Кокошковидни: ред птици

Кокошковидни (науч. Galliformes) — ред птици со крупно тело, каде спаѓаат: кокошките, мисирките, тетребите, фазаните и еребиците.

Кокошковидни

Името им доаѓа од лат. "gallus," — петел. Во овој ред има околу 290 вида птици распространети низ целиот свет. Некои од нив со тек на време станале домашна живина.

Кокошковидни
Период: еоцен-холоцен
Кокошковидни: Опис, Наводи, Надворешни врски
Цејлонски див петел (Gallus lafayetii)
Научна класификација [ у ]
Класа: Птици
клад: Нововилични
Ред: Кокошковидни
Temminck, 1820
Семејства (денешни)
    • тумбарки
    • краксови
Синоними

Gallimorphae

Опис

Големината на овие птици варира од 12,5 до 120 см и тежина од 28 g до 14 кг. Повеќето кокошковидни се птици со дебелко тело, дебел врат и средно долги нозе и имаат кратки заоблени крила. Иако многу од нив се лоши летачи, сепак не постои вид од овој ред што не може да лета. Возрасните мажјаци често имаат една или неколку остри мамузи на секоја нога кои ги користат во борба. Половиот диморфизам е изразен кај повеќето видови. Кокошковидните се обично седентарни птици, но има некои од помалите видови, како потполошката која е преселница. Се хранат со растенија, но почесто се сештојади, и тие видови се набиени со кратки и дебели клунови. Младенчињата се хранат со инсекти. Кокошковидните обично се полигамни и несат по повеќе од 10 јајца. Младенчињата многу брзо растат.

Кокошковидни: Опис, Наводи, Надворешни врски 
Дива мисирка

Семејства и потсемејства

  • семејство † Paraortygidae
  • семејство † Quercymegapodiidae
  • семејство † Sylviornithidae
  • семејство Megapodidae — тумбарки
  • семејство Cracidae — краксови
  • натсемејство Phasianoidea
    • семејство † Gallinuloididae
    • семејство Odontophoridae — забоклуни потполошки
    • семејство Numididae — бисерки
    • семејство Phasianidaeфазани, еребици и сродници
      • потсемејство Arborophilinae
      • потсемејство Coturnicinae
      • потсемејство Pavoninae
      • потсемејство Gallininae
      • потсемејство Meleagridinaeмисирки
      • потсемејство Perdicinae
      • потсемејство Tetraoninae — тетреби
      • потсемејство Phasianinae — вистински фазани

Наводи

Надворешни врски


Tags:

Кокошковидни ОписКокошковидни НаводиКокошковидни Надворешни врскиКокошковидниБиномна номенклатураРед (биологија)

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Грчка кујнаДебарМакедонска кујнаРоми обединети од МакедонијаБојан ЈовановскиПубертетЕпилепсијаЈугославијаДудукНикола ТеслаМакедонски парламентарни избори (2002)Народна федеративна партијаВитамин Б6Дискус хернијаРак на панкреасотМакедонски парламентарни избори, 2011Локални избори во Македонија (2017)РециклирањеАвионВтора влада на Зоран ЗаевПрва влада на Зоран ЗаевМакедонско прашањеМалиот принцРелигијаБиблијаРастенијаГалвански елементАвтомобилБогородицаАртан ГрубиСтепски ВолкСписок на држави во светотÈ (кирилица)Последици од глобалното затоплувањеСлавко ЈаневскиПланетаЈужна АмерикаНародна Република КинаПролетЗемја (планета)ШахМасакр кај КарпалакБеровоХрватски месециСтарословенска азбукаЕјакулацијаЗнаме на МакедонијаСтрашо ПинџурДиносаурусЕкологијаОпштина КумановоСкратеници во македонскиот јазикПреспански договорЃорче ПетровМакедонски претседателски избори, 1999Христо ТатарчевЕвангелие според ЈованСојуз на Ромите од МакедонијаАлександар КирацовскиСредоземно МореЗборник на МиладиновциХематокритЕлектромагнетИранДемир ХисарСреден клеточен волуменДенес над МакедонијаВештачка интелигенцијаНедостиг на вода во ИранЛионел МесиСипанициИзборна единица 7Список на политички партии во МакедонијаМобингДемократска партија на АлбанцитеСписок на змии во МакедонијаСончев СистемВадиНационален парк Шар Планина🡆 More