport Organisation (ASO). Исто така, ASO организира и други трки (како што се Тур де Франс и Париз-Рубе) и други спортски настани (вклучувајќи го Релито Дакар и Парискиот маратон).

Сопственоста на Париз-Ница се менувала неколкупати. Многу години била водена од францускиот велосипедски новинар Жан Лелиот, а по неговата смрт од неговото семејство. Била преземена од победникот на Тур де Франс Лорен Фињон пред да премине во сопственост на ASO. Од 2009 е дел од светскиот календар на UCI, во серијата Светска турнеја на UCI.

Историја

Во 1933, Албер Лежан прв ја смислил велосипедската трка за промовирање на неговите два весника, Le Petit Journal и Le Petit Nice (првиот основан во Париз, а вториот во Ница), која би била етапна трка помеѓу овие два града. Била одржана во март, на крајот на зимата и веднаш по завршувањето на велодромската сезона (која тогаш главно се состоела од шестдневни трки); етапната шестдневна друмска трка била тогаш рекламирана како „шест дена на друмовите“. Во ова време од годината повеќето високопланински премини биле непроодни, па затоа рутата ги избегнувала Алпите и главно ја следела долината на долна Рона и единствено се искачувала на позначајни врвови во предградијата на Ница. Трката била возена седум пат помеѓу 1933 и 1939. Весниците Lyon Républicain и Marseille-Matin исто така работеле во партнерство со тие на Лежан како спонзор на трката. Во 1939, Ce Soir и Le Petit Nice биле придружени од L'Auto; следната година, трката била откажана поради Втората светска војна и не се возела до завршувањето на војната.

Ce Soir повторно ја организирал првата повоена трка во 1946; иако неговите новинари (Жорж Пању и Франсис Тербен) биле задоволни од трката, весникот го откажал своето спонзортство.

Во 1951, трката била заживеана како „Париз-Азурен Брег“ од списанието Route et Piste по налог на Жан Медечин, градоначалник на Ница, кој сакал да го рекламира Азурниот Брег. Името Париз-Ница било вратено во 1954. Во текот на овој период, неговиот статус пораснал од трка за подготовка и тренинг до настан со углед. Во 1957, Жан Лелиот, директор на трката од 1951, ја напуштил функцијата на одговорен уредник во Route et Piste и станал организатор на Париз-Ница преку компанијата Монде Сикс.

Во 1959, трката била водена како Париз-Ница-Рим, со три пласмани: еден од Париз до Ница, вториот од Ница до Рим и третиот во целост. Должината на трката (1.955 км) била критикувана и поради тоа не била повторно спроведена. Изданието од 1966 била местото на соперништво помеѓу Рајмон Пулидор и Жак Анкетил, кое ја поделило Франција. Во 1969, завршницата на трката за првпат била преместена на Кол д’Ез. Жан Лелиот умрел во 1982 и неговата ќерка Жозета го наследила него на чело на Монде Сикс.

Шон Кели од Ирска ја освоил трката во 1988 по седми последователен пат; до 2013 го држи рекордот по број на победи. Во 2000, поранешниот велосипедист Лорен Фињон ја преземал организацијата на трката од семејството Лелиот. ВО 2002 ја продал Париз-Ница на ASO (компанија која го организира и Тур де Франс).

Во 2003, трката била обележана со смртта на казахстанскиот возач Андреј Кивилев по пад на втората етапа (до Сен Етјен). Кивилев не носел кацига и умрел истата ноќ. Следниот ден, групата се согласила да ја неутрализира третата етапа, која ја возеле со бавно темпо. Тркањето продолжило на четвртата етапа, кога победил сонародникот на Кивилев Александар Винокуров (кој ја поминал целта држејќи ја неговата слика).

Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места 
Алберто Контадор на Париз-Ница 2007

Пред неговиот почеток, изданието на трката во 2008 било обележано со проблем помеѓу организаторот на трката ASO и UCI. На 7 март, два дена пред почетокот, Пат Меквед (претседател на UCI) објавил дека екипите кои ќе учествуваат на трката ќе бидат суспендирани од UCI. Истиот ден, здружението на екипи (AIGCP) изгласало со мнозинство (15 гласа „за“ и 8 „воздржани“) да учествуваат на трката. Во меѓувреме, Арбитражниот суд за спорт (на кој се жалеле екипите) се прогласил за ненадлежен да суди во легалноста на казните кои може да бидат преземени против возачите или екипите.

Бои на маичките

Од 2008, предводникот на генералниот пласман носи жолта маичка. При создавањето на трката во 1933, водечката маичка била сина и златна (бои кои го претставувале средоземното сонце, кои останале до 1939). Во 1946, водечката маичка била зелена. Во 1951, организацијата започнала жолта маичка со портокалови точки; била променета како бела од 1955 до 2001. Во 2002, откако трката била преземена од Amaury Sport Organization, водечката маичка била жолта и бела до 2007.

Водечката маичка во бодовниот пласман била зелена од 1954 до 1984, додека од 1985 до 1996 немало бодовен пласман. До 1999 го имала истиот спонзор како жолтата маичка (Beghin-Say). Маичката била розова и виолетова во 2000 и 2001 и зелена и бела од 2002 до 2006.

Маичката за планинскиот пласман била бела со црвени точки (како таа на Тур де Франс) од преземањето на ASO во 2002. Пласманот бил воведен во 1952, а бојата на маичките била променувана неколкупати. Во текот на 1970-тите била жолта и црвена; подоцна била бела и виолетова. Во 1984 маичката станала жолта и сина (боите на спонзорот Кредит Лионе); следната година била сина. Агригел станал нејзин спонзор во 1990 и ги сменила боите во жолта и сина.

Маичката за најдобар млад возач била бела од 2007; била сина и бела од 2002 до 2006.

Места

Почетоци

До 1962, трката започнувала од Париз. Од 1963, трката започнала од најмалку 22 различни места. Најмногу започнувала од регионот Ил де Франс, вклучувајќи девет пати од Иси ле Мулино (1980, 1983, 1984 и 2002–2007) и шест пати од Фонтени су Боа (1975 и 1991–1995). Во 1982, трката започнала од Луинњ, во белгиската покраина Хено. Трката се вратила во Париз во 1986, 1987, 1989, 1990 и 2000. Четири други градови надвор од областа на Париз биле домаќини на почетокот на трката: Вилфранш сур Сон во 1988, Шатору во 1996, Невер во 2001 и Амили во 2008.

Завршници

Завршницата на последната етапа од Париз-Ница била во Ница од 1933 до 1968 (на Кејот до 1939 и на Англиското шеталиште од 1946 до 1968. Помеѓу 1968 и 1995, трката завршувала со хронометар до Кол д’Ез, освен во 1977 кога лизгањето на земјиштето го блокирало патот. На првите пет завршници до искачувањето се бореле борби помеѓу Еди Меркс и Рајмон Пулидор, Меркс ги победил првите три, додека Пулидор следните две. Пулидор поставил рекордно време од 20:04 на искачувањето во 1972. Јоп Зутемелк од Холандија го освојувал искачувањето од 1973 до 1975, исто така освојувајќи ја и целата трка во 1974 и 1975. Го повторил подвигот во 1979, една година откако успеал во тоа неговиот сонародник Гери Кнетеман. Етапата била освојувана од ирски победник девет пати во текот на 1980-тите: од 1982 до 1988 Шон Кели победил на Париз-Ница седум пати, а на Кол д’Ез пет пати, уривајќи го рекордот на Пулидор во 1986. Стивен Роуш (победник во 1981) повторно ја освоил етапата во 1985, 1987 и 1989. Четири други победници на Кол д’Ез исто така ја освоиле и трката: Тони Ромингер во 1991 и 1994, Жан-Франсоа Бернар во 1992 и Алекс Циле во 1993. Во 1995, Владислав Бобрик го поразил Лорен Жалабер.

