Слободно Ѕидарство

Слободни ѕидари, масонство или масони (слободни ѕидари) е братска организација што се појавила кон крајот на XVI и почетокот на XVII век.

Масоните денес постојат во различни видови низ целиот свет, со членство од околу пет милиони луѓе (вклучувајќи околу 480.000 во Англија, Шкотска и Ирска, и нешто помалку од два милиони во Америка).

Слободно Ѕидарство
Масонскиот симбол,
се среќава со или без буквата G.

Сите видови масони делат исти морални и метафизички идеали, кои во најголемиот број случаи вклучуваат изјава за верување во Бог.

Братството административно е организирано во Големи ложи, а секоја од нив си има свои јурисдикции. Исто така постојат дополнителни тела, кои се организации што се во тесна врска со масоните, но со своја независна администрација.

Историја

Потеклото и првите почетоци на масонството е тема на дебатирање и претпоставки. Постојат некои докази кои укажуваат дека постоеле масонски ложи во Шкотска кон крајот на 16 век, а сигурни докази велат дека во Англија постоеле ложи кон средината на 17 век. Поемата позната како „Региус Манускрипт“ (или „масонски ракопис“) се датира од околу 1390 година, и тоа е најстариот познат масонски текст.

Слободно Ѕидарство 
„Гуска и скара“ (Goose and Gridiron), местото каде е формирана првата Голема ложа на Англија.

Првата Голема ложа, (Големата ложа на Англија), е формирана на 24 јуни 1717 година, кога четири постоечки ложи во Лондон се сретнале на заедничка вечера. После тој настан, останатите англиски ложи многу брзо се придружиле.

Големите ложи на Ирска и Шкотска се формирани во 1725 и 1736 година. Масонството е однесено и во британските колонии во Северна Америка во текот на 1730-те години, и таму се оформени различни локални Големи ложи. После осамостојувањето на Америка, Големите ложи на Америка се оформени во секоја држава. Оформена е и Голема ложа на САД, со Џорџ Вашингтон (кој бил член на ложата во Вирџинија) како прв Голем мајстор, но оваа идеја кратко траела. Повеќето Големи ложи не сакале да се приклучат во вакво тело.

Не постојат вистински разлики меѓу масонските практики на ложите во минатото и денес.

Најстарата надлежност во континенталниот дел од Европа ја има Големата ложа на Франција, формирана во 1728 година. Повеќето ложи од земјите од англиско говорно подрачје ги прекинале контактите со оваа ложа околу 1877 година—кога Големата ложа на Франција го сменила условот за своите членови во врска со верувањето во Бога, и го прифатила атеизмот.

Според ваквата историја, масонството се вели дека е составено од две гранки:

  • Големата ложа на Англија (UGLE), и
  • Големата ложа на Франција (GOdF).

Во повеќето латински земји доминира стилот на работа на Големата ложа на Франција. Во најголемиот дел од светот, доминира стилот на работа на Големата ложа на Англија, иако постојат ситни варијации.

Принципи и активности

Масоните често се нарекуваат „тајни здруженија“, со што се согласуваат и самите масони, велејќи дека тој термин повеќе одговара од терминот „езотериско здружение“, бидејќи поголемиот дел од нивните активности се тајни. Тајните активности во модерните масонски ложи се начините за препознавање меѓу членовите, како и одредени делови од ритуалите.

Зачленување

Слободно Ѕидарство 
Иницијација. 18 век

Кандидатот за масон мора да влезе во ложата од неговата држава. Треба да биде прашан од веќе постоечки член, дали сака да биде масон. Доколку се согласи, станува кандидат за член. Во некои ложи се практикува можниот кандидат да биде прашан трипати. Останатите членови го одобруваат неговото членство со ставање на „бели топчиња“ во кутијата за гласање. Доколку се појави едно „црно топче“, кандидатот ќе биде одбиен. Бројот на негативни гласови за одбивање на кандидат не е ист кај сите ложи, но најчесто еден глас против е доволен.

