Тропска Кожна Болест

Тропска кожна болест (исто позната како фрамбезија тропика, тимоза, полипапилома тропикум, паранги, буба, фрамбезија, и пиан) — тропска инфекција на кожата, коските и глуждовите предизвикана од спирохетската бактерија Трепонема палидум пертену.

Болеста започнува со кружен голем оток на кожата, со пречник од два до пет сантиметри. Средината може да се отвори и да формира чир. Овие првични лезии на кожата се лечат по три до шест месеци. По повеќе недели до години, глуждовите и коските стануваат болежливи, се развива замор, и може да се појават нови кожни лезии. Кожата на дланките и на табаните од стапалата може да потече и да пукне. Коските(посебно на носот) може да се изобличат. По пет или повеќе години може да се појават големи површини на мртва кожа проследена со лузни.

Тропска кожна болест
Тропска Кожна Болест
Nodules on the elbow resulting from a Treponema pallidum pertenue bacterial infection
СпецијалностЗаразна болест Уреди на Википодатоците
Тропска Кожна Болест    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).

Фрамбезијата се пренесува преку директен контакт со течноста од лезијата на заразеното лице. Контактот вообичаено не е од сексуална природа. Болеста е најчеста кај децата кои ја пренесуваат играјќи си заедно. Други сродни трепонемални болести се бејел (Трипонема палидум ендемикум), пинта (Трипонема палидум каратеум), и сифилис (Трипонема палидум палидум). Тропската кожна болест често е дијагностицирана според изгледот на лезиите. Тестовите за крв антитела можат да бидат од корист, но не можат да ги прават разлика помеѓу претходните и сегашните инфекции. Дијагнозата најточно се востановува со верижна реакција на полимераза (ВРП).

Превенцијата делумно вклучува лекување на оние кои ја имаат болеста, со што се намалува ризикот од преносливост. Во случаи каде што болеста е честа појава, најефективно е лекувањето на целата заедница. Со подобрување на чистотата и хигиената, исто така ќе се намали ширењето. Третманот обично се состои од антибиотици, вклучувајќи: ацитромицин орално или бензатин пеницилин преку инјекција. Без третман се јавуваат физички деформитети кај 10% од случаите.

Тропската болест е честа во најмалку 14 тропски држави од 2012 година. Заразата ги напаѓа само луѓето. Во 1950-тите и 1960-тите, Светската здравствена организација (СЗО) речиси ја искорени фрамбезијата. Оттогаш бројот на случаи е зголемен и СЗО повторно се обидува да ја искорени заразата до 2020 година. Последната проценка на бројот на заразени беше повеќе од 500.000 во 1995 година. Иако еден од првите описи на оваа болест е направен во 1679 година од страна на Вилем Писо, археолошките истражувања покажале дека е можно фрамбезијата да била присутна меѓу луѓето пред околу 1,6 милиони години.

Наводи

Tags:

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Васко НаумовскиВтора светска војнаВртоглавицаГордана СилјановскаЛокални избори во Македонија (2021)Сирма ВојводаДУИАрбен ЏафериХазби ЛикаГустав ШвабЗвездана АнгеловскаМарк ТвенБели мугриНилБитка во АрачиновоАцо ШоповОпштина ГостиварДелчевоТетовоДржавни празници во МакедонијаПриродни ресурсиСвети Климент ОхридскиВелесЉубчо ГеоргиевскиВидови аглиОпштина ДојранНАТОСуперхеројПрво заседание на АСНОМОпштина СарајСрпска странка во МакедонијаКамен мост (Скопје)Општина ДолнениСветлана МојсовКирил ПејчиновиќАнархизамШестаголникЃорче ПетровКочаниДрачевоЗНАМСлавко ЈаневскиВанчо ШехтанскиЖивотниВелигденЦентар Жупа24 априлМакедонски претседателски избори, 2004Град СкопјеСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаМакедонски хумористични народни приказни (книга)Магнетна резонанцијаЛатвијаБојан ЈовановскиМиле ЗечевиќМасакр кај ВејцеВилма ТрајковскаЛимонДаниела ТемелковскаСвети Наум Охридски ЧудотворецЃорѓија СајкоскиЗа наша МакедонијаПрва влада на Зоран ЗаевЗоран ДамјановскиЕмил ДимитриевИзборна единица 7АутизамХераклеја ЛинкестисБубрегВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)ПретседателЕвроТунисПретседател на МакедонијаШишман АнгеловскиПетар Поп АрсовОхридска пастрмка🡆 More