Во 1996, завршницата била преместена на Англиското шеталиште поради малиот број на гледачи на Кол д’Ез и да се искористи можноста за добивање средства од градот Ница. Во 1996 и 1997 последната етапа била хронометар низ улиците на Ница, освоен од Крис Бордман и Вјачеслав Екимов, соодветно. Од 1998 до 2011, последната етапа била друмска етапа почнувајќи и завршувајќи во Ница. Од 1998 до 2002 етапата завршила со спринтерска завршница, кога Белгиецот Том Стелс победил двапати. Во 2003, победникот од бегството Давид Бернабеу бил дисквалификуван поради допинг-тест. Од 2005 до 2011 последната етапа била ридеста, искачувајќи се на Кол де ла Порт, Ла Турбје и Кол д’Ез. Во 2007, Алберто Контадор го освоил првото место од Давиде Ребелин со напад на Кол д’Ез. Во 2012 трката се вратила со хронометар на Кол д’Ез, освоен од Бредли Вигинс, како и победа на целата трка.

Етапи

Ница била домаќин на најмногу етапни завршници (67 во 68 изданија); само трката во 1991 не завршила во Ница. Сен Етјен бил етапен град 58 пати, без прекин во периодот од 1935 до 1939 и од 1953 до 1995. Кол д’Ез имал 29 завршници, следен од Невер (20 завршници, особено во текот на 1930-тите, 1950-тите и 1990-тите), Манделе (17 од 1979 до 1995, вклучувајќи три на Кол ду Гран Дук), Вергез (15), Кан (14), Марсеј (13), Монсо ле Мин (12 од 1960 до 1966) и Маноск (10).

Додека планините биле традиционално избегнувани во планирањето на Париз-Ница, тие имаат растечко значење во трката. Покрај Кол д’Ез (кој бил домаќин на завршниците од 1969 до 1995), бројот на планински завршници пораснал во текот на 1980-тите. Мон Фарон (воведен во 1968) бил етапна завршница во 1974, 1975, 1986–1992, 2002, 2003 и 2005, додека Мон Венту во 1984, 1986 и 1987 и Кол ду Гран Дук во Манделе од 1991 до 1993. Трката во 1986 имала три планински завршници. Мон Серен во 2008 и Лур во 2009 биле две нови планински завршници; Лур никогаш претходно не бил искачуван на некоја друга голема трка.

