Црква „Св. Ѓорѓи“ - Врбјани: црква во Врбјани, Дебрца

Св.

Великомаченик Ѓорѓи — црква во охридското село Врбјани, Општина Дебрца. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.

Црква „Св. Ѓорѓи“ - Врбјани: Историја, Архитектура, Живопис
Црква „Св. Ѓорѓи“ - Врбјани: Историја, Архитектура, Живопис
Света Ѓорѓи
Црква „Св. Ѓорѓи“ - Врбјани: Историја, Архитектура, Живопис

Фреска со св. Сава и св. Симеон

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Годивска
Местоположба
Координати 41°25′14″N 20°47′34″E / 41.42056° СГШ; 20.79278° ИГД / 41.42056; 20.79278
Место Врбјани
Општина Дебрца
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Изградба 1322 - 1340?
Осветување 1605
Живопис 1605
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабен

Историја

Според преданијата, црквата е градена од 1322 до 1340 година, и требало да биде осветена во 1345 г. од охридскиот архиепископ Николај I, но тој откажал бидејќи бил повикан да го круниса Царот Душан во Скопје. Потоа црквата останала неосветена речиси три века, сè до изработката на живописот во 1605 г. Други оваа година ја сметаат за датумот на подгање на храмот.

Архитектура

Ова е гробишен храм сместен на возвишение во северозападниот дел на селото. Претставува еднокорабна градба од кршен камен со полукружен свод. Тристраната апсида на исток е изградена од бигор. Во внатрешноста на северниот и јужниот ѕид има длабоки ниши.

Во 1995 г. е извршена целосна реконструкција на покривот. На 30 јуни 2019 г. е извршено преосветување на светиот престол во храмот од митрополитот Тимотеј Дебарско-кичевски.

Живопис

Црквата е живописана во 1605 г. според зачуваниот натпис. На вториот натпис сместен во олтарниот простор се испишани имињата на дарителите и мајсторите.

На северниот ѕид на храмот се претставени Свети Наум Охридски Чудотворец како архијереј и Свети Кирил Философ, а на јужниот се насликани Свети Ахил Лариски и Свети Прохор Охридски. Сите овие светци се особено почитувани од Охридската апхиепископија, а Прохор е еден од најпосветените охридски архиепископи, кој ја возглавувал од 1528 до неговата смрт во 1550 г. Под сликата на св. Прохор се претставите на Свети Сава Српски и Свети Симеон, со што ктиторот можеби сакал да го нагласи приматот на Архиепископијата во однос на српските епархии.

Во 1903 г. црквата изгорела заедно со целото село при задушувањето на Илинденското востание. Иконостасот е обновен во 1916 г. од зографот Ѓорѓи Андонов.

Слики

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Црква „Св. Ѓорѓи“ - Врбјани ИсторијаЦрква „Св. Ѓорѓи“ - Врбјани АрхитектураЦрква „Св. Ѓорѓи“ - Врбјани ЖивописЦрква „Св. Ѓорѓи“ - Врбјани СликиЦрква „Св. Ѓорѓи“ - Врбјани ПоврзаноЦрква „Св. Ѓорѓи“ - Врбјани НаводиЦрква „Св. Ѓорѓи“ - Врбјани Надворешни врскиЦрква „Св. Ѓорѓи“ - ВрбјаниВрбјани (Охридско)Дебарско-кичевска епархијаКултурно наследство на МакедонијаМПЦ - ОАОпштина ДебрцаОхридскоОхридско архијерејско намесништвоЦрква (градба)

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Четврта влада на Никола ГруевскиМакедонски јазикХоландијаДвижење БесаВојдан ЧернодринскиТодор АлександровДиво месо (драма)Општина Маврово и Ростушеr9bf6Рак на грлоЧаирОпштина СарајГипсМалтаПустина (роман)ЕпилепсијаНародна Република КинаНадбубрежна жлездаБлогДен на независноста на МакедонијаИнфективна мононуклеозаФјодор Михајлович ДостоевскиЕкосистемКиро ГлигоровИзборна единица 4Либерална партија на МакедонијаЛиберално-демократска партијаМакедонски парламентарни избори (2006)ТоксикологијаПрва влада на Зоран ЗаевВасил ИљоскиТигрица (птица)Национални паркови во МакедонијаТуберкулозаРевматоиден артритисКрвна групаБорис Трајковски26 априлВоен конфликт во Македонија (2001)Глас од МакедонијаРастенијаАутизамАлжирОбласти во КазахстанЧарлс IIIАлександар Митевски (пејач)Охридски рамковен договорСојуз на комунистите на МакедонијаВенециско биенале за архитектураМакедонски претседателски избори, 2009ТапанИлинденско востаниеВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаРак на дојкаХепатит ЦГлас за МакедонијаТестостеронФудбалГрипКирил ПејчиновиќВикипедијаДржавни празници во БугаријаВелесПартија за демократски просперитетБраиловоДимитар КовачевскиЧовечко телоВелигденХипотироидизамМасакр кај ВејцеОхридско ЕзероМакедонски денарОпштина Ѓорче ПетровКокошкаСтево ПендаровскиСоцијалистичка партија на МакедонијаБожествена комедијаИшијас🡆 More