Бисерка

Бисерка (науч. Numida meleagris) — најпознат член на семејството кокошковидни птици, и единствен член на родот бисерки (Numida).

Бисерка
Бисерка
Птица во Серенгети, Танзанија
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Кокошковидни
Семејство: Бисерки
Род: Бисерка
Linnaeus, 1764
Вид: Бисерка
Научен назив
Numida meleagris
(Линеј, 1758)
Бисерка
Јајце во Музејот Тулуз.

Се сретнува во Африка, јужно од Сахара, и по вештачки пат е населена на Западни Инди, Бразил, Австралија и јужна Франција.

Таксономија

Бисерка 
Исчезнатиот вид N. m. sabyi.

На почетоците на доселувањето на Европејците во Северна Америка, домороден вид на дива мисирка (Meleagris gallopavo) била поистоветувана со бисерката. Зборот meleagris, на старогрчки јазик значи кокошковидна, и се користи во научното именувње на овие два вида на птици.

Подвидови

Познати се девет подвидови:

Опис

Бисерка 
Бисерка, Змејски планини, Јужна Африка

Бисерката е птица со големина од (53–58 cm) кружно тело и мала глава. Постигнуваат тежина од 1,3 кг. Перјата на телото се сиво-црни ишарани со бели точки. Како и кај останатите кошковидни видови, кај овој вид главата е без пердуви, во овој случај украсена со едноставен жолт или црвен коскен израсток, и црвено и сино обоени парчиња на кожа. Крилјата се куси и заоблени, а опашката е куса. Предложени се различни подвидови, при што разликите се претежно во раазличната големина облик и обоеност на шлемот и израстоците на лицето.

Поведение и екологија

Бисерка 
Пилиња со возрасна единка, Змејски планини, Јужна Африка

Станува збор за друштвен вид на птица, која образува јата надвор од сезоната на размножување и истите се состојат од 25 птици кои ноќеваат заедно. Бисерките се прилагодени да се хранат со големи количества на крлежи, кои во спротивно би ја ширеле лајмската болест. Овие птици се копнени, и тие пртпочитаат да трчаат наместо да летаат кога се вознемирени. Како и повеќето друштвени птици, тие имаат куси краткотрајни летови и претпочитаат да едрат за да изминат подолги растојанија. Бисерките се одлични тркачи, и можатм да изминат и преку 10 км во еден ден. Овие птици испуштаат груби гласни тонови кога се вознемирени. Нивната исхрана се состои од ралична храна од животинско и растително потекло, семиња, овошки, зеленило, полжави, пајаци, црви и инсекти, жаби, гуштери, мали змии и мали цицачи. Бисерките имаат силни канчи со кои претаат воо почвата во потрага по храна на начин на кој тоа го прават кокошките, иако неретко знаат да одкоренат и цели растенија. Како ки кај сите видови на бисерки, тие немаат заден прст.

Бисерка 
Бисерка во Зоо Скопје.

Мажјаците четопати покажуваат агресија кон други мажјаци, која доведува до крволочни борби при што мажјаците најчесто имаат повреди и крвави рани. Обидите себеси да се претстават застрашувачки е кога ги поткреваат нивните крилја одстрана нагоре и ги накоштренуваат пердувите по должина на телото, или пак се затрчуваат нанапред со отворен клун. Гнездото е добро сокриено, вообичаено издлабена дупка во која се снесуваат 6-12 јајца, кои женката ги квачи 26–28 денови. Гнездата кои содржат поголем број на јајца се користат од повеќе женки и можно е дел од јајцата да не се испилат поради неможноста една единка да ги квачи сите јајцља истовремено.

Домашните единки, се познати по тоа што несат јајца со подебели лушпи, кои целосно се распарчуваат при изведувањето, наместо да останат два поголеми делови и мали делчиња каде пилето отстранило дел од лушпата. Забележано е дека припитомените бисерки не се најдобри мајки, честопати знаат да ги напуштат своите гнезда. Пилињата се обоени замајувачки и брзиот раст на крилјата им овозможува да одлетаат до ниските гранки само една недела по изведувањето. Овие бисерки можат да живеат и до 12 години во дивината.