Победници

Година Земја Возач Екипа
1933 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Белгија Шеперс, АлфонсАлфонс Шеперс Ла Франсез
1934 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Белгија Ребри, ГастонГастон Ребри Алсион
1935 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Франција Вито, РенеРене Вито
1936 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Франција Аршамбо, МорисМорис Аршамбо Мерсие-Хатчинсон
1937 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Франција Лапебје, РожеРоже Лапебје Мерсие-Хатчинсон
1938 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Белгија Лови, ЖилЖил Лови Пелисие-Мерсие-Хатчинсон
1939 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Франција Аршамбо, МорисМорис Аршамбо Мерсие-Хатчинсон
1946 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Италија Камелини, ФермоФермо Камелини Олмо
1951 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Белгија Декок, РожеРоже Декок Бертин
1952 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Франција Бобе, ЛујонЛујон Бобе Стела-Хурет
1953 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Франција Минш, Жан-ПјерЖан-Пјер Минш Арлижи-Хатчинсон
1954 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Белгија Импанис, РајмондРајмонд Импанис Мерсие-БП-Хатчинсон
1955 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Франција Бобе, ЖанЖан Бобе Л.Бобе-БП-Хатчинсон
1956 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Белгија Брујн, Фред деФред де Брујн Мерсие-БП-Хатчинсон
1957 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Франција Анкетил, ЖакЖак Анкетил Хелјет
1958 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Белгија Брујн, Фред деФред де Брујн Карпано
1959 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Франција Грачик, ЖанЖан Грачик Хелјет
1960 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Белгија Импанис, РајмондРајмонд Импанис Фаема
1961 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Франција Анкетил, ЖакЖак Анкетил Хелјет-Финсек
1962 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Белгија Планкерт, ЈозефЈозеф Планкерт Фландрија-Фаема
1963 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Франција Анкетил, ЖакЖак Анкетил Ст.Рафаел-Житан
1964 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Холандија Јансен, ЈанЈан Јансен Пелфорт-Соваж
1965 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Франција Анкетил, ЖакЖак Анкетил Форд-Житан
1966 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Франција Анкетил, ЖакЖак Анкетил Форд-Хатчинсон
1967 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Обединето Кралство Симпсон, ТомТом Симпсон Пежо-БП-Мишелин
1968 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Германија Волсхол, РолфРолф Волсхол Бик
1969 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Фаема
1970 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Фаемини
1971 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Молтени
1972 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Франција Пулидор, РајмондРајмонд Пулидор Жан-Мерсие-Хатчинсон
1973 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Франција Пулидор, РајмондРајмонд Пулидор Жан-Мерсие-Хатчинсон
1974 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Холандија Зутемелк, ЈопЈоп Зутемелк Жан-Мерсие-Хатчинсон
1975 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Холандија Зутемелк, ЈопЈоп Зутемелк Жан-Мерсие-Хатчинсон
1976 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Франција Лорен, МишелМишел Лорен Мико-Де Грибалди
1977 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Белгија Мертенс, ФредиФреди Мертенс Фландрија-Велда
1978 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Холандија Кнетеман, ГериГери Кнетеман ТИ-Рели
1979 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Холандија Зутемелк, ЈопЈоп Зутемелк Мико-Мерсие
1980 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Франција Дукло-Ласал, ЖилберЖилбер Дукло-Ласал Пежо-Есо-Мишелин
1981 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Ирска Роуш, СтивенСтивен Роуш Пежо-Есо-Мишелин
1982 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Ирска Кели, ШонШон Кели Сем-Франс Лоар
1983 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Ирска Кели, ШонШон Кели Сем-Франс Лоар
1984 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Ирска Кели, ШонШон Кели Скил-Сем-Рејдел
1985 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Ирска Кели, ШонШон Кели Скил-Сем-Рејдел
1986 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Ирска Кели, ШонШон Кели Кас-Мавик
1987 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Ирска Кели, ШонШон Кели Кас
1988 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Ирска Кели, ШонШон Кели Кас-Мавик
1989 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Шпанија Индураин, МигуелМигуел Индураин Рејнолдс
1990 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Шпанија Индураин, МигуелМигуел Индураин Банесто
1991 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Швајцарија Ромингер, ТониТони Ромингер Тошиба
1992 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Франција Бернар, Жан-ФрансоаЖан-Франсоа Бернар Банесто
1993 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Швајцарија Циле, АлексАлекс Циле ONCE
1994 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Швајцарија Ромингер, ТониТони Ромингер Мапеи-КЛАС
1995 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Франција Жалабер, ЛоренЛорен Жалабер ONCE
1996 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Франција Жалабер, ЛоренЛорен Жалабер ONCE
1997 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Франција Жалабер, ЛоренЛорен Жалабер ONCE
1998 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Белгија Ванденбрук, ФранкФранк Ванденбрук Мапеи-Брикоби
1999 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Холандија Богерд, МихаелМихаел Богерд Рабобанк
2000 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Германија Кледен, АндреасАндреас Кледен Тим Телеком
2001 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Италија Фриго, ДариоДарио Фриго Фаса Бортоло
2002 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Казахстан Винокуров, АлександарАлександар Винокуров Тим Телеком
2003 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Казахстан Винокуров, АлександарАлександар Винокуров Тим Телеком
2004 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Германија Јакше, ЈергЈерг Јакше Тим ЦСЦ
2005 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  САД Џулик, БобиБоби Џулик Тим ЦСЦ
2006 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  САД Лендис, ФлојдФлојд Лендис Фонак
2007 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Шпанија Контадор, АлбертоАлберто Контадор Дискавери Канал
2008 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Италија Ребелин, ДавидеДавиде Ребелин Геролштајнер
2009 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Шпанија Санчес, Луис ЛеонЛуис Леон Санчес Кес д’Епарњ
2010 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Шпанија Контадор, АлбертоАлберто Контадор Астана
2011 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Германија Мартин, ТониТони Мартин ХТЦ-Хајроад
2012 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Обединето Кралство Вигинс, БредлиБредли Вигинс Тим Скај
2013 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Австралија Порт, РичиРичи Порт Тим Скај
2014 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Колумбија Бетанкур, КарлосКарлос Бетанкур Аг2р-Ла Мондијал
2015 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Австралија Порт, РичиРичи Порт Тим Скај
2016 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Обединето Кралство Томас, ГерајнтГерајнт Томас Тим Скај
2017 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Колумбија Енао, СерхиоСерхио Енао Тим Скај
2018 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Шпанија Солер, МаркМарк Солер Мовистар Тим
2019 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Колумбија Бернал, ЕганЕган Бернал Тим Скај
2020 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Германија Шахман, МаксимилијанМаксимилијан Шахман Бора-Хансгрое
2021 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Германија Шахман, МаксимилијанМаксимилијан Шахман Бора-Хансгрое
2022 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Словенија Роглич, ПриможПримож Роглич Џамбо-Висма