Општи услови

Општите услови за станување масон се:

Слободно Ѕидарство 
Медал издаден од страна на масонската ложа "Вистина - La Verite" од Скопје, која е под обединенција на Великиот Ориент на Франција
  • Стапување во организацијата по своја слободна волја.
  • Верба во Врховно битие. (Се остава простор за толкување на обликот на битието)
  • Возраст од најмалку 18 години (или 25 години во зависност од правосудството на државата).
  • Добро реноме, добри морални вредности.
  • Да биде психо-физички здрав. (Во минатото, ложите ги одбивале кандидатите кои имале физички недостатоци).
  • Да биде роден како слободен, не како роб. (Некои ложи го исфрлиле овој услов.)
  • Да биде способен да ги прифати карактерните правила на ложата, кои зависат од ложа до ложа.

Отстапувањето од една или повеќе од овие услови се смета за показател за неправилна масонска организација. Сепак, може да се отстапи од некои од овие услови во случај на син на масон, кој може да биде примен во организацијата пред да наполни 18 години.

Во некои Големи ложи во САД од кандидатот се бара претходно да живее според правилата на масонската организација минимум шест месеци.

Религија

Од кандидатот се бара да изјави дека верува во постоење на Бог. Сепак, масоните отворено изјавуваат дека не претставуваат религија. „Не постои одреден масонски Бог“, ниту посебно име за него за потребите на масоните.

Кандидатот треба да верува во Бога, но оставено е на него самиот како ќе го објасни и како ќе го нарече својот Бог. Ова значи дека масони можат да бидат припадници на сите религии: христијанство, јудаизам, ислам, будизам, хиндуизам, итн.

Сепак, масонските организации во Скандинавија примаат само христијани во своите редови.

Жени

Од 1723 година, прифатено е дека масон може да биде само маж. Најголемиот број масонски ложи не примаат жени во своите редови. Сепак, пред 1723 година, постојат неколку жени кои станале масони. Во денешно време, жените си форимираат свои ложи по углед на машките, и ги практикуваат истите ритуали. Женските масонски организации ги има низ цел свет.

Критики и спротивставување

Анти-масонеријата се состои од радикално различни критики на неупатени групи, кои најчесто се во непријателство со масоните заради нешто. Тука спаѓаат религиозните групи (римо-католици и евангелисти), политичките групи (социјалисти и комунисти)[се бара извор], како и теоретичарите за светски заговор.

Противниците ги сметаат масоните за зла моќ.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски


Tags:

Слободно Ѕидарство ИсторијаСлободно Ѕидарство Принципи и активностиСлободно Ѕидарство ЗачленувањеСлободно Ѕидарство ЖениСлободно Ѕидарство Критики и спротивставувањеСлободно Ѕидарство ПоврзаноСлободно Ѕидарство НаводиСлободно Ѕидарство Надворешни врскиСлободно Ѕидарство16 век17 векАмерикаАнглијаИрскаШкотска

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Општина ЛипковоЦрвена Вода (Скопско)МалтаКирилицаМакедонски народни инструментиПрсти на рацетеАлександар ДаштевскиЈордан МијалковЛевица (политичка партија)ИлеусИзраелТурцијаЕгипетСтадион Рајко МитиќАлександар КирацовскиИсламПиперПропорционална застапеностИталијаВоен конфликт во Македонија (2001)Васил ТупурковскиМакедонски парламентарни избори, 1990Лила СтојановскаЛарингитисМакедонциГитараНикола ГруевскиСтарословенска азбукаОкеанографијаХрватски месециОпштина ШтипКостадин КостадиновТунисИсторија на македонскиот народСреден векПланетаСоединети Американски ДржавиРелигијаБлагој ДавковГоран СтефановскиВласиБроеви во македонскиот јазикВлада на МакедонијаХари КостовВласите во ГрцијаАфионСписок на архаични зборови во македонскиот јазикЛокални избори во Македонија (2005)Масакр кај ВејцеГолеми и мали (роман)Јоаким КрчовскиМакедонски претседателски избори, 1999Патишка РекаГрад СкопјеНикола КљусевПирамида (геометрија)ХемороидВелија РамковскиВлада на Македонија од 1992ОНАЗагрозен видДел-реченицаРамиз МеркоМакедонска револуционерна организацијаКумановоСкендербегБраќа МиладиновциЈордан Поп Јорданов - ОрцетоГордана ЈанкулоскаИнтернетГрб на МакедонијаПиринска МакедонијаПанонски легендиОпштина Крива ПаланкаОпштина БитолаДржавна химнаТамбура (македонска)Партија за целосна еманципација на Ромите🡆 More