Размножување

Бисерките се птици кои се размножуваат сезонски. Летото е периодот кога птиците активно се размножуваат и во овој период тестисите на мажјаците достигнуваат тежина од 1,6 g, но во зимата нема никаква активност. Нивото на тестостеронот во крвта е околу 5,37 ng/ml во периодот на сезоната за размножување.

Живеалиште

Бисерка 
Глава на возрасна единка.

Се размножува, во доста суви и ливадски живеалишта низ кои има грмушки и дрвjа како што се саваните и земјоделското земјиште. Јата на бисерки се забележани во последните години во јужните предградија на Кејптаун, при што се навикнале да живеат во тие услови. Јата се движат пополека по должината на понепрометните приградски патишта, барајќи храна на со трева обраснатите тротоари и во градините каде ниските огради обезбедуваат птиците да не се чувствуваат одвоени од јатото. Најчесто ноќеваат на покривите на бунгаловите. Иако месните жители го ценат месниот див животински свет, тие можат да пречат во сообраќајот, и да прават голема бучава рано наутро. Нивниот успех се должи на животот на јато, при што се бранат од напади на мачки,не влегуваат во градини со кучиња, и се забележливи на прометните патишта покрај кои живеат. Иако многу од младенчињата паѓаат во одводите на канализацијата, а јатото ги остава нивниот број не се намалува значително. Возрасните едники понекогаш се ловат и се дел од исхраната на бездомниците.

Припитомување

Бисерката честопати се припитомува, и токму овој вид се продава во западните земји.

Бисерката како тема во уметноста

  • „Кокошката и бисерката“ – приказна на африканското племе Свахили.

Наводи

Дополнителна книжевност

Надворешни врски

Tags:

Бисерка ТаксономијаБисерка ОписБисерка Поведение и екологијаБисерка РазмножувањеБисерка ЖивеалиштеБисерка ПрипитомувањеБисерка та како тема во уметностаБисерка НаводиБисерка Дополнителна книжевностБисерка Надворешни врскиБисеркаАвстралијаАфрикаБиномна номенклатураБразилЗападни ИндиКокошковидниПтициСахараФранција

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Катица ЈаневаГРОМОпштина Ново СелоГајдаАлцхајмерова болестКарлес ПуџдемонГордана СилјановскаМакедонски парламентарни избори, 2006Македонски парламентарни избори (1986)Бујар ОсманиБогородицаМакедонски претседателски избори (1994)ПрилепДекамеронОпштина НовациВтора влада на Никола ГруевскиПрекршување (физика)ФлораМакедонциКаролина Ристова - Астеруд20000 милји под моретоЛокални избори во Македонија (1996)ВелигденХолокаустВасил ИљоскиМаксим ДимитриевскиГемиџииСписок на градови во МакедонијаКатерина ШехтанскаАрмија на МакедонијаСловенска митологијаОпштина ВелесПредмет (граматика)Ѕвезда од КутлешТриаголникСписок на градоначалници во МакедонијаХристијанствоМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаНационален парк ПелистерРамиз МеркоДедо Иљо МалешевскиПсоријазаПетар ПанАцо ШоповШармери од осмоПартија за целосна еманципација на РомитеИлеусЛокални избори во Македонија (2009)Земја (планета)Список на дипломатски претставништва на МакедонијаМакедонски парламентарни избори (1994)АвангардаЈордан Хаџи Константинов-ЏинотЕвропска УнијаХрватски месециСоцијалистичка партија на МакедонијаВикипедијаЧенто (населба)Влада на Димитар КовачевскиМакедонски парламентарни избори, 2014ДелчевоРастенијаВостание на СкендербегБиљал КасамиМагнетМакедонски јазикТапанСолунски атентатиАнтички МакедонциКонтинентРимско ЦарствоИзборна единица 3Македонски парламентарни избори, 1998Клеопатра🡆 More