Повеќекратни победници

Победи Велосипедист Изданија
7 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Шон Кели 1982, 1983, 1984, 1985, 1986, 1987, 1988
5 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Жак Анкетил 1957, 1961, 1963, 1965, 1966
3 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Еди Меркс 1969, 1970, 1971
Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Јоп Зутемелк 1974, 1975, 1979
Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Лорен Жалабер 1995, 1996, 1997
2 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Морис Аршамбо 1936, 1939
Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Рајмонд Импанис 1954, 1960
Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Фред де Брујн 1956, 1958
Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Рајмонд Пулидор 1972, 1973
Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Мигел Индураин 1989, 1990
Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Тони Ромингер 1991, 1994
Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Александар Винокуров 2002, 2003
Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Алберто Контадор 2007, 2010
Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Ричи Порт 2013, 2015
Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Максимилијан Шахман 2020, 2021

Победи по земја

Победи Земја
21 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Франција
14 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Белгија
8 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Ирска
6 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Холандија
Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Шпанија
Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Германија
3 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Обединето Кралство
Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Италија
Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Колумбија
Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Швајцарија
2 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Австралија
Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Казахстан
Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  САД
1 Париз-Ница: Историја, Бои на маичките, Места  Словенија

Надворешни врски

Tags:

Париз-Ница ИсторијаПариз-Ница Бои на маичкитеПариз-Ница МестаПариз-Ница ПобеднициПариз-Ница Надворешни врскиПариз-НицаДрумски велосипедизамЕтапна тркаФранцуски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Талат ЏафериПроливМеѓународен ден на трудотИзбирачко местоЦетиризинСписок на соработници со државна безбедностРеченицаБиполарно растројствоКалеш АнѓаЛевица (политика)ВселенаПоследици од глобалното затоплувањеЈоаким КрчовскиИталијаИзборна единица 1Димитар МиладиновЛила СтојановскаАрхангел МихаилДемографија на МакедонијаАутизамХемороидАна ФранкПечалбариМесечинаФранцијаПиринска МакедонијаФК Реал МадридКалендарШугаЕлектромагнетЈохан ТарчуловскиДНКТестостеронЗоран ЗаевПтициКрсте Петков МисирковАлтернатива (политичка партија)Оливера НиколоваСончев СистемМиом на маткаОпштина СарајМакедонски претседателски избори (2004)Ѓорге ИвановОпштина АеродромНикола КаревТунисХерпесМакедонски парламентарни избори (1990)ХристијанствоТамбура (македонска)Македонија во Втората светска војнаЗијадин СелаМарс (планета)ЛавТрајно македонско радикално обединувањеАнтифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија24 априлДоктор ОфболиПсоријазаРисШар ПланинаФилип ПетровскиРомбЛудвиг ван БетовенСложена реченицаИменкаРелигијаМакедонски парламентарни избори (2024)Марко ЦепенковТурцијаПартија за движење на Турците во МакедонијаВештачка интелигенцијаПроста реченицаЛанец на исхранаПадежСреден клеточен волуменИзборна единица 3Дијагонала🡆 More